Вон тема: Во Македонија ДЕБАТА е тотално непознат збор.
Темава е нови скулптури во Скопје и Македонија и јас сакам да изнесам мое мислење околу естетиката и симболиката на некои скулптури.
Ченто.
Има споменик на Ченто во малото паркче во населбата што го носи неговото име.
Споменикот е од бронза и ми личи солидно изработен. Околу него просторот беше солидно уреден ама жителите слабо обрнуваат внимание на зачувување на среденото, па полека просторт се руинира.
Споменикот на Ченто што е на плоштадот е поголем и е од мермер.
Прво споменикот не е рачно работен туку е машинска реплика. Споменикот е изработен прво од глина, па правено калап, па лиен од гипс и после машината го “копирала“ во мермер.
Ваквата изработка споменикот го прави ладен и без уметничка длабочина. Споредете рачно насликана слика и истата иштампана од штампач и ќе сватите што сакам да кажам.
Мермерот од кој е изработен е квалитетен, од истиот се изработени и делата на Микеланџело но за споредба не може да стане збор, несмее ни да се помисли бидејќи е срамота.

Нашиов уметник можеби убаво си го имал замислено во глава ама изгледа многу слабо стои со статика и имагинација, како тоа што го замислил ќе се изведе во реалност и ќе стои без проблеми.
Предходно некој го спомна ДРВОТО. Не е дрво туку е трупче (ќутук) кое што на Ченто му служи како трета нога од позади, за да може да стои да не се преврти назад. :jaj: Првиот пат кога го видов споменикот си реков WTF можно ли е ова. Кај нас можни се многу работи па ете и ова е можно ама ј-га тоа ти е. Не е крив уметникот најверојатно толку знае и умее, криви се оние кои го одобриле и прифатиле изгледот. Трупчето е биг феијл.
Се на се Ченто на плоштад е заслепувачки бел, ладен и “сиболично“ потпрен на трупче.
“Коњаниците“ поставени и што ќе се постават на плоштадот.
Сиболиките на поставеноста на коњот.
Коњот со сите 4 на земја - Коњаникот (јавачот) умрел од природна или друг вид ненасилна смрт (не загинал во борба)
Коњот со крената една нога - Коњаникот бил ранет во некоја битка и имал сериозни лузни или последици од херојската битка.
Коњот со кренати две нозе (стои на задните) - Коњаникот храбро загинал во некоја битка.
Кај нас што имаме?
Гоце и Даме качени на коњи кои цврсто стојат на земја со сите четири. Иако тие не загинале во битка качени на коњи сепак загинале во борба. Симболиката утната. Феијлч

Самиот изглед на спомениците ми е 50-50, ок се ама сепак не ми се некако впечатливи. Млаки ми се.
Последиов споменик тука презентиран мислам дека треба да го наречат КОЊАНИКОТ а никако Аце Бабачкото, бидејќи нели тој си починал во постела. Од маларија ли, отруен ли, не е битно НЕ загинал во битка.
Изгледот на споменикот ми се допаѓа и може да ја симболизира вековната борба и паднатите жртви на македонскот народ за слободна и самостојна Македонија.

Не дека од Ацета не смееме да имаме споменик ама па ако на ваков начин го претставиме мислам дека сите ќе ни се смеат. Сите го знаат Ацета и како починал и ако ти под овој споменик пишеш дека е Аце Бабачкото секој странец ќе ти се изнасмее за елементарна уметничка неписменост. За нашиве Гоце и Даме ретко кој (дури и во македонија) знае како починале па може и да пројдат, ама Аце е светски селебрити.

Аце бил храбар се борел рамо до рамо со војниците ама сепак починал лежејќи.

Споменикот заедно со фонтаната (ако додржи статиката на постаментот

) ќе изгледа убаво, ама ќе мора да се гледа така од пооодалеку (од кале на пр.) бидејќи во спротивно ќе си шинеш врат.
Споменикот на Карпош од она што го видов поминувајќи преку камени мост (доле уште се гради) ми остави доста добар впечаток. Изгледа моќно и сигурно славниот војвода. Рануван во битки (една крената нога на коњот) и егзекутиран на камениот мост. Споменик за разлика од предходно опишаниве кој што е целосно ОПРАВДАНО поставен. Одговара и по изгледот и по местото каде е поставен.