СП Хрватска 2009 - Данска : Македонија (20:15)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Aко играат добро како со Романија и Русија ќе победат.
 
Кире да изигра во својот препознатлив стил,да бидеме ефикасни од крилните позиции и секако агресивната одбрана се клучните елементи за победа!! Знам дека ќе го остават срцето на теренот без оглед дали водиме или губиме! ПОБЕДЕТЕ ЗА ТОШЕ!! НИЕДЕН ПОРАЗ НЕ СЕ БРОИ,ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ!

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe: :costumed2:costumed2:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Незнам како смее да се дрзне некој да ги нападне момците со навредливи зборови...одамна ме нема некој направено толку горд што сум Македонец освен девојките и момциве сега!
Без разлика дали ке игра Наумче или не, вечер мора да одиме на победа.
Мора да покажеме дека имаме муда, дека имаме срце, да престанеме како порано со бркање на противничките играчи да им се земе дресот, да покажеме од што сме направени.
Неиграњето на Наумче треба да биде поголем мотив за оставање на срцето на терен, очекувам Миркуловски конечно да проработи и да ја бутне тремата на страна. Диви МОРА да биде на голот, Борко е во очајна форма, а башка и многу е нешто дрзок и се прави паметен што не е на арно.
Данците се опасни нема потреба да се збори за нив, особено Хансен и Кристијансен, исто така и голманот Хвидт.
Срцее на тереееннн, алееа срцее на терееенн!! Да им приредиме телевизор во боја на Данциве!:tv:
Заедно со Тоше идеме на победа вечер!!!
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
И да не победиме денес, нема да сум разочаран...
Ако победиме вечер, а изгубиме со Србите - е тогаш ќе бидам разочаран! :)

Ама заради шансата што сме ја пропуштиле, а не од момците... Момците играат за секоја пофалба.
 
Нашава група најнеизвесна.
Секој може секој да го победи. Секој може од секој да изгуби.

Ќе има неизвесноти до самиот крај. Нијански ќе одлучуваат веројатно за полуфинале.

Ние вечер само добра игра да прикажеме.
И Кире да има добар ден. Вчера убаво го затворија. Шутот му беше лош. Кога Кире има лош ден, тоа е лош ден и за цела репрезентација.
Се надевам и Наумче дека ќе игра.
И се надевам на подобра одбрана.
Вчера игравме добро во одбрана во второ полувреме. Во прво катастрофа.

И најбитно вечер да има судии кои ќе судат исто и за двете екипи. Од нив најмногу се плашам

Идеме на победа:vozbud::vozbud::vozbud:
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Значи да расчистиме Наумче нема да настапи денес.
Се надевам дека ќе се смени тактика, бар да се испроба да се игра со три бека, значи без брз центар, па да се чува Миркуловски за второ полувреме.
 
Хвидт не е ништо подобар од Ангелов. На листа на најдобри голмани е одма под Петар. Хендикеп е без Мојсовски али па може и да го искористиме неговото неиграње затоа што он и Кире се најанализираните наши играчи од противничките екипи така да Данциве може лесно да бидат изненадени од Стоилов и Митков на пример доколку овие изиграаат на ниво.Лазаров ќе биде добро чуван,удвојуван,така што и тоа од една страна е потешко за нас но од друга исто може да го искористиме како предност со тоа што ќе се остава повеќе простор за останатите играчи.Али ипак мора да игра цел тим не само еден или двајца. Денес верувам даека ќе дадат се од себе, натпревар ту би ор нат.Ќе имаат оооогромна подршка од сите наши навивачи што се таму и сите македонци насекаде.Дај Боже да се повтори Русија. Единствено нешо шо ми набива нервоза е тоа како ќе се однесуваат судиите. Ипак Данска е име во ракометот. Да се надеваме дека ќе бидат фер и коректни па да победи подобриот. Уствари не.Да победиме ние:)
 
Еве неколку причини за денешна победа...

1.фер судење од судиите(иако не верувам).
2.Баз промашување пенали.
3.Без грешки во нападот,оти имаат перфеткна контра.
4.Многу агресивна обрана,одлични голмани!!
5.Миркулоски да се разбуди и да разигрува,навлегува,отвара простор!!
6.Добра тактика ,Кире да повлече игачи и друг да реализира..
7.Одлична игра на крилата..Темелков да нема страв а Алушевски и Макаловки да се менуваат во нападот!
8.Лавовска борба,срце на терен!!!
9.Изненадувања na лев бек со Стоилов,Лазаров да одмара во одбрана!!
10.Голема подршка од публиката(Македонци и Хрватите)

Само 80% од овие услови да се испполнат ќе победиме!!

АЈМО СИТЕ НА НОЗЕ!!!!!!!

СЕГА МУ Е МАЈКАТА!!!!!!!!

ШО би РЕКОЛ ИГОР ЏАМБАЗОВ!!:tv:
 
Само фер судење. Другото ке си дојде само по себе.:wink: Наумче ако не игра ке биде хендикеп,ама без секој се може. Вчера на Кире не му одеше и верувам дека денеска ке му тргне. Навивачите од трибините, роденденот на Тошка треба да им биде мотив повеке за подобра игра и победа.САМО ЈАКО МОМЦИ!
 
Да се биде или не е прашањето за денес...вчера полска ги тепаше данциве и тоа со 6 гола...а ние ја тепавме полска.Зашо да не ги победиме?Одбраната мора поубаво да гради и ние да напагаме малце и по левото крило дека од таму еднаш не видов да шутнеме...како и да е НАПРЕД МАКЕДОНИЈА :oeoeoe:
 
Опасно ќе биде за нас сега, било Србија, било Полска да победи сме во лоша ситуација.Единствено победа над Данска ни останува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom