Значи, да повториме...
Во ситуација кога ниедна земја на светот НЕ може да има апсолутна сопственост врз хералдички симбол, како што е сонцето од Кутлеш, на пример, сдсм решија да го игнорираат тој факт, и онака добродушни, да им го отстапат на грците, БЕЗ никаква консултација на јавното мнение.
Значи направија нешто, што поради ниедна здраворазумска причина, НЕ беа приморани да го направат.
А, има уште едно прашање...
Зошто не го искористија периодот до '93., односно пред спорот со Грција да добие сериозни димензии, за да аплицираат за прием во ОН под името Македонија и да ги започнат евро-интеграциските преговори?
Тоа го направија сите земји од регионот (поточно оние од екс-комунистичкиот блок)
Што Глигоров и Бранко чекаа, и зошто испуштија 2 години, без да ја искористат статус-кво позицијата со Грција?