Никој ништо нема против тоа во иднина да имаме претседател од Албанско етничко потекло. Но овде не се зборува за тоа, туку за продолжетокот на дпмнеовското лицемерие.
Неможам а да не се изначудам на смиреноста во ДПМНЕ после изјавата од страна на ДУИ дека се разговарало за некаква подршка за иден претседател Албанец.
Значи збориме за она истата партија која ги сечеше канџите на орелот. Она иста партија која не дозволуваше високо образование на Албански јазик. Она иста партија која од 2002-ра до 2006-та ја користеше секоја секунда за да популистички и квазипатротски поентира врз коалицијата СДСМ ДУИ. Зборуваме за онј ист Ѓорчев, кој до 2006-та "терористите" Али и Г'зим не ги вадеше од уста, за да денес преговара токму за нивната претседателска подршка.
Што е тоа братот, ако не е квазипатриотизам и популизам ?