Да се навратиме на муабетот за доктрина, а не за светските заговори и билдербергови комисии, хазари или Вазари.
1. Зголемување на наталитетот (со олку малце народ ништо неправиме)
*А со повеќе народ шо ќе направиме?

Рекорден буџет?
2. Воведување на беспрекорна демократија
*Утопија. Демократијата сама по себе е беспрекорна измислица.
3. Како последица на точка 2 иди функционирањето по систем на вредности, а не по ситем на заслуги
*Нема беспрекорност. Може да постои тенденција кон подобрување на системот на вредности и тоа е потребно општо, не само за национална доктрина туку за спречување на светов да не оди во мајчина, како шо тргнал. И ова е коректно.
4. Промена на историските учебници спрема моменталните факти
*Промашен муабет...историја мора да има националната доктрина (доказ: сите наши индоктринатори во обид, од 45та до денес), но моменталните факти се спорни овде Тенеќе. Пошто моменталните факти ќе ги согледаме за 20 години.
5. Задолжителна Лустрација
*И апсаана, не само лустрација
Така поединецот го стекнува изгубеното достоинство кога ќе стане едно со нацијата; луѓето тогаш се спремни да се одрекнат од сопствениот идентитет во корист на националната идентификација.
Можеби е екстремно на прв поглед али во секој случај е добар рецепт за национално обединување.
Малее. Уште Сталин да се убаци уз муабет: "Земјата не се раѓа....а луѓе да"

Ќе стане поединецот едно со нацијата кога економски ќе зајакнеме. И не користете искуства од времиња кога сајбии силувале македонки, беселе момчиња или дереле живи без причина.... тогаш лесно својата сопствена чест ќе ја перцепираш на национално ниво.
Денес имаме "парламентарна демократија" во 21-от век. Други се состојбите (манифестно), други би биле реакциите (манифестно, исто така).
И изгубеното достоинство преку нацијата го враќале одродите македонски, само во други нации. А правиот Македонец НИКОГАШ не губи достоинство. И самото потиснување на индивидуалноста во име на колективната свест...преведи го на "пореален" јазик, и имај во предвид каде живееш (ако живееш во Македонија, или барем балкан) = па лесно ќе може да ги видиш последиците. Теорија е теорија, пракса е пракса. Секоја теорија е вредна колку шо може да се имплементира на терен, со шо помалку жртви.
Ако сум нешо нејасен, кажи ќе се дообјаснам, иако мислам ќе ме сфатиш
МАНУ со националната доктрина на Македонија, барем во поставувањето на нејзиниот курс, би требало да има еднакво влијание со уште една организација со слично име = MAN Utd. Таа институција, советот на мудреци, може да се искористи за искуство плус, како шо може да се искористи совет на секој повозрасен трезвен човек - и мора да се запаметат тие совети и лектури кои човек ги добива од постарите конзилиериња. Но, да се земе априори ставот на оваа институција денес како максимална референца по која ќе се работи, е во најмала рака несериозно.
И со оваа вештачки поставена констелативна кохезија на нездрава политичка свест и економска зависност, уште долги години нема да видиме доктрини какви што бараме овде. А нашите сајбии си имаат доктрини свои.... и си ги тераат.
Него, за национална доктрина ни треба чоек кој има три ќерки и ќе ги даде на синовите на Обама, Путин и Џинтао. Тој би бил идеален.