theprince
Fan of Irony
- Член од
- 3 февруари 2008
- Мислења
- 1.256
- Поени од реакции
- 155
Најмалку осум милиони евра потрошила Владата за разни кампањи во 2007-ма. Државниот Завод за ревизија го објави конечниот извештај за работата на Владата во таа година. Се обелоденуваат точни суми за тоа колку чинат дел од владините кампањи.
Приближно 3, 3 милиони евра се потрошени за кампањата Инвестирајте во Македонија. Ревизорите објавуваат и ефекти од кампањата – директните инвестиции се зголемиле од 240 милиони евра во 2007-ма на 412 милиони во првите шест месеци 2008-ма.
Милион евра повеќе или околу 4, 4 милиони евра чинат кампањите за подигање на свеста на граѓаните: за борбата против корупцијата, за промоција на значењето на образованието, за промоција на производи со потекло и квалитет од Македонија.
Ревизорите не објавуваат точно колку пари се потрошени за уште неколку кампањи, но ги наведуваат во извештајот. Меѓу нив кампањите: компјутер за секој ученик, бесплатна обука за користење на компјутери, промоција на знаењето, опремување интернет клубови.
Во конечниот извештај за работата на Владата се предупредува и за вработувањата по принципот за правична застапеност на заедниците – примени се повеќе луѓе од потребните. Во другите делови од извештајот се посочува дека Владата работи согласно законите.