Нели распнувањето на Исус на крстот христијаните го сметат за една од најтрагичните работи кои се случиле...па нели Исус го распнале на крст?Тогаш што е поентата што крстот е симбол на христијанството?Го славиме распнувањето или што е работата?Не ми е јасно.Што мислите вие?
А што треба да мислиме?
Мислим(е) вака:
- до Христа, крстот бил „направа„ за распнување разбојници, поставувана редовно покрај некој фреквентен и пристапен пат кон/до тогашните градови, така да распнатиот, ем трпел физички болки, ем трпел осудувчки погледи и срам од минувачите по патот.
-од Христа и Неговото распетие, крстот не е симбол и „направа„ за срамот, туку симбол за победата на животот и Животодателот над смртта. Он, „...со смртта, смртта ја победи и на тие што беа во гробовите, живот им подари...„. Така, Он беше распнат заради нашите гревови, ги зеде (нашите гревови) на Свој грб и не откупи со Својата крсна смрт.
- крстот стана и симбол и извор на моќ, од која бегаат демоните.