Yugo Fan Club

  • Креатор на темата Креатор на темата sajSiGa
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Со оглед не тоа дека повеќе не се произведува не би било лошо да се отвори и тема за фанови на Југото кое се произведуваше неполни три децении. Иако ужива екстремно лоша популарност можеби по 20 години кај нас Југото ќе здобие статус на култен автомобил како на пример Голф 1 во Германија. Они кои имаат/имале Југовци можат да пишат некои искуства да постираат интересни слики, идеи и тн.

 
ова го имам кажано во неколку наврати на форумов ама и тука ќе го кажам: Југо е нешто повеќе од автомобил, тоа едноставно е како член од семејството:)
 
Proud owner of Yugo. Иако деновиве заебава нешто добро е :). Постаро е и од мене, 20 години на 11 Март :).
 
jjugoto ke prodolzi da se proizveduva samo na drugo mesto vo srbija,ova go kazaaa na rts,ke se premesti fabrikata
 
Тоа е добра работа ама сепак треба да излези некој нов модел на застава или пак да се редизајнира југото да има 2 верзии со 3 и со 5 врати појаки мотори и да се подобрат материјалите и др.
 
Тоа е добра работа ама сепак треба да излези некој нов модел на застава или пак да се редизајнира југото да има 2 верзии со 3 и со 5 врати појаки мотори и да се подобрат материјалите и др.

Абе Југото е препознатливо по тоа што е со 3 врати! Со 5 врати не би било тоа тоа. Иначе последните модели на Југо што се произведуваа до пред некое време имаа мотор од Пежо 107 бензинец и не се покажаа многу добро! Како и да е Југо(заедно со 101, и фичото) се симбол за балканот!
 
Тоа е добра работа ама сепак треба да излези некој нов модел на застава

За да се развие еден целосно нов модел во една фабрика потребни се верувале или не 1 милијарда долари (пола буџет на Р Македонија) :vozbud:
 
Абе Југото е препознатливо по тоа што е со 3 врати! Со 5 врати не би било тоа тоа. Иначе последните модели на Југо што се произведуваа до пред некое време имаа мотор од Пежо 107 бензинец и не се покажаа многу добро! Како и да е Југо(заедно со 101, и фичото) се симбол за балканот!
Не постои таков мотор, Citroen C1 i Peugeot 107 користат мотори од Toyota Aygo
 
мислам дека постарите пежо мотори ги имаше во југото од 106ките
 
Имаа мороти од мазда 2 и автоматски менувач то е лудило :vozbud:
 
Да тоа е моторот од Пежо 206 1,1 мада посилен е 1,3 ЕФИ
 
Ај не лупетајте со 206 ,107 ајговци мајговци,кој го има земено новото југо нека си отвори хауба и нека си прочита ПЕЖО 106 Во времето ни ајго ни бутур не постоеше ! !
А ни ПСА не користат тојота мотори
 
Последните 50 милсам беа со ојачана каросерија мотор од мазда 2 и автоматски менувач
 
Ај не лупетајте со 206 ,107 ајговци мајговци,кој го има земено новото југо нека си отвори хауба и нека си прочита ПЕЖО 106 Во времето ни ајго ни бутур не постоеше ! !
А ни ПСА не користат тојота мотори

Не треси глупости како прво истиот мотор постоеше и во Пежо 206 тоа ти е 1124 кубици 60КС а како второ истиот мотор се ставаше и во Форд Фиеста и Мазда 2. Позз:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom