Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Скопска "Шмизла" спроти хотел "Турист" :pos2:

Останатите 30 скулптури, кои беа избрани лани на јавен конкурс, ќе бидат поставени во строгото градско подрачје штом ги изработат авторите

Министерството за култура в недела во 13 часот ќе ги постави првите четири скулптури од проектот за поставување на 34 скулптури во строгото градско подрачје.
Бронзената скулптурата "Заљубени" од Димитар Филиповски, која е висока 2,4 метри, ќе стои на плоштад Македонија. Од истиот автор на улица Македонија, спроти хотел "Турист", ќе биде поставена и скулптурата "Шмизла", која е изработена од бронза и висока е два метра.
Пред поранешното кино "Култура" ќе стои скулптурата "Мачка" на Томе Аџиевски. Мачката е од бронза, а стои на мермерна топка со дијаметар од 120 сантиметри.
На улица Македонија, во близина на поранешен "Путник", ќе биде поставена и бронзената скулптура "Девојче" на Грозданка Каникова, која е висока 1,6 метри.
На јавниот конкурс за идејни решенија за скулптури, кој Министерството го распиша лани во март, беа одбрани 34 идејни решенија од 26 автори. Надлежните во Министерството за култура велат дека скулптурите ќе бидат поставувани во центарот на Скопје штом авторите ги завршат.
"Сакаме да го разубавиме градот, за да да добие изглед на вистинска метропола. Во споредба со главните градови на европските и на светските метрополи, Скопје е град со малку скулптури. Со реализацијата на овој проект ќе внесеме квалитет во културното секојдневје, а скулптурите ќе имаат и едукативно влијание", велат од Министерството за култура.



Извор - Вест
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Шмизлите се убави, а оваа ја направиле грда.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Збори на мобилен или си ја мести косата? :)

Не ми се допаѓа можела да се направи многу поубаво.

Плус фалат напрчените усни на скулптурава :icon_lol:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Кичот и шундот се составен дел на спроведувањето власт во оваа држава,каде во министерството за култура имаме лица кој од стручност имаат само подолг непотистички стаж.Значи толку абер да се немало од естетика,за плачење сме.:toe:
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259


Уметност... има статуи од секаков вид, низ целиов свет.
Не зборувам дека ми се допаѓа, но не значи дека не треба вакво нешто да постои... Сепак „Шмизлата“ е белег на градот Скопје. :D

p.s.
Некако ми изгледа како со „макро(на апарат)“ да е сликана... да не е ова само предлог а не целосната скулптура?
 
Б

Бат Елохим

Гостин
кај се сега женските здруженија да вриштат и пиштат по телевизии? или и ќерките им се шмизли? :toe:

резил. не ми се верува... место да стават канти за отпад, да тргнат коли од тротоари, да закрпат дупки, да турат саглам светилки... ние имаме шмизла (што на сликава изгледа ко проститутка)

еден совет од мене... Кај МКЦ нека ја стаат, па да можат ноќните работнички саглам да се договараат кај да се чекаат...
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Овој споменикот изграден „Во чест на бранителите на РМ од 2001 год. и ...“ е поставен през 2007 г. на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица.





Според кажувањето на актуелниот градоначалник на Струмица Зоран Заев идејното решение за овој споменик не било лично избрано од него, туку од комисија составена од владеачките советници на СДСМ и опозицијата во Советот на општина Струмица, со согласност од претставници на МПЦ и согласност на семејствата на загинатите бранители. Според градоначалникот Зоран Заев во овој споменик треба да се препознае феникс, раѓање на нов живот, затоа што „бранителите на РМ од 2001 год.“ се бореле за нов живот.

Не се разбирам од уметност како г-нот Заев и членовите на комисијата што ја формирал тој, но споменикот ме потсетува на осудата на струмичани која му ја изрекоа во струмичката чаршија во 2001 година кога г-нот Заев наместо да одговори на повикот за негова мобилизација во АРМ, дезертирал во Грција, каде до крајот на „воениот конфликт“ по грчките плажи и во станот на чичко му во Солун „се криел“ од македонската власт. (Да не се разбереме погрешно, денес не го обвинувам г-нот Зоран Заев за дезертерство од АРМ, тој ако дезертирал од АРМ во 2001 г. после потпишувањето на Рамковниот е амнестиран – што ќе рече веќе невин е.)

