Замислено другарче

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.787
Поени од реакции
4.039
Ова истово мало што ми се мота по дома има замислено другарче.
И толку е внесено дека истото навистина постои,тоа чудо едно.

И' дала име,возраст,место на живеење,раскажува што рекла,кога ја видела...
Фантазијата и работи 500 на саат.
Општо познато е дека повеќето деца имаат замислени другарчиња кога се мали,најчесто израснуваат од нив кога ќе стекнат вистински пријателчиња.

Што е со кајганџии?
Дали сте имале замислени пријателчиња кога сте биле деца?
Можеби уште сте во некој контак со нив?
Дали сте им давале карактерни особини?

Чекам опис на секое замислено другарче..
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
...Мy Imaginary Friend Thinks You're Crazy!...:pos:
...Не сум имала замислено другарче, можеби од фактот дека сум созреала многу брзо :се_фалам: :pos:...И сеуште ми е nonsense да си зборуваш со нешто што не постои, според мене, не е фантазија, тоа е лудост...:toe:
 
Не, не сум имал...не сум ни фантазирал општо толку...нз зашто...
 
Хаха, закон тема.

Не, не сум имал, но фактот дека не сум имал а најверојатно и дека нема ни да имам, ме прави да ми недостасува. :cry:
Како и да е, досега не сум сретнал жив пример од персона да поседува вакво нешто, најблиску што сум дошол во пресрет е во филм или цртан.

Секако, сериозна работа е ова, може комплетно да изолира дете од секаков социјален и друштвен живот, па дури во најлоша и воедно најразвиена форма да направи од таа персона.. schizophrenic.

Значи доколку имате дете и несака да јаде зеленчук, тврдејќи дека неговиот socalled пријател слеш Bloo вели дека е отров, измислен од вонземјаните да ја уништат земјава.. Don't take his word, и носете го на специјална помош, или напрајте му базен у двор, така да останатите деца да мислат дека е кул, па да го дружат доволно. :icon_cool
 
Секако, сериозна работа е ова, може комплетно да изолира дете од секаков социјален и друштвен живот, па дури во најлоша и воедно најразвиена форма да направи од таа персона.. schizophrenic.
Хеј..јас имав замислено другарче кога бев мало.И не знам зашто да доведе до болест обично замислено другарче на малечко дете..
Секако,децата израснуваат од нив,многу не се ни сеќаваат затоа што рано почнуваат во градинка,во школо и некако рано им почнува соцјалниот живот.
Инаку моето замислено другарче..никогаш не му дадов име иако се сеќавам дека се трудев да му дадам..кога бев сама дома(а како мала често бев) многу ми помогна тоа што имам “другарче„ така да не се чувствувам осамено и не ми беше страв.Знаев дека не постои во реалноста,дека сама со себе си играм,ама не си признавав:)
Покрај тоа што постоеше невидливото другарче,не ретко им зборев на куклите,на цвеќињата..„ти седи овде,ти сеа ова ќе го праиш,ти сеа ко демек на него ова ќе му речеш“...и слични муабети...
Мене многу ми помогна бе другарчево,кога и да се враќав по темница дома,се чувствував заштитена од него,ќе ме брани ако некој сака да ме украде:)

Добро сеа...никој не знаеше дека постои,сепак срам ми беше да зборам за неа..него...тоа...хмм..
Ама сега ми изгледа нормално:)
 
Јас како детенце секоја вечер излегував надвор и гледав во звездите и месечината.. очекував дека ќе се запознаам со некој марсовец ( така си го викав тогаш alien от ):vozbud:
 
Каква професионална помош не тресете глупости.Нема ништо лошо во детската фантазија и имагинација.Едни од најголемите пистели во нашата човечка историја како возрасни луѓе ја имале таа фантазија.Блазе си му на тој возрасен човек кој што го задржал детскиот сон и имагинација.Тоа нешто е прекрасно неописливо и добро.Магде набљудувај го тоа дете и учи од него, затоа што во него ќе го препознаеш детето во тебе.Гледај како со леснотија размислува и гледа на светот околу нејзе, јас и ти тоа не го можиме.
 
И покрај сите лудости шо ги тресев ко мал, овој луксуз беше преголем за мене :) макар што фантазијата си работеше максимално, шегата настрана таквата појава како во примерот на Магде а и во примери кои ги имам видено е стварно сериозна, потполна дискусија... гестови "допири" со другарчето, давање име... и улога е работа која треба да се елиминира од професионалци и тоа со време, пред истото да премине во аутизам и шизофренија, т.е вселување на другарчето во себеси кога веќе разговорите со него во овој свет ќе станат досадни.
 
И покрај сите лудости шо ги тресев ко мал, овој луксуз беше преголем за мене :) макар што фантазијата си работеше максимално, шегата настрана таквата појава како во примерот на Магде а и во примери кои ги имам видено е стварно сериозна, потполна дискусија... гестови "допири" со другарчето, давање име... и улога е работа која треба да се елиминира од професионалци и тоа со време, пред истото да премине во аутизам и шизофренија, т.е вселување на другарчето во себеси кога веќе разговорите со него во овој свет ќе станат досадни.
Има доста интересни филмови во кои што има такви деца.. па во некои од нив испаднува дека „замисленото“ другарче било вистинско пред мноогу години, но умрело во некоја несреќа и.т.н..
 
Моето замислено другарче вели дека темава ви е на место :)
мала шала :)
Мислам дека нема луѓе кој немале вакви замислени другари , но може би не се дружеле многу со нив зошто биле во контакт со повеќе живи луѓе или се врзувале со одредени предмети (кукли, кадифени мечиња и слично).
Јас најискрено од време на време како дете си комуницирав со еден од замислените, бидејки како 4-5 годишно дете бев премногу повлечен и срамежлив, а до негде и сега не сум баш премногу опуштен ама тоа е веќе друга тема :)
Мене по некогаш ми се случува после некој успех, добро завршена работа или нешто слично кога ќе нема на кој да му се пофалам и да му кажам во моментот со цел да го искажам своето задоволство/незадоволство или да се мотивирам за понатаму ќе почнам со оние стандардни фрази : абе многу сум добар, што ти кажав најјак сум, леле лом ги наприв, шо мислиш ги уништив и слично .
Сепак сметам дека тоа е нормална појава до негде , но како се претера со тоа дружење и се занемаруваат и живи луѓе поради замисленото другарче дека може да преставува веќе проблем :toe:
 
Имав, ама тоа беше кога бев мнооогу мала. Се сеќавам како во магла. Веројатно сум имала потреба од такво нешто затоа што сум единица, па немав брат или сестра со кои би се карала или би ги споделувала детските доживувања.
Седев под маса за да си играм и „разговарав“ со него на глас, се викаше Бојан. :pos:

Кога пораснав го надминав тоа зашто запознав вистински другари и немав потреба од измислен другар. Не е ништо страшно, детската фантазија е многу бујна и тешко сфатлива за нас.
 
На моја жалост, сум немал замислено другарче, иако би сакал да знам како е...Ама касно е веќе, ми помина тој период. Нормална појава. Иако не многу луѓе ја сфаќаат. колку што разбав во Америка 90% од децата имаат замислени пријателчиња ко малечки...
 
аман бе...тоа е симптом на schizophrenia paranoica
Еееееее...
Немора СЕ да се класифицира како болест.
Понекогаш децата во недостаток од пријатели и околина во која можат соодветно да се изразат,почнуваат сами да ги креираат тие елементи,бидејќи мозокот и Егото мора да го пополнат тој недостаток на некој начин.
Ништо страшно,поминува со тек на време и со стекнување на познанства и другарства.
Ја не сум имал замислено другарче,бидејќи немав потреба од него-тука беше мајка ми за се.:)
 
Како мала додека си играв со кукли и барбики си зборев сама со нив како да ми се другарки, дури и во присуство на моите вистински другарки сите заедно се однесувавме така кон куклите. Ова повеќе го рачунам како „оживување“ на барбиките од досада, затоа што замисленото другарче не постои во реалноста, тоа е нешто апстрактно и се наоѓа само во мислите.
 

Види сестро, не реков јас дека е опасно, и во голем процент да завшува фатално, нели?

Реков како најразвиена состојба, од болест гледна точка.
Треба да се заборави кога се започнува со друштвениот живот, градинка, 1во одд. и сл.
Но некој да израсне со вакво нешто, колку и да е нормален за мене е псајхоу.


:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom