Bratot
Стоик и Машкртник!
Три дена пред службената посета на Италија претседателот Бранко Црвенковски имал тајна средба со Љубе Бошковски, претседателски кандидат и Љубчо Георгиевски, кандидат за градоначалник на Скопје.
Се разбира, тема на разговорите биле претстојните претседателски и локални избори и заеднички тактики против кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
Црвенковски ја ветил сета поддршка на сдсмовската партиска инфраструктура за собирање на потребните 10.000 потписи за поддршка на кандидатурата на Бошкоски. Главната цел на овој договор бил раздорот во гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ и евентуално идно формирање на уште една партија со предзнакот ВМРО.
Од друга страна пак, голем дел општински организации на СДСМ сè уште ги немаат доставено своите предлози за претседателски кандидат на оваа партија и сериозно размислуваат за Црвенковски. Според изворите, завчера во Гевгелија бил пратеникот Никола Ќурчиев, која важи за близок човек на Црвенковски и на состанок со раководството на општинската организација, се разговарало и за можноста Црвенковски да биде кандидатот на СДСМ. Во општинската организација на Крива Паланка, пак, членството и симпатизерите на СДСМ добиле инструкции да помогнат во собирање потписи за кандидатурата на Бошковски, а вакви инструкции добиле и други општински организации на СДСМ.
Во СДСМ вчера изјавија дека нема да го соопштат кандидатот за претседател сè до понеделник, кога партијата треба да одржи конвенција.
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=298&ArticleID=16352
Сдсмовци бараат мислење од централата за поддршка на Бошкоски
Собирањето потписи за истакнување на претседателска кандидатура на сите оние кандидати што не им припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ тешко им оди. Можеби, како резултат на ова, зачестија информациите дека големите партии ќе помогнат во собирањето потписи на некој од независните кандидати, со цел на противникот да му се одземат гласови. Бидејќи тешко му одело собирањето потписи на Љубе Бошкоски, според овие шпекулативни информации, наводно, членови на СДСМ го помагале во тоа. Од СДСМ велат дека нивни членови засега не се потпишувале за Бошкоски, но имало јавувања во централата во врска со ова прашање.
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=298&ArticleID=16360