Во контекст на оваа чаршиско оговарање, овој споеменик подигнат „во чест на бранителите на РМ од 2001 год.“ на мене ми се чини дека на г-нот Заев го асоцира на неговите тогашни проводи по грчките плажи и на тогашните негови ноќни мори од евентална несакана бременост.
Јас сум си „стар модел, со застарена програма“, не се разбирам од совремна уметност, но ако голата жена е симбол на воена храброст, на загинатите во борба за слобода, тогаш предлагам да ги осовремениме и спомениците и бистите на борците од „НОБ и Народната Револуција“. На пример, меѓу бистите на првоборците Боро Џони и Благој Јанков Мучето во малиот градски парк, може да се постави истиот „феникс“.

извор http://papata1962.blog.bg/viewpost.php?id=208142
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
кај се сега женските здруженија да вриштат и пиштат по телевизии? или и ќерките им се шмизли? :toe:

резил. не ми се верува... место да стават канти за отпад, да тргнат коли од тротоари, да закрпат дупки, да турат саглам светилки... ние имаме шмизла (што на сликава изгледа ко проститутка)

еден совет од мене... Кај МКЦ нека ја стаат, па да можат ноќните работнички саглам да се договараат кај да се чекаат...
Потполно се согласувам со тебе :toe:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Инаку ај за шмизлата... белег на Скопје е... а таа раширената во Струмица каква симболика има за погинатите? :uvo:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Пошто "Шмизла" е белег на метрополата,се прашувам дали и на СТЕЧАЈЦИТЕ кои една година седеа пред собрание,ќе им направат и постават скулптура во жена парк,за да можат и пратениците да "уживаат во глетката":kesa:
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Znaci stvarno na gluposta i nema kraj. Potvrdeno.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Кои градски татковци кога ова е дело на Грујо. А и ти од каде и да си, сигурно за некое време во твојот град ке видиш споменик на таксист или на оџачар зашто владата има долги раце и секаде може да си поставува споменици.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ја преместив темава во Архитектура, дизајн и уредување, чунким еден куп архитекти биле и вајари низ историјата а и денес, а башка има врска и со урбаното уредување :) А така... Воедно, додека сте тука, прошетајте по другиве теми, има една и за склуптури од целиот свет, cool e апсолутен шампион по постирање ми се чини на таа тема :smir:

"Шмизла" воедно, како шо читам веќе ја постигна целта. Ај ќе воведеме и традиција да ја фаќаме за лева цицка на поминување, ко Јулија во Верона, како симболика да знаат шмизлите шо ги чека!!!!!!! ОТПОР :))))

И уште нешто: секој кој мисли дека е доволно компетентен да оценува вајарска работа од една факинг сликичка постирана на форум јет будалче. За идејата може да коментирате , ама за дизајнот сеуште не...кај и да е ќе ја видиме лајв ин 3д, па ќе може да се даде суд.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Скопје побогато за четири скулптури



Скопје денеска ги доби првите четири скулптури од владиниот проект за поставување на 36 скулптури во централниот дел на градот.
Скулптурите „Мачка„ „Шмизла„ Девојче„ и „Вљубените„ се изработени од македонски автори.

„Скулптурата како едно решение е препознатлива во сите светски метрополи и таа претставува белег на препознатливост така што од ликовен и естетски аспект мислам дека сите овие скулптурни решенија навистина имаат значаен сегмент и однос спрема граѓанинот.Значи ќе се постави еден посебен пијетет и граѓаните ќе имаат значи еден посебен однос спрема културните вредности и спрема ликовната уметност како едно скуптуларно решение“ изјави Елизабета Кончевска – Милевска, министер за култура

За уметниците поставувањето на скулптурите е редок настан.

„После многу години, луѓето кои што се бават со оваа работа многу добро знаат дека 40-тина години освен со исклучок на неколку скулптури на академик Томе Серафимовски во градов не беше ниту една скулптура поставена .Така да навистина сите треба да ја поздравиме оваа акција и д абидеме среќни што конечно нешто од овој тип се случува во нашава држава’ изјави Томе Хаџиевски, скулптор

Министерката Камчева најави дека до крајот на месецов ќе се постават и две други скулптури, додека до крајот на годината ќе бидат поставени сите 36 скулптури од 26 домашни автори.

Алсат - М




 

TheBossesSis

~ една жеМска со чаша ~
Член од
1 октомври 2007
Мислења
656
Поени од реакции
16
:pos2: wow! која уметност! и скопската шмизла и расчепената струмичанка .
не, шала на страна скопската шмизла на ништо не личи , изглеа ко некоја тешка сељанка у кич облека. утка! а расчепената струмичанка ,ми се свиѓа ко споменик ,самата идеа, ама не е апроприејт малце за паднатите борци т.е. бранители ...
аххх ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom