Автомобили со Бугарски регистарски таблички

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Едно такво лигаво типче пред некој ден, вози канта на БГ табли по градот, и пушта грчка музика во неа...како ми се возеше багер во тој момент...[/quote]

Ne ti treba bager,samo 100 grama shekjerche u rezervaro...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Шеќерчето е премногу....нежно...ми треба нешто хардкор...ептен хардкор за такви изроди...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ниту кај импортер сум/сакам да работам, ниту пак осигурување.
Од коли се разбирам премногу, и затоа тврдам сите возила се исти. на пр. каде и да купиш Ауди ТТ, ќе биде произведено во Унгарија...
А, тоа ти што велиш е работава што едното Пежо е возено и одржавано некаде во културна држава, а другото во Македонија...па направи разлика...и во патишта по кои двете возеле, како и кадар кој ги одржувал, начин на кој се одржувани и делови кои се вградувани.
Кај нас, би се олеснила работата САМО со укинување на акцизата за возила со обем на моторот до 2.5 литри работна зафатнина.
ДДВ си е 18%, царината мислам 5% за произведени во ЕУ возила...
А некои фраери кои глумат патриоти, а регистрират коли во БГ и на друго место...абе ајде...ми се гади веќе од нив...
Едно такво лигаво типче пред некој ден, вози канта на БГ табли по градот, и пушта грчка музика во неа...како ми се возеше багер во тој момент...
Се сложувам само во делот за укинување на акцизата итоа не мора до 2.5 литри,туку до 2.0 литри работна зафатнина,се останато е луксуз.А за другото имам по некоја замерка,иако со возилата понекогаш треба да имаш и к`смет,без разлика дали се одржувани кај нас или во странство.Предходното Пежо купено кај нас од почеток,помина 1 милион и 100 000 километри без ремонт,така го продадовме со превртен километраж,никогаш не виде странски сервиси или ептен убави патишта,ама уште го возат.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Се сложувам само во делот за укинување на акцизата итоа не мора до 2.5 литри,туку до 2.0 литри работна зафатнина,се останато е луксуз.А за другото имам по некоја замерка,иако со возилата понекогаш треба да имаш и к`смет,без разлика дали се одржувани кај нас или во странство.Предходното Пежо купено кај нас од почеток,помина 1 милион и 100 000 километри без ремонт,така го продадовме со превртен километраж,никогаш не виде странски сервиси или ептен убави патишта,ама уште го возат.
Сепак сум за акциза над 2.5 литри...
Денес возилата со мотори од 2.0, 2.3 литри, па и 2.5 литри не се некои луксузни...а возилата сами по себе не се луксуз туку потреба!
Акцизата е еден вид данок на луксуз кој го плаќа крајниот потрошувач.
Под оваа граница се нормални возила, кои можеме сите да ги имаме и да ни служат за задоволување на потребите од транспорт.
Веќе некои возила со машини од над 2.5 литри се сами по себе луксуз, деловни возила, спортски лизмузини, спортски купеа...и тука би требало да се плати акцизата.
И уште еднаш био кажал дека со укинувањето на акцизата ќе паднат и цените и на новите, но и на половните возила од увоз.
Околу правилата за увоз на половни возила во смисла Еуро 3 стандард, не би требало да има отстапки, бидејќи носењето кршеви нема смисла.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150

se soglasuvam so tvoeto izlaganje za namaluvanje na akcizite , no so namaluvanje na akcizite gubi drzavata barem taka mislam jas. sto podrazbiras nosenje krsevi?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
se soglasuvam so tvoeto izlaganje za namaluvanje na akcizite , no so namaluvanje na akcizite gubi drzavata barem taka mislam jas. sto podrazbiras nosenje krsevi?
Носење на западен авто-отпад, кој веќе не го возат (возила од 90-та до 95-та кои се купуваат за 600 евра)

А како мислиш дека губи државата? Моментално земаат за возила до 2.0 кубици по околу 1800 евра акциза во просек по возило. Ако ја укинат, бројот на возила кој ке се увезе ке биде знаеш колкав??? Тие пари ке ги добијат од царина, данок, А-тест (од каде и по кое правило го воведоа уште не ми е јасно, ваљда машински факултет има подобар кадар од фабриката што ги прави возилата па поминуваат на проверка пред да се внесат?????) Исто е да продадеш 4 работи со по 100 денари заработка, или 3000 со по 5 денари заработка?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Знам многу примери каде што возила со поминат „TÜV" во Германија не поминале на машински...
Не ја сваќам логиката на КАЛИФОРНИСКИ закони во Македонија...
Толку ли е тешко законите да се приспособат на реалните услови, ние сите знаеме како е најдобро мегутоа дали тоа може да се реализира со нашите примања...
ОК е да не се увезуват многу стари коли од 1995 и постари , мегутоа на овие поновите треба да се намалат давачките, акцизи и слично...
Неможе да се бара од возен парк со просечна старост од 20 години преку ноќ да се барат чуда , треба да се оди постепено и во интерес на граѓаните и екологијата а не во интерес на поединци...
И кој е резултатот на строгите закони, БУГАРСКИ ТАБЛИЧКИ, 101 и ЈУГОВЦИ...
 
head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.412
Поени од реакции
598
Се сложувам дека премногу давачки има за увоз на автомобили и дека треба да се намалат Акцизите ли , царината ли . Исто така се сложувам дека треба да се запазат одредени стандарди при увоз на половни автомобили од странство .
Ама една работа не можам да ја разберам !!!
Не можам да ги разберам оние "Македонци" кои за кршови од 1000 Евра се спремни да се продадат и да си земат Бугарски пасош . Не ми е јасно , зар Голфот 3 стар 12-13 години толку им го дига ...от што се спремни и да се откажат од сопствената држава .
Под итно да им се запленат возилата и да се стават под преса и ко шо рече Струмикс , да им се вратат на тазе Болгарите , ама во облик на метална коцка :salut:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
se soglasuvam so tvoeto izlaganje za namaluvanje na akcizite , no so namaluvanje na akcizite gubi drzavata barem taka mislam jas. sto podrazbiras nosenje krsevi?
Џиш подолу објаснува како државата нема да е зијан од укинување на акцизата. Повеќе царина ќе влезе во државната каса, бидејќи ќе се олеснети условите за увоз, во смисла давачки за увезено возило, а ќе се зголеми и продажбата на нови возила.
Носење на западен авто-отпад, кој веќе не го возат (возила од 90-та до 95-та кои се купуваат за 600 евра)

А како мислиш дека губи државата? Моментално земаат за возила до 2.0 кубици по околу 1800 евра акциза во просек по возило. Ако ја укинат, бројот на возила кој ке се увезе ке биде знаеш колкав??? Тие пари ке ги добијат од царина, данок, А-тест (од каде и по кое правило го воведоа уште не ми е јасно, ваљда машински факултет има подобар кадар од фабриката што ги прави возилата па поминуваат на проверка пред да се внесат?????) Исто е да продадеш 4 работи со по 100 денари заработка, или 3000 со по 5 денари заработка?
Атестот како што разбрав некаде, оди со внесување на единечно возило, значи не цела серија возила, туку јас или ти индивидуално внесуваме едно возило, не од производител, туку од некој пазар...

Знам многу примери каде што возила со поминат „TÜV" во Германија не поминале на машински...
Не ја сваќам логиката на КАЛИФОРНИСКИ закони во Македонија...
Толку ли е тешко законите да се приспособат на реалните услови, ние сите знаеме како е најдобро мегутоа дали тоа може да се реализира со нашите примања...
ОК е да не се увезуват многу стари коли од 1995 и постари , мегутоа на овие поновите треба да се намалат давачките, акцизи и слично...
Неможе да се бара од возен парк со просечна старост од 20 години преку ноќ да се барат чуда , треба да се оди постепено и во интерес на граѓаните и екологијата а не во интерес на поединци...
И кој е резултатот на строгите закони, БУГАРСКИ ТАБЛИЧКИ, 101 и ЈУГОВЦИ...
Такви примери се оние кои ставиле катализатор, на возило кое сериски не е Еуро 3...
Носејќи канти од 1992 -1996 на пример, не го обновуваме правилно возниот парк, туку само го носиме западноевропскиот отпад кај нас. Тоа се возила кои оддамна го одвозиле своето, поминале по милион километри, и затоа нашите мајстори се среќни :)
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ама со возењето на 101 или Лада од `70та ќе си имаме состојба каква што моментално е во Македонија.Па со “еколошкиот“ закон кој моментално е на сила во Македонија,ние имаме практично поголемо загадување од било која земја во соседството.Кај нас реално е дискутабилно дали може да се увезе автомобил постар од 2002 оти не исполнувал целосно еко3 а кој сигурно многу подобар и поеколошки од оној кој се вози и регистрира а датира од 1970та или уште е постар.За акцизите би се сложил да се укинат за возила до 2.0,со стандардна опрема,а се друго да има акциза но со разумни цени,на пример до 2.5 да биде по пола евро на разликата,а од 2.5 па нагоре да биде по едно евро на разликата.Што предпоставувам е разумно решение,кога границата на увоз би се направила на реални 10 години стари возила,значи со прва регистрација од 1999та па наваму.Се случува на пример на атест при Машински,возилото да биде прогласено и 3-4 години постаро од што навистина е,според првата регистрација во странство.Па затоа ќе се возат толку стари и еколошки катастрофални возила низ Македонија,што не би ги примил ни некој посовремен отпад во странство.:toe:
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.595
Поени од реакции
1.920
нека ги намалат давачките и сите ќе бидеме среќни.

дотогаш ќе има бг таблици. секој си го бара есапот.

тие што имаат пари не ги боли долниот за оние кои гледат да заштедат на половна кола донесена од бг.

тие со пари се всушност и тие кои ја водат нашата државичка ( ја водат кон наза )
затоа и ги дигаат давачките толку, од ќар, не од љубов кон земјата.

џабе овде ќе се караме, кога вистината е таа - Македонија нема никаде на мрдне додека ние гласаме за лажни ветувања и лаги. од друга страна, за друго и немаме за што да гласаме, затоа и при првата можност за бегање од овде, македонецот гледа да не ја испушти и да кидне.

мака ми е што роднините сите масовно ми се иселуваат но што јас да сторам против овие вампири кои не докрадоа, а згора на се и не скараа едни со други?

го свативте излезот или не? ќе бегам и јас ебаго.

вон топик за темава за автомобилите, но не ми е сеедно кога гледам дека се карате, а некои демек наши, македонци ве буцкаат. има многу говеда во земјава, опулете се
 
JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Пеш ќе одам, ни бугарска кола ни бугарски пасош сакам. :oeoeoe:

Извинете, продолжете со дискусијата.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Сите одземени возила со БГ таблици треба да бидат стопени како старо железо.:toe:
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
191
Поени од реакции
15
Законот треба да се почитува, ДА. И ако си решил да донесеш бугарска кола или од било каде од европа редно е да си ја регистрираш и платиш давачките. Е сега колку нашиот fuc*ing закон е срање...

И така народот грујо ќе го цица со ацкизите, атести и што уште не, а оштетен е и граѓанинот од ниската класа и државата. Тој ќе вози еден беден 101 а сите останати ќе дишеме "чист" воздух од возила од 80-тите години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom