Зошто "ГРБОТ" не се смени?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Во право си дечко, така е... За мене лавот симболизира нешто Бугарско... :toe: Јас така го гледам... :toe:
А незнам зошто ви боде очи нашиов грб Македонски...??? Што му фали ...??? Што и фали на ПЕТОКРАКАТА...??? :kesa:

:tapp: Пост на годината (ем тоа само што почна).

Лавот не е бугарски! Точно и тие го употребуваат но да те потсетам дека твојот ценет дво глав орел го користат 1.Србите 2.Русите 3.Црногорците 4.Албанците 5.Грците... Ако тебе те потсеќа на Бугарско тоа е твој ама не и национален проблем.
 
Во право си дечко, така е... За мене лавот симболизира нешто Бугарско... :toe: Јас така го гледам... :toe:
А незнам зошто ви боде очи нашиов грб Македонски...??? Што му фали ...??? Што и фали на ПЕТОКРАКАТА...??? :kesa:
ДАЛИ ПЕЖО-то Е БУГАРСКО??
А на петокраката не и фали ништо, само тоа што е симбол на комунизмот а комунизмот одамна пропадна на овие простори. Ѕвезда на грбот нема ни Русија како прва комунистичка земја...
Срамота е тоа да од сите поранешни комунистички земји, само ние и белорусите го имаме истиот грб од комунизмот.
 
Образованието е виновно, посебно професорите по историја. Со чесни исклучоци.

Да си останев само со “школското“ знаење, ќе бев плодна почва за развој на асимилаторски политики.

Срамота колкава е игнорантноста во врска со македонската историја. Жал ми паѓа кога читам аналфабети и притоа треба да им се воочуваат дупките во знаењето.
 
браво за темата
навистина, еве гледам на возачката стои грбот со петокраката, баш за тоа дискутиравме со татко ми
и мене не ми е јасно зошто сеуште никој не поткренал иницијатива да се смени?
 
Јас сум за лавот... Иако и овој грб не е лош со исклучок на ѕвездата која нема веќе никаква логика да седи таму.
 
Девојко со три кеца :) покренаа иницијатива ВМРО 98-02, ама наиде на огромна осуда тоа нешто, пред се кај медиумите, дека пасошите ќе личеле на партиска книшка од ВМРО, итн. Латас највеќе се жестеше.
Инаку, Македонија нема грб. Тоа е амблем некаков, со социјалистички мотиви, кои немаат врска со хералдика (за неупатени, хералдика е наука која се занимава со грбовите).
Колку за оние кои лавот ги потсетува на нешто бугарско, гледате дека не е секогаш проблемот во бугарите :)
 
Лавот не е бугарски! Точно и тие го употребуваат но да те потсетам дека твојот ценет дво глав орел го користат 1.Србите 2.Русите 3.Црногорците 4.Албанците 5.Грците... Ако тебе те потсеќа на Бугарско тоа е твој ама не и национален проблем.

Па јас реков дека МЕНЕ ме потсеќа на Бугарија... Тоа е мое мислење... Овде секој си го кажува своето мислење, што нормално ќе дојде до спротиставени ставови и неслагање... Но тоа е ФОРУМ, за изнесување на сопствени мислења...

А според мене јас како ЧИСТОКРВЕН МАКЕДОНЕЦ никогаш нема да го прифатам Лавот како Македонски симбол...!!! НИКОГАШ...!!! А Гвујо ако сака нека стави и сто лава...!!!
 
Да бидеш малце појасен делијо па да ни кажеш зошто не би го прифатил лавот ?
Бтв нема гвујо да го става ,туку народот ќе го стави.......
 
Да бидеш малце појасен делијо па да ни кажеш зошто не би го прифатил лавот ?
Бтв нема гвујо да го става ,туку народот ќе го стави.......

Тешко народот дека ќе го стави... Ќе го изгласаат на мала врата во собрание... Ќе видиш... :wink:
 
и јас сум за референдум, така е најреално
 
Зошто секогаш темите се развлекуваат и се носат во погрешен правец поради некои српчиња и бугарчиња?!?

Што има да се замарате со тоа што рекол некој обичен србољуб или србин?
Па неговото мислење е НАЈМАЛКУ вредно за да се продолжи со реплицирање на тоа што тој го напишал!
 
Тешко народот дека ќе го стави... Ќе го изгласаат на мала врата во собрание... Ќе видиш... :wink:

Па собранието е уствари народот Делијо :wink:
Не ми одговори зошто ти како Македонец не би го прифатил лавот?:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom