Не можам да кажам дека ми е мило што со последниве настани се повеќе се девалвира “вредноста“ на т.н. “Скопје 2014“, и се повеќе излегува на виделина дека тоа не е никаков уметнички, културно вреден, или проект започнат со намера за некакво урбанистичко или не знам какво воздигнување на градот, туку е обична лакрдија изрежирана од страна на сегашнава власт, а се со цел замачкување очи на јавноста, отргнување на вниманието од многу поважните проблеми и од нивната тотална неспособност, еден вид диверзија што служи за политички поткусурувања и евентуално богатење на поединци блиски до груевци. Но, нејсе.
Велам, не ми мило што полека се “срозава“ угледот на “проектот“, затоа што две-три скулптури плус-минус, било да се тие на Албанци, Македонци, Срби, Турци, Марсовци... не можат да упропастат нешто што е дно и апсолутен дебилизам уште од моментот кога некој од “патриотиве“ го смислил “брилијантното“ архитектонско решение (а што се повеќе се потврдува како растат оние идиотизми од зградурини на левата страна на Вардар).
Но, НЕОПИСЛИВО ми е мило што ова
со последниве “ад хок“ додадени скулпутури најмногу им пречи на оние што најмногу го подржуваа “проектот“. Толку многу ми е мило, што дркам на нивната исфрустрираност и разочарување