Владата прави терен за забрана на абортусот

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Каде е сега Св. Наташа да ја слави оваа глупост....

Вакви глупости ме иритираат... Што мисли неписменион Бујар... тој ќе ми забрани и јас нема да абортирам.... па јас ако имам завртено в глава дека сакам да абортирам ке абортирам ... само полошо за него што нема да знае статистика и бутур.. а нема ни скршен денар да земе...
ти се пљукнам во глупиот кретен....

100% трауми влече...изгледа некоја му имала абортирано без да го праша па сега кутричкиот вуче трауми...

ако толку се засекирале за наталитетот нека си увезат косовари ко што увезоа пред некое време а не мене да ми го ускратат правото на избор и абортус...

тоа е више мешање во моја интима... да ти се пљукнам и во бујар и во грујо и во све живо... од вмро до сдс, од дуи до дпа... све живо нек се носи

уф пм се изреволтирав
Hihihi.... i na ovaa tema li ma najde da seres za kosovari i bla bla bla....? Ncncnc...

Tebe definitivno ti nedostiga seks..... pazi ama, bez zastita nikako.... ke treba u Kosova da ides da abortiras.... :vozbud::vozbud:
 
И, дали сеуште навистина мислите дека абортусот ќе биде забранет?
Па и сега е забранет колку што знам. Само ќе се отежни процедурата и ќе се постават почесни правила на игра. Тоа верувам (и се надевам) дека ќе се случи.

-Некои се премлади и психички неподготвени за одгледување потомство ..... зошто и самите се деца...види статистика на малолетни трудници
Се кладиме дека нивниот број е многу помал од 25 годишни, здрави и прави моми, со здрав и прав плод, кои абортираат?
-Некои имаат културолошки и религиозни ограничувања за сексуални односи пред брак кои се појаки од секој друг закон
Нека не се онаквуваат тогаш пред брак. Или нека бидат до крај отворени па нека си растат дете. Избор секогаш имаш што да правиш со твојот живот и без исклучок секогаш се најмалку два. При толкав широк дијапазон на избор ти да си земеш за право да извршиш легално убиство, ми нема смисла.
-Некои шврљале на страна:pos2:
Ма то све треба да се апси :icon_lol:
-Можеш ли да замислиш која траума е да 9 месеци носиш во себе а потоа чуваш дете кое е плод на силување
Ама никој не те врзува да го чуваш, дај го у дом па ќе го земе некој пар кои умираат за дете а не можат да имаат од здравствени причини. Или еве, нека има и за такви случаеви слобода да се изврши абортус. Верувам дека законов нема да биде ништо ново туку ќе се копира од странските закони.
 
И, дали сеуште навистина мислите дека абортусот ќе биде забранет?

иако не верувам и сум цврсто против забрана, еве да претпоставиме дека ќе се донесе овој закон....зар некој мисли дека ќе се спроведува или дека располагаме со ефикасни инструменти за негово извршување и поготово за ефикасни инструменти за борба против абортус на црно!?!?!?! ЈОк бре бачко , Македонија е ова.
Друга работа што ми падна во очи , дефиниравте човек од аспект на биологија, медицина, право....која ќе биде релевантна зне некој или секој по свое видување.
генрално како заклучок...со евентуално донесување на овој закон ќе превладеат негативните работи кои ќе произлезат од неговото донесување , наспроти позитивните. законов е чиста глупост!!!!!!!

Па и сега е забранет колку што знам. Само ќе се отежни процедурата и ќе се постават почесни правила на игра. Тоа верувам (и се надевам) дека ќе се случи.

не е забранет колку што знам,ама си има соодветни процедури кои се пичкин дим...трењба согласност од двајца гинеколози блблабла....во сеој случај ништо слично на предлогов така да тоа можеш да го тргнеш на страна зашто не е тоа тоа. нее експлицитна забрана.
 
Па и сега е забранет колку што знам. Само ќе се отежни процедурата и ќе се постават почесни правила на игра. Тоа верувам (и се надевам) дека ќе се случи.

Забранет...после вториот месец на бременоста, освен во случаите што ги спомнав во еден претходен пост на темава.
 
законов е чиста глупост!!!!!!!
Не. Можеби законов е против твоите интереси, против твоите желби, против она ти како би сакал да биде... ама не е глупост.
За криминалците целиот правилник за кривично право е глупост, ама со нивното мислење не се согласувам јас, а верувам ни ти :icon_lol:
нее експлицитна забрана.
Ќе биде се надевам.
 
јас законов го гледам како нарушување на моите права, како навлегување на државата во сферата на приватните односи , што од правен аспект е катастрофа, еволуција на модерен либерализам накај тоталитаризам. А да не зборам што немаме држава , ниту организација ниту ништо што е потребно за спроведување на законов. а тоа се факти кои вие кои сте за законов го занемарувате!!!!!
 
Ама не можеш бе ада да се ослониш само на "совеста" на народот како тиквичка која ми е нареден цитат. Ко така, за сите злодела треба да постои совеста ко казна. А тоа некако не ми штима, убиј/укради/измами... па после куби коси дека совеста те боцка.
Казни, и тоа строги мора да има. Бидејќи бројот на абортуси кај нас се приближува до бројот на раѓања. Тоа е страшно. Скоро секоја втора бременост се прекинува. Вода можам да им носам на цела Македонија за мојот геноцид (синоќа си го измавав).
Кога велам да се остави на совеста на поединецот, мислам да нема апсолутна забрана на абортус. Пред се, од причина што на тој начин би процветал бројот на тајни клиники, во кои на несоодветен начин би се извршувала таа интервенција.
Па место убиени бебиња, ќе имаме и мртви мајки.
Како на времето, кога ги "прочачкувале", разни бабици, жените, па истиве добивале сепси, искрварувале до смрт и сл.

Да нагласам дека сум ПРОТИВ абортус.
Но, сметам дека апсолутна забрана би имала непосакувани ефекти.
Наместо тоа, како што реков веќе, нека се отежни и направи по-ригорозен процесот кој ќе води до одобрување на абортус.

Алармантен е бројот на абортуси во земјава. Исто како што е алармантна леснотијава со која жените превземаат таков чин. Просто ми се гади од истото.

Затоа е клучно, прво преку рестрикции, а потоа преку подигање на свесноста, да се намали оваа појава.
 
Ама секој закон бе правиче нарушува нечии права ебаго. Туууу што си запнал со тоа твое нарушување на личните права.
Како правник (а не јас со завршено основно образование да те учам) треба да знаеш дека прво се востанува кривично дело и потоа се носат казни против тоа дело. Кривично дело може да биде и мочање на улица.

Кај е правото на дилерот слободно да тргува со дрога у парк.
Мислам,
wtf.jpg
 
Кога велам да се остави на совеста на поединецот, мислам да нема апсолутна забрана на абортус. Пред се, од причина што на тој начин би процветал бројот на тајни клиники, во кои на несоодветен начин би се извршувала таа интервенција.
Па место убиени бебиња, ќе имаме и мртви мајки.
Како на времето, кога ги "прочачкувале", разни бабици, жените, па истиве добивале сепси, искрварувале до смрт и сл.

Да нагласам дека сум ПРОТИВ абортус.
Но, сметам дека апсолутна забрана би имала непосакувани ефекти.
Наместо тоа, како што реков веќе, нека се отежни и направи по-ригорозен процесот кој ќе води до одобрување на абортус.

Алармантен е бројот на абортуси во земјава. Исто како што е алармантна леснотијава со која жените превземаат таков чин. Просто ми се гади од истото.

Затоа е клучно, прво преку рестрикции, а потоа преку подигање на свесноста, да се намали оваа појава.
прашање ада си имала деца ??пошто гледам дека си длабоко навлезена во 20 сетите години

замисли ти да останеш трудна и да имаш 5000 плата?како ќе се снајдеш?
 
Чек чек да не правиме забуни...... овој закон ќе забрани да легално се извршуваат абортуси кај нас или ќе се санкционираат жените од Македонија што го направиле тоа било каде на планетава?
 
прашање ада си имала деца ??пошто гледам дека си длабоко навлезена во 20 сетите години

замисли ти да останеш трудна и да имаш 5000 плата?како ќе се снајдеш?
Ми пречи лажниот морал и оправдувањето на некои постапки кои се водени од себичност.
Факт е дека прекинуваш нечии животни функции. Дали е тоа во зачетокот на животот, или при крајот е сеедно. Сепак, убиството не се мери според возраста на жртвата.
И тоа мора да се нагласи.
А, од егоистични причини, оправдување секој ќе се најде. И крадецот понекогаш се опрвадува со тоа дека, ете, бил во незавидна материјална состојба и морал да украде, но тоа не го менува фактот дека извршил кражба.

За тоа како јас ќе се снајдам ако сум во таква ситуација...Од сегашна перспектива, и според личните уверувања, би го родила тоа дете, без оглед на се.
Но, не сум исклучива. во тврдењето. Затоа и реков дека сум против целосна забрана на абортусот.
Ама, истиот не смее да се сфаќа со таква леснотија како досега.
Не менуваш боја на коса, прекинуваш живот мајку му!
 
ипак ти велиш дека не се знае така?дека ете утре ако имаш едвај за леб и ти трудна би го направила тоа?
 
ипак ти велиш дека не се знае така?дека ете утре ако имаш едвај за леб и ти трудна би го направила тоа?
Да, така рече. И замисли, има цели 15 точки во нејзиниот цитат!
Бидејќи е јавен форум на кој сите учестуваме би сакал да ја знам поентата на твоиве прашања и би те замолил за малку подиректен пристап.
 
ипак ти велиш дека не се знае така?дека ете утре ако имаш едвај за леб и ти трудна би го направила тоа?

Многу луѓе трпат за леб и друго па сепак сакаат да имаат и имаат деца.... ова стварно не држи вода.
 
Многу луѓе трпат за леб и друго па сепак сакаат да имаат и имаат деца.... ова стварно не држи вода.
и како тие деца ќе ги облекуваат школуваат итн а ? пристоен живот зарт тие деца не заслужуваат и твојот не држи вода ова е само демагогија сите велат јас би ама кога ќе стигне до тоа кврц ве нема и пак кај бабицата која ќе ти ја исчистио девојката или пак ти(ако е девојче)

Да, така рече. И замисли, има цели 15 точки во нејзиниот цитат!
Бидејќи е јавен форум на кој сите учестуваме би сакал да ја знам поентата на твоиве прашања и би те замолил за малку подиректен пристап.
Сум директна ада не е директна кажува одоколу да не ја фаќаме за збор дека утре ете ако затрудне а нема средства дека можеби би го арбортирала
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom