Професори за пофалба - дали има такви?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајанта
  • Време на започнување Време на започнување
Професорката Кате по математика од Орце Николов:pipi:
Денес , како и многу пати до сега, за време на часот ни даваше доста корисни совети и поуки кои секако се од големо значење.Жената се однесува со нас ко да сме и буквално родени деца.Ама денешниот час беше посебен!Толкаво вложување и напори од еден професор да помогне на ученици, и пред се да се обиде да ги разбере и помогне имам видено само од поранешната класна Анета и сегашната Весна.И уште на крај ни вика:немојте да мислите дека е ова изгубен час, напротив треба сите се почесто да држат вакви часови за да сфатите кои сте, што сте, што правите на училиште и безброј други работи.Коментарите на сите од кога изглеговме беа:Ја обожавам Кате по математика.Да, професорке ние ве обожаваме и бескрајно сме ви благодарни!
 
Ima, ima. Momentalno mi teknuva na dvajca. Edniot od sredno, drugiot od fax ama sepak na toj od sredno mu nema ramen. Tipov znaese da ne natera da ucime, prifakase i sali, se smeevme zaedno, znaese da pomogne za sto i da e, ednostavno bese drugar:)
 
Од наша генерација(гимназија велес) нај омилени се Александра Стојановска(македонски) и Сашко Николовски(историја) супер е на часевите, минат брзо и интересно ти е да ги слушаш додека раскажуваат за предметот.
 
Добар професор (од гледна точка на ученикот) е само мртов професор.
 
Добар професор (од гледна точка на ученикот) е само мртов професор.
Не би рекол. Јас учам во Корчагин па одма четворица ќе ти набројам. И верувај ми, веќе сум сигурен дека ниту еден од овие 4ца професори ќе заборавам.

1) Јордан (мислам така се вика), професорот по Географија - прекрасен човек, опуштен е, ич не му е гајле за овие екстерните тестирања и всушност ни пишува најдобри оцени. Притоа има стварно коректен однос со нас, со што не тера самите ние да ја учиме материјата. Заборавив нешто? А да, не пушта на компјутери!!! :pos2:
2) Марија, Математика - некој да ми кажеше лани дека Математиката може да биде толку забавна ќе го полиев со жешка вода. Ама... :)
3) На трето место е мојата класна по Македонски, Митра, не знам зошто пола клас од кај мене не ја сака баш, ама мене ми е закон, ме тера и оние лектири кои не ги сакам да ги прочитам и да дискутирам за нив.
4) Иии на крајот е секако Вера по Историја, неа ја почитувам заради предметот а и плус меѓу омилените сум и. :vozbud:

На сосема другата страна од муабетов, постојат и спротивни случаи, професори кои што буквално те прават будала, ти го упропастуваат денот итн. Е за жал, ваквите се многу побројни. Ама колку ние би требало да ги судиме луѓето не знам. Сепак, дел од нив до лани не биле вакви сигурен сум. Екстерните тестирања ја направија сета оваа фрка, и во нашите, но и во нивните глави. Меѓутоа исто така сигурен сум дека има и такви кои како резултат на своите комплекси од минатото, не трујат нас со проблеми (на пр. намерно ти става една оценка помала, единица или сл.)

Ништо не е перфектно за жал. :(
 
Весела Мукоска - Чинго. Малку е штрактната, ама супер е. Прашањата на колоквиумот прв и беа боза, од есеите дава поени многу, активност и не е некој проблем, и онака си е арна.
 
Учителката од 1во до 4то одделение.
Само таа вреди да се спомне тука.
 
Нормално дека има. Има и професори за пофалба од кои можеш многу да научиш, не само од материјалот, туку и општо за животот да ти бидат узор, а сепак има и од оние другите. Сепак, сметам дека се случува (и покрај фактот што не го спорам дека има и гадови од професори) некогаш учениците/ студентите да не бидат многу самокритични, ама добро.:smir:
 
Нормално дека има.Тоа се професорите што ја сакаат својата работа и не лечат комплекси, туку пренесуваат знаење. Имаат поинаков однос кон студентите(учениците што и да е). Мене искрено најголем впечаток ми има оставено професорот по Современа европска и македонска историја - Владо Поповски. Бил и министер за одбрана, учествувал во формирањето на Уставот ама човекот кога доаѓаше на предавања не се однесуваше како да дошол бог па ние да му се клањаме.Имаше стварно коректен однос кон студентите и секој можеше да си ја добие оцената што ја заслужува дури и повеќе.Ама сепак и асистентката му беше супер (Ина Додовска),а тоа е многу битно затоа што може и професорот да се погоди супер ама асистентот да се однесува како бог и да ги омаловажува и малтретира студентите.:pipi:
 
Има. Кај мене ваков батка е професорот Бошко Николов. Предава електро предмети (мене ми предава електроника и пракса). Човекот толку е упорен да не научи многу од електро струката. Ни ги објаснува лекциите на наједноставен можен начин, има ученици кои ги моли да одговаараат само за да не им стави негативни. Едноставно човекот е легенда.
 
Професорката Сашка од СОУ „Ѓорче Петров “ _ Крива Паланка.Најгоем респект до неа како професорка, како класна и како супер личност :smir:
 
Имаме во Јосип Броз-Горната во битола неколку такви ама за пофалба е Иљо Трајковски по историја најдобар професор по историја на балканот(Прогласен незнам каде :D)
 
Учителката од 1во до 4то одделение.
Само таа вреди да се спомне тука.

Би се согласила со тебе..имам толку убави за мојата учителка,која за жал од скоро не е повеќе меѓу нас,но мислам дека само за неа можам да кажам дека беше се во едно..одличен наставник,предобар педагог,а највише од се голем човек..Марија Миновска од Гоце Делчев-Центар!
иначе за жал,ретки се добрите професори денес,ги има ама мн.малце..
 
Славица- македонски од основно. Жена со предобар карактер и предобри предавања. Си ја обожавам :smir:
 
најдобра професорка е Наде Пецуровска професорка по физика во медицинско
тоа е најдобриот професор на целиот свет
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom