Divider
Seraphim
My country, my destiny!
P.S. I Svetko e predavnik!
P.S. I Svetko e predavnik!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
[FONT=Arial, Arial, Helvetica]Right or Wrong, My Country![/FONT]
Ако више збориме озбилно...Најсоодветна, односно најсуштинска максима ми е онаа на Дамјан Груев:Јас прашувам што можам да сторам за мојата татковина...ама таа нема поим!
Затоа додека не и притекне се борам за нејзиното добро онака како што јас мислам дека е најумно, бидејќи алтернативата е да седам и кукумјавчам, што за мене е несвојствено!
Или Адуле не се сложуваш??
Знам дека е безобразно да одговараш без да те прашаат, ама ќе кажам: ти не прашуваш дали знае што е ова или она, туку прашуваш: ’дали го знаеш тоа јас што го знам и внимавај тоа да биде онака јас како што знам’. Од старт тоа не е рамноправна дискусија, бидејќи ти се поставуваш како авторитет по тоа прашање а тоа e одлична алатка за..пропаганда?
Според тебе ниту личноста, ниту народот не е битен. За која идеја зборуваш, а што е побитно, кој тоа е создавач, носител и остварувач на идеи?Идејата е битна, не личноста или народот. Овој народ треба да се надмине себеси и да цели кон идејата, не кон себе, оти така само се отуѓува, се поделува, се крши. Притоа, начините се разликуваат за остварување на таа идеја, па тепајте се со нив, не со личностите.
Навистина не може да ми текне зошто ги прави предавници оние кои не си го ценат идентитетот, вадат бугарски пасош и напорно им е да си ја сакаат својата земја. Навистина не знам зошто да ве прави предавници.Па што ако некој не ја цени владата, не смета дека Александар е Македонски, смета дека името треба да се промени, или вади бугарски пасош? Може да стане напорно толку многу да ја сакаш својата земја да мораш да бидеш лојален и да немаш лоша мисла. Создава стрес, а стресот е контрапродуктивен. Дозволете си да отерате у пичку матер ако ви доаѓа. Зашто тоа да не прави предавници?
Зошто ти одиш на играчот, а не на топката притоа советувајки други тоа да не го прават.Зошто одите на играчот, а не на топката?
Подобро ќе функционира земјата и државата ако се ослободи од тој патриотски товар и се позанимава со стварните проблеми и како да се решат, и проблемите и дилемите и конфликтите.
Дивајн,
Бидејки самата напомена дека се наоѓаш себеси во постот ми дава право да заклучам дека репликата ти произлегува повеќе од природата на повредена суета отколку од резонирање и размисла.
Да сумираме:
Резултатот излезе дека е македонско мнозинство, а не предавник.
Зошто ова не го виде? Што те спречи?
Мојот текст беше, од една страна, да се укаже на невистинитоста на поставените аргументи кои повеќе звучат како производ на опозициска политика (политички пароли наменети за политичка борба) да не речам политичка пропаганда на опозицијата. Од друга страна беше показател колку лесно можат да се лепат етикети.
Дали знаеш што е стадо ефект?
Дали разбираш што е општествен инженеринг?
Дали знаеш што е утилатеријанистички конзервативизам или каков било конзервативизам? Социјалдемократија? Либерална демократија? Објективизам, либертаријанизам?
Дали знаеш што е Левијатан, Паренс Патрија и државизам?
Дали знаеш што е слобода и индивидуализам?
Дали знаеш што е демократско општество и уредување? Од што е обусловено?
Внимавај како ќе си одговориш себеси бидејки ниедно од поставените прашања не е толку едноставно колку што звучи. Тие кои читаат што пишувам имаат генерална идеа околу овие прашања. Цврсто сум убеден дека не ги знаеш. Инаку не би ми реплицирала. Не ги познава ниту личноста „Мали“ ама тоа не го спречува да плука и оцрнува, но не е само тој. Не ги познаваат ни мнозинството од населението и тоа оној дел кој треба барем нешто да знае бидејки припаѓа на образованите. Не ги познаваат ни оние кои ги нарекуваме политички естаблишмент.
Затоа оценката беше „македонско мнозинство“, а не предавник.
Веќе добивам впечаток дека е табу тема да се напише нешто добро за оваа влада на овој форум. Ќе ме сакате ли повеќе ако пишувам само тоа што ви годи да го прочитате?
Би те замолил да сториш мал, незначаен, напор за правилно да сфатиш што пишувам.
Поздрав:helou::smir:
Ти си го голтнал Гете во најдобрите години изгледа..
Предавник во Република Македонија е оној кој не плаќа редовно сметки на оваа држава,и не ги почитува во целост Законите.
Сите други ја претставиле на материјален и интелектуален начин својата љубов и почит кон својата материјална држава на овој материјален свет.
Човекот/ колегата Мали/нормално си се лути и мислам,дека има причина ,и скоро по сите изброени точки.Зошто да е предавник?Предавник си,ако излажеш некому довербата во тебе.На Балканот многу лесно го ставаме етикетот ПРЕДАВНИК на секого,со кого не се слагаме.:salut:
ДАЛИ СУМ ЈАС ПРЕДАВНИК!?
Ајде ботови, навалете!![]()