Натпреварување во врска

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Дали некогаш го гледате партнерот како конкурент за нешто? Да сакате да бидете подобри од него, поубави, попаметни, по...?

Дали некогаш сте биле во врска каде партнерот постојано се натпреварувал да биде над вас или да има некој комплекс затоа што мислел дека е под вас на некое поле?

Што мислите за натпреварувањето во врска? Дали секогаш има отворен натпревар, или некогаш тоа е прикриено и не се гледа, ама се осеќа?

Дали една врска за да се развива, потребно е во неа да има доза компетативност или...?

Ваши мислења и искуства, повелете.:smir:
 
Натпревари од било каков вид би сватил да има на почеток од врска за покасно неможам да сватам зошто би се натпреварувал во било што.
 
За убавина не се натпреварувам...секогаш имам поубава женска од мене :icon_cool
 
Натпевар не би го рекол :toe: повеќе доминација ама тука влагаме у друга тема...има некои сакаат да доминираат,сепак јас сум повеќе за компромис оние 50-50 на Трендо :pos2: а да се натпреварувам во убавина со некое женско...да дај губам во секој случај :kesa:
 
Излегов од таква врска среќно и весело :pos: Поглупо од тоа нема значи. Како може некој што ми значи и што го сакам да го гледам како конкуренција у нешто? Ако си у врска, значи ти со него и во добро и во лошо и треба да му помагаш и да се радуваш на неговите успеси, а не да се потсмевнуваш или да не приметуваш дека саканипт твој е среќен и успеал во нешто. Глупости ама страшно ме нервираат. Сметам дека тоа е поради недоволно стабилен карактер и неверување во себе, ама па да дојдеш до тој степен да се натпреваруваш со твојот близок :nenene: Многу е чудно, ти му викаш се вработив, а партнерот ти одговара е па добро де, браво за тебе и менува тема на разговор. Неможеш да се натпреваруваш во физички изглед зашто прво ја сум женско ти си машко, второ сите си имаме различен вкус и на различен начин сме убави.
 
Дали некогаш го гледате партнерот како конкурент за нешто? Да сакате да бидете подобри од него, поубави, попаметни, по...?

Дали некогаш сте биле во врска каде партнерот постојано се натпреварувал да биде над вас или да има некој комплекс затоа што мислел дека е под вас на некое поле?

Што мислите за натпреварувањето во врска? Дали секогаш има отворен натпревар, или некогаш тоа е прикриено и не се гледа, ама се осеќа?

Дали една врска за да се развива, потребно е во неа да има доза компетативност или...?Ваши мислења и искуства, повелете.:smir:
Ах мори мајко... И ова ли постоело? :nesvest: Над мене може да биде, ако евентуално е повисок(или во кревет).Во ниеден друг случај, ситуација и момент, не сакам да се натпреварувам со него, а уште помалку да го чувствувам за над мене. Партнерите во врска треба да се надополнуваат а не да се дистинкцираат. Ако некој сака супериорност, нека се запише на кик-бокс. Дури и кога во некоја фиктивна ситуација, би го почувствувала мојот партнер поуспешен на некое поле, би го поддржала и би ми било мило. Но не би поднела да ме понижува или компромитира на било кој начин мене, со своите успеси. Не чувствувам комплекс на пониска вредност од туѓите успеси, се додека тие се неповрзани со мене. Се додека потоа не се очекува од мене да ги истите надминам.
 
Темава не е глупа, заснована е на реалност: Во оваа приказна нишчо нем`ет мамено:pos2:
Во голем број подолги (посериозни) врски доаѓа до прикриен натпревар, ривалство меѓу партнерите. Ова се должи на многу причини, но најчесто сите влечат корен од исто место. Партнерите, како што се запознаваат подобро, почнуваат (несвесно) да се споредуваат, а потоа и да се трудат да покажат дека се доволно добри (или подобри), дека не се аутсајдерот т.е тој што ќари на туѓа сметка во врската, дека го заслужуваат оној/онаа што е покрај нив... Со време, особено ако силите се изедначени, сето тоа добива форма на натпревар. Ривалството, иако не се случува свесно, е една од најчестите причини за заладување и прекинување на подолгите врски.
 
Бришете ја темава глупа е .....:lud:
Натпревар во врска ..... шо нема да видам и прочитам.....:tapp:
Нема да обесувам, предходните два поста кажуваат се што треба....

Кантаааааа......:baeh:

Како прво, нема што да пишуваш ти дали темата е за во канта или не, си има луѓе кои одлучуваат за тоа. Не пишувај ако не ти се свиѓа и готово.
Секое наредно мислење кое нема да биде во склоп со темата ќе биде бришено. И не ми реплицирај.
 
Алал да ти е за темава.. До кај му е акалот на тој што се натпреварува во врска, тоа е нешто најлошо што може да се случи во една врска.. Нека ми каже некој, дали е нормална желба да сакаш некој да ти се покорува, да те слуша, да ги трпи твојте навреди во една врска.. Дали е нормално да сакаш да владееш со партнерот..??? Да сакаш буквално да му ја избришеш личноста, само да се задоволиш себеси..??? Дали некој воопшто би го истрпил тоа?
 
Дали некогаш го гледате партнерот како конкурент за нешто? Да сакате да бидете подобри од него, поубави, попаметни, по...?

Дали некогаш сте биле во врска каде партнерот постојано се натпреварувал да биде над вас или да има некој комплекс затоа што мислел дека е под вас на некое поле?

Што мислите за натпреварувањето во врска? Дали секогаш има отворен натпревар, или некогаш тоа е прикриено и не се гледа, ама се осеќа?

Дали една врска за да се развива, потребно е во неа да има доза компетативност или...?

Ваши мислења и искуства, повелете.:smir:

Чиста глупост, не треба да има натпревар. баш напротив со меѓусебна поддршка, помагање ЗАЕДНО ДА СЕ ПОДОБРУВАМЕ. Зашто потребата од натпревар? Девојками е поубава од мене......горд сум......девојка ми е попаметна од мене.....среќен сум што освен убава најдов и паметна девојка! Едноставно! Абе натпревари има помеѓу искомплесирани личности шознам. мене ми е глупаво ова.
 
Абе какво натпреварување, не се замарам ја со тоа. Не ја глеам врската како компетиција него како нешто убаво :) А ако она пробува да ме помине во нешто само ќе добие поддршка од мене :)
 
Секоја таква потреба за натпревар или начин да се докаже нешто колку ради реда, се знае како завршува, факат :icon_lol: Убао си пишал Правниче погоре, тоа е.
 
Za nishto ne se natprevaruvame.Znae deka e presrekjna shto me ima,i znae deka sum beskompromisen i bezmilosen so konkurencija.Pa taka,ne saka da mi stane konkurencija nikoja.
A i polesno ke me izgubi,zatoa shto sum ice-cold i ne se palam kako mlad majmun kako nekoi mashki.

Chill out.

:smir:
 
Ne se natrevarauvam so decko mi vo nisto toj e vo nekoi raboti podobar jas vo drugi no zaedno sme odlicen tim :) nema za sto da gledam vo nego konkurencija ili osoba koja ke mi zastane na patot pa da se natprevaruvam da bidam podobra od nego
 
Дали некогаш го гледате партнерот како конкурент за нешто? Да сакате да бидете подобри од него, поубави, попаметни, по...?

Дали некогаш сте биле во врска каде партнерот постојано се натпреварувал да биде над вас или да има некој комплекс затоа што мислел дека е под вас на некое поле?

Што мислите за натпреварувањето во врска? Дали секогаш има отворен натпревар, или некогаш тоа е прикриено и не се гледа, ама се осеќа?

Дали една врска за да се развива, потребно е во неа да има доза компетативност или...?

Ваши мислења и искуства, повелете.:smir:
Токму последната моја врска беше од ваков карактер. Типката не знам зашто, но имаше очајна потреба да пробува да биде подобар медијатор во друптвото од мене. И секогаш ми викаше дај јас да пробам, ај тргни се ти, притоа создавајќи ми напнатост која не доведе до статус бивши... Како и да е, натправарување во врска не мора да постои. Онаа врска која се базира на ценење на вредностите на другиот и нивно разбирање не е врска во која едниот ќе се обидува да биде подобар од другиот, туку едноставно двајцата ќе се надополнуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom