Иванов, Керим или Бошкоски?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

За кој кандидат ќе гласате?

  • Ѓорѓе Иванов

    Гласови: 123 34,4%
  • Срѓан Керим

    Гласови: 101 28,2%
  • Љубе Бошкоски

    Гласови: 63 17,6%
  • незнам (или нема да гласам)

    Гласови: 71 19,8%

  • Вкупно гласачи
    358
Статус
Затворена за нови мислења.
'Принципиелните' ставови на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ:

Април 2008:
Љубиша Георгиевски е стар за да биде претседател, а од друга страна Зоран Ставрески е млад и надежен политичар, без црни дамки во својата кариера.

Јули 2008:
Абе Ставрески е добар, ама е неискусен малку за претседател, додека Брат Љубе е вистински докажан патриот.

Октомври 2008:
Брат Љубе е прост и невоспитан, а за разлика од него Керим е признат дипломат кој што е респектиран во светот и по дипломатските кулоари.

Јануари 2009:
Керим е Турчин кој што тресе зелени, ама затоа Ѓорѓе Иванов е образован и угледен човек.

Бее-е-еее!:):):):):)

Ами кој друг,ако не така еден образован и угледен човек како Ѓорѓе Иванов,би се нафатил да создаде нов Македонски устав во кој би се содржеле принципите на Тајванско-Македонската конфедерација.
Ќе си бевме “Република ТајМак“.Можеби затоа толку го сакаат.:pos2:
 
Додуша и толку му трае на ЉДФ веродостојноста на колумните...едвај една недела...додека не го побијат.

Шкариќ бара и професорска одговорност од Фрчкоски

Професорот Светомир Шкариќ бара скопскиот Правен факултет да ја утврди одговорноста на професорот Љубомир Фрчкоски заради невистините што ги напишал за својот колега Ѓорѓе Иванов. Шкариќ, кој го поддржува Иванов во кандидатурата за претседател на државата во рамките на ВМРО-ДПМНЕ, завчера најави дека ќе поднесе и тужба против Фрчкоски бидејќи во колумната објавена во весникот „Дневник“ изнел клевети и навреди и против него.

Во барањето испратено до Факултетот Шкариќ бара за Фрчкоски да расправа Наставно-научниот совет бидејќи „дисквалификациите што ги употребил за Иванов се несвојствени за членовите на академската заедница“

- Освен ова, тој се повикува и на записниците од седниците на Наставно-научниот совет на кои, наводно, јас не сум го поддржувал изборот на Иванов за асистент. Од сите документи се гледа дека тоа не е вистина. На тој начин во случајот го вовлекува и Наставно-научниот совет и тој треба да се изјасни за постапката на својот професор. Ако Факултетот не држи до таа морална одговорност, тогаш е јасно во кои води плива - изјави вчера Шкариќ.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CDDB490E1D749449B3DCF92C60CF789A
 
Љубомир Фрчковски - Како ли само може олку да си ја мрази Татковината...:nesum:
 
Љубомир Фрчковски - Како ли само може олку да си ја мрази Татковината...:nesum:
Па имаме луѓе што работат на тарифа ...платиш и го добиеш..мултипатриотизам(самоинтерес) :toe:
 
Шкариќ бара и професорска одговорност од Фрчкоски

Професорот Светомир Шкариќ бара скопскиот Правен факултет да ја утврди одговорноста на професорот Љубомир Фрчкоски заради невистините што ги напишал за својот колега Ѓорѓе Иванов. Шкариќ, кој го поддржува Иванов во кандидатурата за претседател на државата во рамките на ВМРО-ДПМНЕ, завчера најави дека ќе поднесе и тужба против Фрчкоски бидејќи во колумната објавена во весникот „Дневник“ изнел клевети и навреди и против него.

Во барањето испратено до Факултетот Шкариќ бара за Фрчкоски да расправа Наставно-научниот совет бидејќи „дисквалификациите што ги употребил за Иванов се несвојствени за членовите на академската заедница“

- Освен ова, тој се повикува и на записниците од седниците на Наставно-научниот совет на кои, наводно, јас не сум го поддржувал изборот на Иванов за асистент. Од сите документи се гледа дека тоа не е вистина. На тој начин во случајот го вовлекува и Наставно-научниот совет и тој треба да се изјасни за постапката на својот професор. Ако Факултетот не држи до таа морална одговорност, тогаш е јасно во кои води плива - изјави вчера Шкариќ.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CDDB490E1D749449B3DCF92C60CF789A
“Вечниот“ професор Шкариќ меѓу другото ја има дадено и оваа изјава во Македонските медиуми,е сега немој некој да помисли дека го бранам Фрчко,ама ми се чини дека и овој “вечниов“ не е баш подобен:

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]-Да заклучам. Македонија не треба да склучува билатерален договор со САД од многу причини. Со него ќе загуби многу повеќе отколку што ќе добие. Со САД треба да се соработува во заштитата на меѓународното право, но не и во негово кршење. Македонија не смее да оди во спротивна насока од членките на Европската унија, вклучувајќи ја и Велика Британија која цврсто стои зад Меѓународниот кривичен суд. Па ако Британците не ги изземаат Американците од Судот во Хаг, зошто тогаш да ги изземаме ние кога не сме толку блиски пријатели со Американците како што се Британците?
САД мораат да го напуштат унилатерализмот на меѓународен план. Тој ги води во изолационизам во однос на другите држави и меѓународни институции. Така сметаат и голем број Американци, меѓу кои посебно се гласни во поново вртеме нобеловецот Џозев Стиглиц и Џорџ Сорос.
Треба да се побара помош и од меѓународното јавно мислење, како и од домашните невладини организации. Сакам да го чујам и гласот на Македонскиот хелсиншки комитет за човековите права. Оддамна не го слушам неговиот глас. Можеби веќе не постои.
Светомир Шкариќ

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=62254&idg=3&idb=877&rubrika=Po{ta

[/FONT]
 
Политиката е чист интерес,ако немаш личен интерес не те интересира политиката..исфрли ги Американците и ке станеш парцела(Македонија) на светската карта на продажба ...кој повеќе даде добива на јавна лицитација...е сега Шкариќ ми беше професор он е современик човек пред своето време...сеуште не сме некаде за да можеме на било кој да му кажеме
„НЕ“ или права да бараме во систем што американците го измислија заедно со британците :wink:
 
Е па ученикот го надминал професорот и посериозно ја сфатил работата,само не ми е јасно зошто Шкариќ толку му го дудла на Иванов во последно време,кога не така одамна беше антиамерикански настроен?:toe:
 
ABC друже а да не ја извртуваш поентата сега, што викаш?

А таа е дека Фрчковски лажел, и без оглед на твоето мислење за Шкариќ или Иванов тоа неможе да го испере Фрчко од клеветењето.
 
ABC друже а да не ја извртуваш поентата сега, што викаш?
А таа е дека Фрчковски лажел, и без оглед на твоето мислење за Шкариќ или Иванов тоа неможе да го испере Фрчко од клеветењето.

Абе викам дека Фрчко лаже како и многупати досега,ама и Шкаричов не е баш цвеќе за мирисање ебаго.Одкако му избега синот за ПоП ја смени комплетно својата цел,стана друг човек,во потрага каде згрешил.:toe:
 
И еве пак само едно ке ви кажам...политика е интерес :wink:
кој рекол дека човек со пари не се купува :toe:
 
И еве пак само едно ке ви кажам...политика е интерес :wink:
кој рекол дека човек со пари не се купува :toe:
а нечовек уште побрзо и полесно
Само би додал.:smir:
 
Абе викам дека Фрчко лаже како и многупати досега,ама и Шкаричов не е баш цвеќе за мирисање ебаго.
И што ако Шкариќ не е цвеќе за мирисање?
Муабетов овде е за Фрчко и невистините што ги кажал против Иванов, а не за „антиамериканизмот“ на Шкариќ...
 
Гласав за Бошкоски на анкетава, најспособен е од сите овие да ја води Македонија.
 
Ако Керим нејќе значи дека нешто во Македонија не е во ред..иванов не го познавам..човек што бил на суд неможам да го гласам против моите принципи е ...ама како и да е Фрчко е познат по неговите провокации ...и уште подобро познат како што кажав предходно како „ПЛАТЕНИК„ во меѓународната дипломатија..:toe:
 
И Младенов у Фокус (иако е апла анти-дмпне насторен), го изриба Фрле за лагите и фино објасни кој на кого му должи и кој кого донел на Правен.

А, Фрле осеќам ќе попие уше една, заслужена, тужба.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom