Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување
Сеедно. Скопје треба да има површина на Мексико Сити за да ги собере спомениците на целокупното македонско минато ако продолжиме вака...
 
Не грешка сте плоштадот треба да е со површина на Мексико Сити. Ах се е ова убаво, ама многу бре начичкано на еден плоштад,па Скопје не е само плоштадот има други прекрасни места да се постават споменициве.
 
:vozbud: добро изгледа

Ако стварно биде вака.... ја не се делам од фонтаната...ќе спијам до неа :) Шала фантастично ќе изгледа :vozbud:

--- надополнето ---

Не грешка сте плоштадот треба да е со површина на Мексико Сити. Ах се е ова убаво, ама многу бре начичкано на еден плоштад,па Скопје не е само плоштадот има други прекрасни места да се постават споменициве.

Ќе има и у жена парк... епа што да правиш кога нема плоштади,на Скопје му треба бар уште еден плоштад
 
Споменичен комплекс "Карпалак" - симбол на новото време

slika%2001.jpg


Споменичен комплекс "Карпалак",, посветен на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година, ќе никне во центарот на градот, кај крстосницата на улиците "Васко Карангелески", булеварот "Гоце Делчев" и улицата ,,Јоска Јорданоски,,.

Репрезентативниот меморијален објект ќе биде со десет столбови високи 15 метри кои ги симболизираат десетте животи на загинатите бранители. На врвот на споменикот ќе има топка (симбол на новиот век) со дијаметар од 3,5 метри изведена од челични прстени. Отворите на топката, обложени со бел плексигалас, ќе ја пропуштаат делумно светлината од рефлекторите поставени во неа. Челичната конструкција ќе биде премачкана со електростатска боја. Со својата форма и конструкција ќе претставува симбол на новото време. Платото околу споменикот односно средишниот остров од кружниот тек ќе има зеленило.

slika%2002.jpg


Според основниот проект, изработен од ЈП за ПУП, предвидено е да има и кружна фонтана со дијаметар од 5 метри и со десет млазници со воден столб висок до шест метри. Ѕидовите и дното на фонтаната ќе бидат украсени со мозаик од керамички плочки. Ќе има заштитен прстен околу фонтаната од гранитни плочки, а околу него прстен од трева. Третиот прстен треба да биде поплочен со гранитни коцки, а останатиот дел од островот затревен и заграден со бетонско ѕидче. Со партерното уредување предвидени се и десет полукружни клупи, осум кружни цветни градини и два паркинг плаца со 46 паркинг места. Постојните плочки треба да се искорнат, да се стави травертин и бекатон плочки. Исто така треба да се отстрани и постојната фонтана и жардињерите.Заради започнување на градежните работи за изградба на споменичното обележје Карпалак ќе биде пренасочен и сообраќајот на овие улици од недела па се додека завршат активностите.

slika%2003.jpg
 
^^^^^^^^

Рок има кога ќе почне да се гради..? И кај ќе се наоѓа споменикот,поточна локација,слаб сум со улици :) Иначе убаво,треба да се одбележи и даде почит на загинатите од Карпалак
 
Од каде е инфово? Улица Васко Карангелески е во Аеродром, булевар Гоце Делчев е пред телевизија.
 
Од каде е инфово? Улица Васко Карангелески е во Аеродром, булевар Гоце Делчев е пред телевизија.

Е не бива сите споменици да се во Скопје :) Овој колку за промена ќе е во Прилеп
 
Хух, ова веќе има смисла, maps.google.com за ул.Јоска Јорданоски покажа само еден резултат, Прилеп. Ама од ненаспаност не сконтав.
 
У Прилеп е, не ме плашете више...треба инаку да се иселиме од Скопје :)
Еве од сајтот на општина Прилеп
Споменичен комплекс „Карпалак„

Ама за среќа нема да е грдосијава од 40 метри што првично ја планирале.

model.jpg


Многу ме бендисува како изгледа најновата (се надевам и конечна) верзија
 
Ама за среќа нема да е грдосијава од 40 метри што првично ја планирале.

model.jpg


Многу ме бендисува како изгледа најновата (се надевам и конечна) верзија

не оваа шо те цитирам .. туку онаа горе е најновата така?
ако е така супер е .. а оваа шо те цитирам е богами грдосија ..
 
не оваа шо те цитирам .. туку онаа горе е најновата така?
ако е така супер е .. а оваа шо те цитирам е богами грдосија ..

Така разбрав, дека поради недостаток на финансиски сретства се откажале од идејата за 40 метарскиот споменик / платформа / деловен простор. Овој новиот од 15 метри би му дошол нешто ко замена (иако колку што се гледа е на различна локација).

Понекогаш да имаш мал буџет е предност :)
 
Десет столбови кои што ги симболизираат животите изгубени на Карпалак.
Столбови на симболот на новото време или новиот век (новиот светски поредок), ете тоа означува споменикот убаво си пишува во статијата. Овај споменик вака ако се изгради како што изгледа нема да биде симбол на македонскиот народ и држава, туку симбол на новиот светски поредок и се знае врз чии столбови ќе лежи.....
 
Дечки, а знае некој каде ќе биде поставен споменикот на "Достоинство"?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom