Црвенковски, Бошкоски и Георгиевски се договарале за изборите!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Три дена пред службената посета на Италија претседателот Бранко Црвенковски имал тајна средба со Љубе Бошковски, претседателски кандидат и Љубчо Георгиевски, кандидат за градоначалник на Скопје.
Се разбира, тема на разговорите биле претстојните претседателски и локални избори и заеднички тактики против кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
Црвенковски ја ветил сета поддршка на сдсмовската партиска инфраструктура за собирање на потребните 10.000 потписи за поддршка на кандидатурата на Бошкоски. Главната цел на овој договор бил раздорот во гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ и евентуално идно формирање на уште една партија со предзнакот ВМРО.

Од друга страна пак, голем дел општински организации на СДСМ сè уште ги немаат доставено своите предлози за претседателски кандидат на оваа партија и сериозно размислуваат за Црвенковски. Според изворите, завчера во Гевгелија бил пратеникот Никола Ќурчиев, која важи за близок човек на Црвенковски и на состанок со раководството на општинската организација, се разговарало и за можноста Црвенковски да биде кандидатот на СДСМ. Во општинската организација на Крива Паланка, пак, членството и симпатизерите на СДСМ добиле инструкции да помогнат во собирање потписи за кандидатурата на Бошковски, а вакви инструкции добиле и други општински организации на СДСМ.

Во СДСМ вчера изјавија дека нема да го соопштат кандидатот за претседател сè до понеделник, кога партијата треба да одржи конвенција.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=298&ArticleID=16352

Сдсмовци бараат мислење од централата за поддршка на Бошкоски

Собирањето потписи за истакнување на претседателска кандидатура на сите оние кандидати што не им припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ тешко им оди. Можеби, како резултат на ова, зачестија информациите дека големите партии ќе помогнат во собирањето потписи на некој од независните кандидати, со цел на противникот да му се одземат гласови. Бидејќи тешко му одело собирањето потписи на Љубе Бошкоски, според овие шпекулативни информации, наводно, членови на СДСМ го помагале во тоа. Од СДСМ велат дека нивни членови засега не се потпишувале за Бошкоски, но имало јавувања во централата во врска со ова прашање.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=298&ArticleID=16360
 
д дрим тим а?....хахахаха ако сдс го поддржат љубе.... никој нема да гласа за него.
не дека вака ќе имаше гласачи... ама ќе се прелажеше некој .... ама со сдс и љубчо...:nesvest::nesvest::nesvest:

а и да... бане и љубчо се стари јарани, гарант ќе уговорат нешто. ич не се сомневам во нивните преговарачки способности...
 
Три дена пред службената посета на Италија претседателот Бранко Црвенковски имал тајна средба со Љубе Бошковски, претседателски кандидат и Љубчо Георгиевски, кандидат за градоначалник на Скопје.
Се разбира, тема на разговорите биле претстојните претседателски и локални избори и заеднички тактики против кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
Црвенковски ја ветил сета поддршка на сдсмовската партиска инфраструктура за собирање на потребните 10.000 потписи за поддршка на кандидатурата на Бошкоски. Главната цел на овој договор бил раздорот во гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ и евентуално идно формирање на уште една партија со предзнакот ВМРО.

Од друга страна пак, голем дел општински организации на СДСМ сè уште ги немаат доставено своите предлози за претседателски кандидат на оваа партија и сериозно размислуваат за Црвенковски. Според изворите, завчера во Гевгелија бил пратеникот Никола Ќурчиев, која важи за близок човек на Црвенковски и на состанок со раководството на општинската организација, се разговарало и за можноста Црвенковски да биде кандидатот на СДСМ. Во општинската организација на Крива Паланка, пак, членството и симпатизерите на СДСМ добиле инструкции да помогнат во собирање потписи за кандидатурата на Бошковски, а вакви инструкции добиле и други општински организации на СДСМ.

Во СДСМ вчера изјавија дека нема да го соопштат кандидатот за претседател сè до понеделник, кога партијата треба да одржи конвенција.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=298&ArticleID=16352

Сдсмовци бараат мислење од централата за поддршка на Бошкоски

Собирањето потписи за истакнување на претседателска кандидатура на сите оние кандидати што не им припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ тешко им оди. Можеби, како резултат на ова, зачестија информациите дека големите партии ќе помогнат во собирањето потписи на некој од независните кандидати, со цел на противникот да му се одземат гласови. Бидејќи тешко му одело собирањето потписи на Љубе Бошкоски, според овие шпекулативни информации, наводно, членови на СДСМ го помагале во тоа. Од СДСМ велат дека нивни членови засега не се потпишувале за Бошкоски, но имало јавувања во централата во врска со ова прашање.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=298&ArticleID=16360

:pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:

Sto se vo zivotot nema da vidam i da cujam gospod da cuva od ova politicarive!!! Grehcinja se zivi. :toe::toe::toe:
 
Цело е кога има се :helou:

- Сите оние што одеа во Шевенинген, му се поклонуваа и врз неговата мака градеа партиски и политички рејтинг, сега го покажуваат своето вистинско предавничко лице. Тоа е нешто од што граѓаните на Македонија треба побрзо да се ослободат. Сега, да се биде во битката со Љубе, значи да го имаш истото чувство како Давид против Филатејците и Голијат - изјави Рахиќ.

Од штабот на Бошкоски негираат дека СДСМ стои зад собирањето потписи за неговата претседателска кандидатура, при што истакнуваат дека е тоа шпекулација на службите за безбедност. Во овие шпекулации, сметаат во штабот на Бошкоски, директен креатор е тајната полиција, која влече корења од времето на Киро Глигоров и Бранко Црвенковски, која успеала да се инфилтрира во сегашната власт.

- Нема да успеат да ги спречат желбите на многу Македонци и граѓани на Македонија од другите етнички заедници Бошкоски да стане претседател. Сите овие шпекулации значат дека некој многу се плаши дали Бошкоски ќе стане претседател. Тоа е доказ зошто сите релевантни меѓународни институции во своите извештаи наведуваат дека демократијата во Македонија оди во погрешен правец. Доказ за тоа се извештаите на „Фридом хаус“, „Амнести интернешнел“, на еврокомесарот Хавиер Солана и други-истакнуваат од штабот на Бошкоски.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=298&ArticleID=16360
 
д дрим тим а?....

Старата банда која ја донесе Македонија на просјачки стап и ги сроза темелите на државата се спрема за нови походи, а??:nesvest:

За жал и брат Љубе е влезен во шемата од која изгледа не може да излезе. Ама кај најде да ги цитира Фридом Хаус и Кавијар Солајна за ситуацијата во Македонија бе?? Слабо брате Љубе, многу слабо.

Сега чекам СДСМ пак да го кандидираат Бранко па да им гледаме сеир.:vozbud::oeoeoe:
 
Ок, delboy, а не ти се "чуднички" интервјуата кои Бошковски ги даде за Фокус по враќањето во Македонија?
Или особите со кои оствари средби?

Според нив, а и според фактот дека сдсм уше нема соопштено кандидат, некако не ми држат конспиративните теории кои ги цитираше.
 
со цел на противникот да му се одземат гласови. Бидејќи тешко му одело собирањето потписи на Љубе Бошкоски, според овие шпекулативни информации, наводно, членови на СДСМ го помагале во тоа.

А конспиративни ти се шпекулативните теории на забревтаната кујна,која од пусти страв да не го преврие граот ...незнаат уште кое сценарио да го испишат ?
 
Кандидирањето на ЉуБчо за градоначалник на Скопје е сигурно масло на БЦ.
Љубчо е се освен идиот, и нему му е јасно дека баш бугарин не може да стане градоначалник на Скопје, но стариот другар БЦ го има убедено да го стори тоа, колку да се раздрмаат малце гласачите на ВМРО.
 
Лично не верувам во овие глупости,но ако е вистина Љубе во очите на Македонецот ќе го измени имиџот.Ако вистина Љубе чека гласови од Бранко и компанија нека си се прости од она што Македонскиот народ го чувствува за него.А нас треба јасно да ни биде дека во овие аи во кој и да било избори учествуваат и Албанците.Кандидатурата на брат Љубе е погубна не само за него и ВМРО-ДПМНЕ туку и за Македонија.Секоја чест за Бошкоски сите се молевме за него но овој пат греши.Ќе си ја запечати политичката кариера како Лјубчо кој би било подобро да се кандидира во некој бугарски град за градоначалник а не во Скопје.А Љубе би требало да ги знае валканите игри на СДСМ.Нека се повлече и нека остави да го дотолчат СДСМ белки ќе му текне дека треба вистински реформи во партијата.Реформи не се тоа што ќе се смени еден председател.
 
Брату кој ти кажа за ваква ТАЈНА средба.Па и врапците знаат дека Георгиевски ЈАВНО на една ТВ-политичка емисија кажа дека Б.Ц.му е крвен непријател.Заеднички тактики ПРОТИВ дпмне: Не би рекол Брату,прв Груевски мавна е па сега нека ја чека топката назад.За СДС ама уопште не се замарајте,тие се далеку во АУТ така да секоја работа од ваков карактер напишан му оди на прилог на СДС-овецот Иванов.Еве и јас добив инфо дека Љубе има големи шанси и подршка за претседател и тоа го кажа човек кој е доста близок со еден Амбасадор во Македонија.:smir:
 
Остај ти Бранко и ЉуБчо јавно што изјавиле, гледај што во реалноста прават...:)
 
А конспиративни ти се шпекулативните теории на забревтаната кујна,која од пусти страв да не го преврие граот ...незнаат уште кое сценарио да го испишат ?
Ок, наивна е претпоставката дека Љубе ќе успее сам без, барем задкулисна, подршка на некој партиски центар на моќ.

Сега дали екс-удба огранокот на сдсм праи манџи, или па Бошковски со нив заедно ги готви, и не е толку битно.

Али битно е да се има во предвид дека Љубе се врати со "видоизменети" ставови и уше побитно е кој сега ќе му биде таен мецена.

Него, шо ќе кажеме за Љупчо со големо Б?
 
Лично не верувам во овие глупости,но ако е вистина Љубе во очите на Македонецот ќе го измени имиџот.Ако вистина Љубе чека гласови од Бранко и компанија нека си се прости од она што Македонскиот народ го чувствува за него.

Не чувствува цел Македонски народ нешто за него, чувствуваа само еден дел од народот,ама гледаме дека и тој дел отиде јабана некако....
А ако излезе сето ова вистина(да бидам искрен не верувам ,бидејќи нели сето ова излезе дека се само шпекулативни теории) за помошта на СДСМ за Љубе ,тогаш и СДСМ и Љубе нека си пишат крст...

Кандидатурата на брат Љубе е погубна не само за него и ВМРО-ДПМНЕ туку и за Македонија.Секоја чест за Бошкоски сите се молевме за него но овој пат греши.

Зошто е погубна кандидатурава на Љубе жити се?Па нели е демократија секој кој ќе си собере гласови има право да се кандидира?

А Љубе би требало да ги знае валканите игри на СДСМ.Нека се повлече и нека остави да го дотолчат СДСМ белки ќе му текне дека треба вистински реформи во партијата.Реформи не се тоа што ќе се смени еден председател.

Љубе треба да ги знае валканите игри и на едните (кои го сместија во ХАГ) и на другите кои до некна го величаа за веќе денес да гледаат на секаков начин да му заријат ножот во грб.
 
Љубе е патриот. Ова е патка на ДПМНЕ бидејќи се уплашени навистина ДА не се поебат на избориве бидејќи едно е партија, друго е рејтинг на еден човек, имено Гwујо, а друго е лојалност кон хероите на Македонија.
Љубчо е превеан волк, ама мислам дека грешка му е враќањето, а Б.Ц....е тоа е човек -гение, не ебе 18 години без вазелин и народов се враќа за репете.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom