Бошковски под истрага

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Бошкоски пак под истрага за пукањето во Маврово
506DCFA014CC8D46A28CBB5F18ABE9A6.jpg

Ексминистерот за внатрешни работи и актуелен кандидат за претседател на државата, Љубе Бошкоски, повторно е под истрага за инцидентот кај Леуново од 2002 година, кога на вежба на „лавовите“ пукаше со автоматски фрлач и повреди четворица присутни гости.

Гостиварскиот суд ќе ја обнови истрагата, иако Основното обвинителство во Гостивар во 2005 година се изјаснило дека нема елементи за гонење на Бошкоски. За случајот, во кој беа повредени новинарката на „Дневник“, Даниела Вељановска, преведувачката во француската амбасада во Скопје, Анита Рамаданова и двајца вработени во МВР, Маринко Кочковски и Кирчо Партаклиев, Обвинителството ги обвини само Бобан Утковски, командант на вежбата, и Димче Маркоски, одговорен за делот од вежбата во кој се случи инцидентот. Двајцата, со правосилна пресуда, беа ослободени од вина.

Со оваа одлуката на Обвинителството дека нема да го гони Бошкоски по службена должност бидејќи немал вина за инцидентот, не се согласила оштетената Рамаданова. Таа ја искористила законската можност и самата во декември 2005 година поднела обвинителен акт против него директно до Судот. Рамаданова го обвинува ексминистерот за тешки дела против општата сигурност и предизвикување општа опасност, односно дека тој е виновен за повредите што и' беа нанесени нејзе и на другите тројца оштетени.

Судијата што го водел предметот, чие име во Судот не го откриваат, два пати го отфрлал обвинението на Рамаданова без да одржи ниту едно рочиште. Првиот пат скопскиот Апелациски суд ја укинал ваквата одлука на гостиварскиот судија. Но, судијата повторно донел одлука за отфрлање на обвинението на Рамаданова, со образложение дека немало писмени докази во предметот.

Одлуката на судијата лани повторно била укината, овој пат од новоформираниот Апелациски суд во Гостивар. Второстепениот гостиварски суд го упатил судијата, ако смета дека нема основи за гонење на Бошковски, обвинителниот акт да го достави до Кривичниот совет на Основниот суд. Кривичниот совет на 12 декември лани одлучил да се спроведе нова истрага и предметот да му биде доставен на истражен судија. Инцидентот се случи на 15 мај 2002 година, по официјалното завршување на вежбата на „лавовите“, што се одржа кај селото Леуново.

„А да пукнам јас еднаш, а, а...? За атракција може малку, а шефе, а да опнам, дај да опнам.“:vozbud: Ова се зборовите на Бошковски снимени на видеокасетите на МВР и на една скопска телевизија, изречени непосредно пред да го изведе кобното пукање. Снимките биле изнесени како докази на судењето против Утковски и Маркоски, кои беа обвинети дека не ја обезбедиле прописно вежбата и дека поради тоа дошло до инцидент.

Бошкоски, иако најавуваше дека ќе сведочи, не се појави во Судот и покрај многубројните судски покани. Тој не се појави ни во претходната истражна постапка, а Гостиварското обвинителство не го ни повикало, оти сметало дека „тој нема што да каже, освен да се брани“.
Случајот „Леуново“ е завршен
Љубе Бошкоски нема примено никаков акт ниту од еден суд и затоа не може да го коментира вашето прашање. Случајот за кој прашувате е завршен со правосилна судска пресуда. Во тој случај Бошкоски беше само во својство на сведок, изјавија вчера од канцеларијата на претседателскиот кандидат Бошкоски. n
 
„А да пукнам јас еднаш, а, а...? За атракција може малку, а шефе, а да опнам, дај да опнам.“:vozbud: Ова се зборовите на Бошковски снимени на видеокасетите на МВР
:tv:

Неки го учеа ко мал дека така почиња секоја беља? Од играчка плачка :( :(
Снимките биле изнесени како докази на судењето против Утковски и Маркоски, кои беа обвинети дека не ја обезбедиле прописно вежбата и дека поради тоа дошло до инцидент.
Они се КРИВИ!
Крив е и автоматскиот фрлач!
И новинарите!
:salut:
 
A шо повреди имаа повредените?
 
Емоционални најверојатно бидеќи чаура физички повреди не прави...
 
Емоционални најверојатно бидеќи чаура физички повреди не прави...

штета што нема снимки на туб....

ПРВО екс министерот неизживеан не е обучен да ракува со жабица која е отскочен проектил.

ВТОРО екс министерот е тиква која нема обзир за тие до него, своите луге и подредени кој како јагниња ги погуби во непромислени акции

да редам

„А да пукнам јас еднаш, а, а...? За атракција може малку, а шефе, а да опнам, дај да опнам.“
 
Екс министерот и кандидат за претседател е виновен во случајов, иако е симптоматично зошто токму сега се актуелизира. Затоа прашав, шо повреди имаат повредените?

Можеби кај џебовите ги закачила чаурата, кој би знаел? :)
 
Јас мислам дека колку што е вината во него толку е и во тие околу него-видете на сликата дека новинарите се наредени точно пред отворот од каде се исфрлаат чаурите-малку да се писмени ќе им текне дека тука не се стои ни кога е лесно огнено оружје во прашање а не пак автоматски фрлач...
Плус и не верувам да биле многу повредени бидеќи чаурата може најмногу модринка да им остави:toe:

Екс министерот и кандидат за претседател е виновен во случајов, иако е симптоматично зошто токму сега се актуелизира. Затоа прашав, шо повреди имаат повредените?

Можеби кај џебовите ги закачила чаурата, кој би знаел? :)
Па богами сега е опасно да бидеш конкуренција на владеачката партија на избори-во најмала рака в апс ќе завршиш(шифра:Зајко:pos2:)
 
За ова мислам криви се и тие новинарите таму што биле ги предупредиле еднаш да се тргнат ама не го направиле тоа од сигурни извори:smir:
 
Еве ги повредите:

... "А да пукнам јас еднаш, а, а...? За атракција може малку, а шефе, а да опнам, дај да опнам." Ова се зборовите на Бошковски снимени на видеокасетите на МВР и на една скопска телевизија, кои биле изнесени како докази на судењето, изречени непосредно пред да го изведе кобното пукање од оружјето со наивен народски назив "жабица". Од одбиените шрапнели од гранатата беа повредени Даниела Вељановска, новинарка на "Дневник", Анита Рамаданова, преведувачка во француската амбасада, Маринко Кочовски, тогашен помошник-министер за Скопје, и Кирчо Патраклиев, инспектор во управата за обезбедување на МВР. Кочовски се здобил со тешка повреда на десното рамо, Вељановска на десната натколеница, Рамаданова на челото, а Патраклиев на десната подлактица. Инцидентот се случи на 15 мај 2002 година, по официјалното завршување на вежбата на "лавовите". Обвинението ги товари Утковски и Марковски дека не ги презеле потребните мерки на заштита на присутните припадници на полициската единица и на присутните гости иако знаеле дека министерот изразил желба да пука...

Цел текст: http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2895&stID=65837
 
Екс министерот и кандидат за претседател е виновен во случајов, иако е симптоматично зошто токму сега се актуелизира. Затоа прашав, шо повреди имаат повредените?

Можеби кај џебовите ги закачила чаурата, кој би знаел? :)
Појма неам зошо баш сега се актуелизира :O
Ни ти не знаеш, нели? :)

А, повредите НЕ се мали. И врисоците кои се слушаа од снимките беа бајаги експлицитни.

Апстрахирано од мотивите за повторна актуелизација на тужбата, Бошковски треба да сноси одговорност.
Плус, и како што се сеќавам, по инцидентот изјави дека НЕ се смета за виновен и одговорен.

И да се потсетам на реченицата на денот:
„А да пукнам јас еднаш, а, а...? За атракција може малку, а шефе, а да опнам, дај да опнам.“:vozbud:

sheriff-custom.jpg
 
За ова мислам криви се и тие новинарите таму што биле ги предупредиле еднаш да се тргнат ама не го направиле тоа од сигурни извори:smir:

Како прво ако еднаш ги предупредиле и тие не се повлекле, Полицијата како и Армијата имаат право присилно да ги повлечат ако сметаат дека има некаква опасност, така да од сигурно извори исклучи ја таа можност.:helou:
 
Kako trgnala rabotava Ovie od DPMNE uste malce na Ljube ke mu izvadat i kako vo 2 odd. mu puknal glava so kamen na nekoe dete.
Glupost 3 godini go otfrluvaat procesot i sega kog coekot saka da se kandidira togas mu vadat prljav ves
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom