Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Несакам да им се мешам на скопјанци во темава...ние во Ресенот други маки си имаме, ама ете завчера бев на кафе со еден колега од нашата организација кој е одговорен за огранокот во скопје...и така случајно зборнавме за можните кандидати за градоначалник на скопјето негово па тој (непартиска личност е) многу многу многу ми ја пофале Гази Баба , и ми даде многу позитивни коментари и критики на раборењето на Коце Трајанов !
не го знам кандидатот лично , ама според тоа што сум го слушал и читал по медиумите ми изгледа како стабилна личност , па ако веќе направил неоспорни резултати со гази баба...мислам дека би можел да се снајде и како градоначалник на градот скопје!
Пак бузле ќе го бирате?
Ја отварам оваа тема за да дискутираме за според многумина најсериозниот кандидат за градоначалник на град Скопје, актуелниот градоначалник на скопската општина Гази Баба, Коце Трајановски.
Како надополнување ќе постирам две превземени статии од дневните весници.
Трајановски е задоволен од сработеното во Гази Баба
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Коце Трајановски, задоволен е од тоа што го сработил во четиригодишниот мандат, бидејќи, како што вели, ги реализирал сите замислени проекти. Веројатно токму тоа му претставува основа на која ја темели својата кандидатура за градоначалник на Скопје. Го прифаќа предизвикот што му го нуди неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и влегува во битката за освојување на главниот град, оставајќи му ја градоначалничката фотелја во Гази Баба на некој друг.
„Би сакал да и' се заблагодарам на партијата за довербата за кандидатурата. Сметам дека е природен процес од градоначалник на една скопска општина да се кандидирам за градоначалник на Скопје и да ја побарам довербата од граѓаните. Градот Скопје е голем предизвик“, вели Трајановски.
Тој потсетува дека кога дошол на чело на Гази Баба, во почетокот на децентрализацијата, затекол...
Остатокот од статијата, ТУКА
Превземено од Утрински Весник
Коце Трајановски на терен ќе ја пишува својата кандидатура
Актуелниот градоначалник на Општина Гази Баба и кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски ќе ги посети сите 10 скопски општини со цел да изготви детална и квалитетна програма со која ќе настапи на претстојните локални избори. Вчера, тој беше во официјална посета на Општина Бутел.
Од разговорот со неговиот домаќин Петре Латиновски, тој имаше можност да се запознае со потребите и проблемите на Општина Бутел.
- Мојата намера е во следните седум дена да ги посетам сите скопски општини, да се запознаам со нивните проблеми, со приоритетите, да ги слушнам желбите на граѓаните.
Остатокот од статијата, ТУКА
Превземено од Вечер[/quot
KOCE TRAJANOVSKI GO POZNAVAM LICNO I MISLAM DEKA BI BIL DOBAR IZBOR ZA GRADONACALNIK NA SKOPJE .![]()
Smejurija!:pos2: Koce od NP, Ivanov nepartiski a mu se smeat na SDSM deka nemal svoj kandidat.
Inaku Koce e OK. Ne gledam podobra opcija barem za sega. Koj setnal po avtokomanda znae kolku povekje srabotil od negovite kolegi.
Ного ви е лош хуморо, малееееМоре колку ќе се смеам кога ЉубЧо ќе стане градоначалник.....малеееее! Крш.