Коце Трајановски за градоначалник на Скопје

Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Ne se znet..najseriozen kandidat e тој засега...ama vmro seuste nemat istaknato kandidat..pa ako najdat aren coek..mozno e i tie za prv pat da imaat gradonacalnik (po doooolgo vreme, ne ni znam dali voopsto nekogas imale)..
Кај нас најзатеганто ќе бидит...вака за нас неопределените е најубав кејф...си сејш настрана на кафе и гледаш како се нервираат полтроните на едните и другите !
на парламентарните тепаше вмро за прв пат досега...па можно е и сеа да ја однесат победата...ама како што реков БАШ НИШТО НЕ СЕ ЗНАЕ...
гладниот просо сонува

подршка за Љубчо мислам дека ќе тепа :)
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Smejurija!

Ama se pokaja be Intel.
Se pokaja i zatoa si e sega kandidat za serif na Skopje.
Koce out- Koce -in, Tito -out Tito -in, UCK always IN i ti odlucuva koj ce da bude presednik bogami. Ili sto bi rekol Trendo:
-
Оној Фазли Велиу му бил вујко на Али Ахмети. Оној Муса, главниот финансиер од Швајцарија, му бил братучед на Фазли. Или така некако. Како и да е, една фамилија ни ја работи државава. Алал нека ни е.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Само Пенов е за Скопје, другово се куртони.
 
N

n/a

Гостин
Знаете што ме нервира многу?
Ова политичкиве партии (читај универзалните торлаци)
стално за било кои избори ставаат клошари ебате...
И сеа народов од немукает,од што нема како другчие мора да `гата на графче` и да се труди да погоди кој е најмалку клошар и да го избере него.
И после...
разно-разни дибеци ко оној `градоначалникот` на Аеродром стануваат `шеф сале`.

Ебате дебилите ,ебате...:tapp:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
море не треси зелени каков пенов од Коце че нема подобар грдонацалник на Гази баба че видите
Де бе бате, сфативме. Сеа прекини со спамирање.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.419
Поени од реакции
7.772
разно-разни дибеци ко оној `градоначалникот` на Аеродром стануваат `шеф сале`.
Мене ми е смачено од луѓе кои универзално плукаат.
Да не мешаме баби и жаби.

Оние што се запознаени со работата на Коце Трајановски имаат само пофални зборови за овој човек. Ако веруваш на медиуми, гуглај статии поврзани со сето она што овој човек го направил за граѓаните на општина Гази Баба.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Не мислам дека Коце е надобро решение ама во моментот на пазарот нема друго подобро.

Тито?????/ тотално промашување на СДСМ, да го подржат првиот предавник пред две години луда работа. Односно е доказ дека е политиката од женски род оној лесниот:kesa::nesvest:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тончи ти како во Гази Баба да работиш:icon_lol:
Од овие што шерифувале низ Скопје,најмногу задоволство има од Пенов (бидејќи цела администрација е вработена од него),Андреј Петров на кого капа му симнувам,го фалат и Стефче Јакимовкси.Ова од извори блиски на владата:icon_lol:
Коце Трајанов се вмешува меѓу најдобрите,за се она што го направи за граѓаните на Гази Баба.Генералот Сокол сака само да земе,но не и да даде,љуби фотографирање и медиуми.Онаа пустана од Центар си ја чуваат за жртвено јагне.Аеродром војна се води,Кисела Вода заспал во длабок сон,Сарај му недостига искуство,Бутел и Чаир ја преживуваат зимава.Ама на Карпош в.д треба да се линчува,ги расфрла парите за поздрави и честитки,лесно е кога ќе начекаш полна каса и проекти.
 

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Само Пенов е за Скопје, другово се куртони.
Што бе..Пенчо а??
Зарем толку осиромашил..и до тоа дереџе си се вратил!!!
Чинам дека си излезе одтаму..доста „нафатиран„..
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Би сакал да напишам нешто за Коце Трајновски градоначалникот на мојата општина и wannabe градоначалник на Скопје.
Јас живеам во М.А Ченто но г-динот Коце по се изгледа не знае дека и оваа населба спаѓа во Гази Баба.Коце направи многу за општината,го среди дури и општинскиот веб сајт,доведувајќи го до стандардот на ЕУ кога се работи за two-way interaction помеѓу граѓаните и општината,за што јас го пофалив и на факултет на предавање.Тој направи за Автокоманда,за Железара за околните села.Но мојата населба како да ја прелетуваше на пат за Стајковци.Ние сеуште немаме тротоари,нерешен е проблемот со пазарот,немаме основно улично осветлување.Јас сеуште на пат за автобуската станица газам во кал,а се дрзнувам да кажам дека живеам во гратско подрачје.Коце Трајановски доаѓа во Ченто само кога треба да се стави венец на споменикот на Методија,да подели пар медаљи на фудбалски турнир и да даде празни ветувања.Да не заборавиме дека Гази Баба учествува со една третина во ГДПто на Македонија и дека тон бекатон плочки нема да чинат многу за првпат во мојот живот јас да не ставам ќеса на нозете за да не цапам во кал(се наплаќаат сега по денар;)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Одговорни,
приберете си ги троловите, смешни се и повеќе одмагаат него шо помагаат.

Фала :smir:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.419
Поени од реакции
7.772
Земав еден текст од блогерот Волан, и на него допишав неколку мои коментари во врска со она што Коце Трајановски го направи во општина Гази Баба.

Програма за избор на “Локален шериф“ ... Градоначелник де ... Што би направил кога би бил ...

Кога би се кандидирал за “Локален шериф“ ... Градоначелник де ... мојата програма би била следната:

1. Со пари на Општината - би извршил најпрецизно сателитско снимање на мојата општина во правец на проектантски подлоги за:
- изградба на нови локални патишта ...
- изградба на водовод и канализација ...
- одредување на најпогодна локација за збир и преработка на смет ...
+ Мислам дека ова катастарот вршеше вакви снимања на територија на целата земја.
2. Сите овие “подлоги за проекти“ беспари би им ги предал на сите заинтересирани проектански организации и проектанти, за да ми дадат идејни проекти за развој на општината во правец на:
- правилно искористување на водните ресурси ...
- заштита на водните ресурси ...
+ сепак ова е во надлежност на владата на Р.М.
- изградба на водоводни и канализациони мрежи ...
- изградба на пречистителни станици и станици за хлорирање ... станици за мерење на квалитетот на воздухот и водата ...
+ ситуацијата на теренот била неколку села без или со нефункционален водовод, не ги знам точно кои беа, но и тие добија водовод за време на мандатот на Коце Трајановски
- зафаќање на водата во високите делови со мини брани - во правец на нејзино искористување за туризам и наводнување во трите жешки месеци кога господ не ја распоредува водата во доволни количини на земјоделските производи - кои без вода умираат ...
+ за вакви капитални проекти е задолжена владата
- изградба на локални патни правци - кои би биле усмерени во правец на економски развој и туристичка промоција на мојата општина ...
+ обиколницата е во изработка и поврзувањето на населените места со неа, а потенцијалните инвеститори е изготвен детален урбанистички план за да можат да почнат со градба на објекти веднаш штом ќе биде пуштена во употреба.
3. Со пари на Општината - би направил прецизен план за водените ресурси на мојата општина ...
- реките,
- потоците
- езерата ако ги има ...
- подводните водотеци ...
се` со цел да се имаат проектантски подлоги за правилно економско и еколошко искористување на водените ресурси ... бидејки без вода нема живот ... секако и еколошка заштита на водените ресурси ... економско зафаќање на водите за пиење и наводнување ...
+ за жал за ова не знам дали стручен кадар во општината, сепак специфична гранка е ова
4. Со пари на Општината - би купил неколку Бушилици за дупчење и пронаоѓање на вода ...
- со цел на заинтересираните граѓани на одредени локации (по претходни проектантски сознанија, дека долу има природни водотеци ...) да им се избушат бушотини за вода/бунари ... предаде водениот извор/бунарот на користење на “лизинг принцип“ ... особено во места кои немаат блиски природни водотеци и можност за зафаќање на горни водотеци ... каде би можело да се изградат мини брани ... кои нели ке служат за туристичка и економска промоција на општината ...
- до бушотините би финасирал како општина носење на електрична енергија - и сето тоа би го предал на заинтересираниот субјект на исплата на принцип на лизинг ... се разбира со грејс период ...
- воколку има заитересирани граѓани и самите бушилици би ги предавал на Лизинг користење на заинтересирани граѓани и правни субјекти ... истотака се разбира со одреден грејс период ...
+ мошне интересен предлог
5. Со пари на општината би - направил подлоги за “Геолошка карта“ на мојата општина ...
- во правец ако има можни рудни богатства (метали и особено неметали ...) да се искористат ... тендерираат ...
- во правец да се дефинира точниот карактер и квалитет на земјоделското земјиште ... за да се дефинира што е најпогодно да се одгледува на земјоделските површини ... кои култури - кои традиционално се одгледуваат во тој крај се погодни за одгледување а кои воопшто не се економски исплатливи а се одгледуваат ...
+ ваква идеја е одлична, за жал стручните служби биле зафатени со решавање на други моменти во руралниот дел од општината како водовод, канализација. Сега кога е сето тоа веќе решена работа, наредниот градоначалник би можел да го искористи.
6. Специјален проект би тендерирал за тоа што и која земјоделска култура е погодна да се одгледува во мојата оптина ... кои култури кои се одгледуваат не се исплатат ... а кои нови култури би биле погодни за одгледување ...
+ точкава е копи/пејст на претходната, ама добро, за потсетување, навистина да се обрне внимание
7. Ке ветам дека со пари на општината - сите овие проекти ке се подигнат на специјален сајт за локален разввој на оптината и тоа двојазично т.е. тројазично (македонски, англиски и локален јазик на етничка заедница која доминира со одреден зголемен број на учество ...)
- целта на овој сајт е сите проектански органицации од Македонија и целиот свет да може да преземаат бесплатни подлоги и да ми даваат идејни решенија - корисни за локалниот живот на граѓаните на мојата општина ...
+ за поставување на вакви податоци на сајтот на општината потребни се ресурси кои станале достапни дури со буџетот за оваа година. Инфово е земено од веб-дизајнерот на општинскиот сајт во неврзан муабет.
8. Специјален проект со пари на општината би направил за заштитата на животната средина ... воздух, вода, почва ...
+ веќе направено
9. Со професиноален фотограф и снимател би ја рашетал целата општина за да ги согледам видливите проблеми на граѓаните:
- каде има дупки во локалните и регионалните патишта специјално би ги снимал ... за да ветам дека додека сум јас “Локален шериф“ ... Градоначелник де -сето тоа ке биде само тажно минато на моите претходници ...
- каде фали парк, сврталиште за децата и постарите луѓе ... игралиште за мал фудбал, кошарка ...
- каде е могу, многу прљаво ...
- каде парковите не се одржуваат а клупите и играчките се искршени и оштетени ...
- каде фалат корпи за отпадоци ...
- стази низ парковите ... осветлување ...
+ снимање на општината со видео и фотограф веќе е направено еднаш темелно, и постојано се врши надополнување на таа архива, голема помош се добива и од граѓаните кои благовремено информираат за настанатите ситуации благодарение на честите средби на градоначалникот со месните заедници.
10. Убаво би ја проучил проблематиката на заштита на природните реткости и ендемски видови во мојата општина ... шумите и ливиадите ... со цел да ветам дека додека сум јас“Локален шериф“ ... градоначелник де - тие ке бидат заштитени ... да остане нешто и по нашата генерација ...
+ дали пред Коце Трајановски да стане градоначалник некој (освен граѓените на Железара) знаеше за парк шумата во општина Гази Баба и дека таа може да се ревитализира и да им служи на граѓаните на цело Скопје? Инаку може уште повеќе да се работи на тој дел од градот, се надеваме со избор за градоначалник на град Скопје дека овој проект ќе биде комплетиран и парк шумата ќе стане еден од заштитните знаци на градот и во неа ќе уживаат сите оние кои не можат да се искачат по стрмнините на Водно.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.419
Поени од реакции
7.772
11. Специјално би ги рашетал планините и ливадите во мојата општина - со цел да ја видам самиот таа природна убавина што ректко кој ја гледа ... за да согледам што и треба на планината за таа да ни враќа и понатака ... дали има доволно шуми ... дали пасиштата се искористени ... каде може да се направи мал зафат на водите ... како планините туристички и економски да се искористуваат но секако да се запази биодиверзитетот на видовите кои се застабени во природната средина ...
+ слично на она погоре
12. Специјално би се задржал на Црквите Манастирите, Џамиите ... особено оние постарите ... секако тука би ги додал сите архео локалитети во мојата општина ... со програма за нивна туристичка промоција и понатамошна заштита и конзервација - се разбира во соработка со надлежните државни институции ...
+ Тумба Маџари. Само да најдам податоци за ова и веднаш ќе бидат поставени тука меѓу оние нешта кои биле откриени за време на мандатот на Коце Трајановски. Според планот е во блиска иднина да се направи специјален сајт за Тумба Маџари.
http://www.tumbamadzari.org.mk/en/neolithic-village.php еве го сајтот
13. За секој културно историски споменик, црква, манастир џамија од мојата општина со пари на општината би направил специјална професионална фото сесија ... би го истражил историјатот и значењето ... и во сајтот на општината би го претставил дво или тројазично ... секако еден од јазиците да е Англиски ...
+ види точка 7
14. Би ја проучил локалната историја на мојата општина за да ветам дека на заслужните гаѓани и дејци од мојата оптина ке им изградам пригодни споменици ... а во општината ке бидат закачени нивните портрети ... за поважните би организирал годишни пригодни представувања и споменувања ... со цел да се покаже дека не се заборавени минатите генерации кои живееле во мојата општина ... и дека светот и векот не почнал од нас ... дека тие наши сограѓани се заслужни за ова што сега го наследуваме ... некои локални улици и квартови би именовал по нивните имиња ... а во близина на тие квартови би направил и мали пригодни споменици облагородени со додатна содржина фонтана, парк ... клупа ...
+ одличен предлог кој мислам дека никој досега го нема направено. Волан генијалец :)
15. Би направил попис на сите хотелски и сместувачки капацитети, рекреативни центри ако ги има, одмаралишта, планински куќи ... особено на малите приватни сместувчки капацитети од селските средини, кои со по помош на туристичките агенции од општината за кои истотака би следувал попис - би направил специјална презентација на сајтот на општината ... се со цел економско искористување на тие капацитети и нивен развој ...
+ види образложение на точка 13
16. Би извршил претходна посета на поголемите стопански објекти во општината и на дел од помалите ... за да се запознам со кои проблеми се среќаваат тие а кои се од локален карактер ... за да може во програмата да им ветам дека тие додека сум јас“Локален шериф“ ... Градоначелник де - ке бидат решени ...
+ и ова редновно беше правено од страна на Коце Трајановски и тоа во двете насоки, и тој на посета кај стопанствениците и тие кај него.
17. Би извршил интервју со многу постари граѓани на општината - во правец да ми кажат што ги тишти а што е локален карактер ... секако за да вметнам паметни предлози во мојата програма ...
+ за средбите со пензионерите пишуваше и по весниците, линкови малку подоцна
18. Би направил список што ветил сегашниот “Локален шериф“ ... Градоначелник де - а не исполнил во својот мандат ... кои се неговите слабости во неговата досегашна работа ... за да можам аргументирано да го напаѓам ...
+ стручните служби работат на ова анализирајќи ја работата на Трифун. Судејќи според тоа што ветил а не направил Трифун, можете да си претпоставите дека работат турбо :)
19. Ке ветам дека на секој 1000 жители во општината со пари на општината ке купам дигитални фото апарати - за да ги поделам на умни пензионери и младинци кои редовно би ме информирале за проблемите од локален карактер кои се во нивна близина ... би биле мои “чпиуни“ ... би ги наградувал со тоа што ке ветам дека тие проблеми ке бидат решавани а фатените виновници кои се снимени ке бидат најпрво опомената и потао казнети ако го повторат истото дело ...
+ интересен предлог, искрено, ваков начин на шпиунажа нели бил карактеристичен за време на едноумието? бај д веј, сега и мобилните имаат сосема квалитетни фото апарати во нив, така да нема да се трошат пари на даночните обврзници :) Сепак ова е комплицирана тема за која немам познавања.

+ Коце Трајановски за време на својот мандат во Гази Баба беше секогаш отворен за средби со граѓаните. Исто така и службите ги примаа забелешките на граѓаните и беше реагирано во краток рок.
20. Би ги посетил сите места за вечна почивка (гробиштата де ...) на мојата општина - би ги евидентирал проблемите ... за да можам да ветам кои проблеми ке бидат решени во мојот мандат на “Локален шериф“ ... Градоначелник де ...
+ тука не коментирам, можеби некој се сеќава на темата што ја отвори една млада велешанка :)
21. Особено би ги посетил Школите и Градинките - за да ги согледам сегашните проблеми ... со цел да дел од тие проблеми кои се решливи да се решат во мојот мандат ...
+ и средби со директорите на основните училишта се редовна практика
22. Ке ветам дека кога ке станам “Локален шериф“ ... градоначелник де - ке направам анализа на финасиското работење на претходникот и сите дубиози (воколку ги има ..) ке ги пријавам на надлежните органи ...
+ КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ЗА ВРЕМЕ НА СВОЈОТ МАНДАТ ЗАТЕКНАЛ МНОГУ ГОЛЕМ ДОЛГ НА ОПШТИНА, НО УСПЕАЛ НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ДА БИДЕ ВРАТЕН. За секој случај вработил внатрешен ревизор кој што следи доколку некој од службениците не работи совесно со парите на граѓаните.
23. Ке ветам дека ке направам анализа на кадарот со кој досега располага општината ... на квалитетниот кадар ке му предложам да остане во мојот тим ... за останатиот особено ако има вишок - би направил програма за постепено активирање во некоја друга дејност која не е во општината ... ни еден не би отпуштил затоа што не е член на мојата партија - туку само заради тоа што ги нема потребните квалитети и нема резултати во својата досегашна работа ... како и нема визија како да се усоврши неговата работа ...
+ Секој совесен раководител го прави ова. Коце Трајановски го има искуството уште за време на работењето во МЗТ и постојано го применува овој концепт.
24. За сите овие проекти би направил презентации и компјутерски анимиации ...
- би купил добар проектор и големо платно за презентација ...
- би го презентирал проектот локално на секоја улица, на секое маало, во секоја поголема зграда ... со мала пригодна журка на крајот ...
- секао претходно би ангажирал професионален фотограф и снимател да ми направи фотосесија на целата општина и специјално на пооделни локалитети кои имаат имаат специјален карактер за општината ... културно историски споменици и цркви ...
+ интересна идеја која секако дека ќе биде разгледана
25.

Јас секако нема да се кандидирам за “Локален шериф“ ... Градоначелник де ... но идејата им ја оставам на бесплатно користење на секој кандидат за градоначелник од било која политичка партија или било кој независен кандидат ... се разбира идејата треба да им се допадне ...

Извор: Волан

Со црени букви стојат моите коментари.
Се извинувам за предолгиов текст, ама мораше цел да оди, плус моите коментари во него поради прегледност.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
14
Поени од реакции
0
Би кажал дека од сите кои сакаат да го освојат градот и да станат негов татко најсериозен е кандидатот Коце Трајановски делата самите зборуваат нивното постоење со себе носи креирање на иднина за моја среќа ЈАС ЈА ОДБИРАМ СВОЈАТА ИДНИНА,А ВИЕ ??Во овој контекст на граѓанинот од Ченто како и можел да се дрзне да коментира воопшто за актуелниот градоначалник зар не се сеќаваш на Ченто во минатото пред Коце и како воопшто какво беше јас таму живеам и морав да прокоментирам но за жал и сега се чудам кој го прескокнувал Ченто а бре слепец еден отвори си ги очите прошетај се малку види го ликот а не само на патот до дома.Види ги парковите осветлувањето новото лице на пазарчето старата рушевина ја нема,новите детски игралишта за младите и децата па да дури и споменикот на Ченто .

И уште еден мал коментар до тој мој Чентовец да го наречам мој сограѓанин кој друг од минатото како кандидат за градоначалник на општина Гази Баба освен Коце дошол во посета на населбата Ченто.
И едно прашање до тебе кази кога последен пат ги имаш подмирено трошоците за комунална хигиена или пак со количката дедо ти го фрла сметот во околните контејнери или пак онаа сметка за данок на имот до кога вака ќе сведочиме лажно против себе си.Градењето е процедура која трае иднината се креира мисли за себе и за оние што ти ќе ги донесеш на овој прекрасен свет.СЕКОЕ ДОБРО СЕКОМУ ПОЗДРАВ ДО СИТЕ.

ДРАГ ПРИЈАТЕЛЕ МИЛОЈКО на твојот Пенов му помина времето , твоите пазарења ако не е тајна нели нешто по пазарот во Шутка,зашто?па заради пенов(не е вреден за големата П)детенце на индустријалец од Мирка Гинова немој молим те.

да да војводата си замина за бугарија зашто ??
што мислиш ти ?? оса.:kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom