Зошто крстот е симбол на Христијанството?

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Нели распнувањето на Исус на крстот христијаните го сметат за една од најтрагичните работи кои се случиле...па нели Исус го распнале на крст?Тогаш што е поентата што крстот е симбол на христијанството?Го славиме распнувањето или што е работата?Не ми е јасно.Што мислите вие?
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
415
Поени од реакции
11
Според христијанството, вертикалната линија го симболизира божеството, а хоризонталната човештвото. Крстот е директно поврзан и со мачењето и распнувањето на Исус Христос. Разпнувањето на крст било распространето средство на казнување во древнот Рим. Иако тогаш крстот означувал симбол на смртта, во христијанството означува симбол на животот.:wink:
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Трагично е што направата на која Христос беше усмртен со тешки маки, некои ја земаат како симбол на христијаството, и го користат крстот како амајлија која може да ги заштити од злите сили.

Инаку Римјаните кога ја извршувале оваа казна направата некогаш била во форма на крст, во форма на Т и во форма на X, така да ниеден од авторите на евангелијата не опишува дека Христос бил распнат на крст.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Нели распнувањето на Исус на крстот христијаните го сметат за една од најтрагичните работи кои се случиле...па нели Исус го распнале на крст?Тогаш што е поентата што крстот е симбол на христијанството?Го славиме распнувањето или што е работата?Не ми е јасно.Што мислите вие?
Хахаха не не грешка си! за човештвото е подобро Исус што беше распнат, и воскресна!... За тоа дојде. и не само што дојде туку и го исполни.

Не го славиме распнувањето туку воскресението! За некој да воскресне, нели треба прво да умре...:toe:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Кој треба да биде? Логото на Мерцедес?

Боже, што се не ке чуеш и видиш по светов.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Добо е шо не го обесиле Исус, сега ќе висеа бесилки од покривите на црквите и верниците ќе носеа јамки околу вратот наместо крстови.
 

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Хахаха не не грешка си! за човештвото е подобро Исус што беше распнат, и воскресна!... За тоа дојде. и не само што дојде туку и го исполни.

Не го славиме распнувањето туку воскресението! За некој да воскресне, нели треба прво да умре...:toe:
Да ама Исус не воскреснал од крстот туку умрел на крстот...како што некој кажа погоре,она на кое Исус бил измачуван ние го користиме како амајлија,да не заштити од злото:uvo:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Да ама Исус не воскреснал од крстот туку умрел на крстот...како што некој кажа погоре,она на кое Исус бил измачуван ние го користиме како амајлија,да не заштити од злото:uvo:
не си ме разбрал. јас немам никакви амајлии нит пак сум суеверна.
само кажав дека за некој да воскресне, треба прво да умре.
значи го зема гревот, за ние да имаме живот вечен. Исус совршено знаел што го чека. ... ние сме за жалење...
 
Член од
11 август 2008
Мислења
112
Поени од реакции
14
На крстот Господ Исус Христос пострада за сите нас ги зеде гревовите човекови на себе за подоцна да воскресне и да ја победи смртта што значи дека крстот ја симболизира победата на животот над смртта.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Нели распнувањето на Исус на крстот христијаните го сметат за една од најтрагичните работи кои се случиле...па нели Исус го распнале на крст?Тогаш што е поентата што крстот е симбол на христијанството?Го славиме распнувањето или што е работата?Не ми е јасно.Што мислите вие?
А што треба да мислиме?
Мислим(е) вака:
- до Христа, крстот бил „направа„ за распнување разбојници, поставувана редовно покрај некој фреквентен и пристапен пат кон/до тогашните градови, така да распнатиот, ем трпел физички болки, ем трпел осудувчки погледи и срам од минувачите по патот.
-од Христа и Неговото распетие, крстот не е симбол и „направа„ за срамот, туку симбол за победата на животот и Животодателот над смртта. Он, „...со смртта, смртта ја победи и на тие што беа во гробовите, живот им подари...„. Така, Он беше распнат заради нашите гревови, ги зеде (нашите гревови) на Свој грб и не откупи со Својата крсна смрт.
- крстот стана и симбол и извор на моќ, од која бегаат демоните.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
rimska naprava za izmacuvane

во некои религии се славаат и обожаваат камења дрва некои метали алишта со крв и сл
христијаните слават и обожаваат крст
крстот е римска направа за измачување
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Јас мислам дека крстот е симбол на христијанството затоа сто се верува дека исус бил распнат на крст, но тоа била само привидна смрт, оти според верувањето и библијата Исус воскреснал то ест смртта била фиктивна. Со тек на време Крстот станал симбол на страдањето дека преку страдањето се стигнува до рајот и знак над гробовите на преминатите (умрените, мада за бог никој не е мртов) дека тој што е закопан таму ( неговото тело) не е заборавен од бога и дека ќе воскресне.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
-од Христа и Неговото распетие, крстот не е симбол и „направа„ за срамот, туку симбол за победата на животот и Животодателот над смртта. Он, „...со смртта, смртта ја победи и на тие што беа во гробовите, живот им подари...„. Така, Он беше распнат заради нашите гревови, ги зеде (нашите гревови) на Свој грб и не откупи со Својата крсна смрт.
- крстот стана и симбол и извор на моќ, од која бегаат демоните.
Негде 4 века ПО Христа крстот станал симбол на христијанството. Не веднаш.
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
- крстот стана и симбол и извор на моќ, од која бегаат демоните.

Мики, како може да пишуваш вакви несериозни работи.

Крстот бил извор на моќ.Каква моќ може да има крст изработен од некаков матерјал?

До каде ке ке ја искривувате вистината вие командирите на православните не може човек ни да замисли.

И кој демони бегаат од моќта на крстот објасни молим те.

Библијата јасно кажува како против демоните.Само со пост и молитва.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики, како може да пишуваш вакви несериозни работи.

Крстот бил извор на моќ.Каква моќ може да има крст изработен од некаков матерјал?

До каде ке ке ја искривувате вистината вие командирите на православните не може човек ни да замисли.

И кој демони бегаат од моќта на крстот објасни молим те.

Библијата јасно кажува како против демоните.Само со пост и молитва.
Сакаш ВИДЛИВ ДОКАЗ за моќта од крстот?
Одлично: еве го! Секој кој не го користи крстот за осенување на самиот себе со крсниот знак, (туку крстот го прифаќа само како симбол, надворешен знак) е доказ дека не ја прифаќа неговата моќ!

Негде 4 века ПО Христа крстот станал симбол на христијанството. Не веднаш.
Да, а што се случуваше со рисјаните во првите три века?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom