Интересни се ваквите класификации, но никогаш целосно вистинити. Во секоја жена тлее одреден процент од секоја од овие карактеристики, само прашање е која преовладува по број на проценти.
Дали стварно мажите паѓаат на овие типови жени? Со ред...
Да, секој сака да има убава девојка покрај себе која гордо ќе може да ја прошета на улица. Ама во теорија ова изгледа попривлечно, отколку во пракса каде што си влече со себе некои тежини. Атрактивна жена која секој маж ја посакува е жена која има повеќе опции од некоја друга. Во состојба е да бира зошто чергичето и е подолго од обично, па повеќето мажи би изгубиле волја да се докажуваат пред неа цело време и да живеат во страв дека секој момент може да ја загубат за некој подобар.
Свој живот? 8 од 10 мажи (од око лупнато)се посесивни барем до степен да имаат колку-толку увид во животот на партнерката. Ако имаат сериозна врска со ваква девојка, или се крајно незаинтересирани по природа или крајно незаинтересирани за девојкава.
О да, секој маж би сакал да биде со ваква жена некогаш.
Ама за една вечер.
Утредента ќе и се врати на слатката или мајчинскиот тип, зошто тука најдобро се гледа народната: Мажите сакаат дама на улица, домаќинка у кујна и курва у кревет.
Слатка
Со оглед на тоа дека ваквите девојки во денешно време се вистинска реткост, кога ќе ги најдете, чувајте ги како вистински бисер.
Вистинска реткост, егзектли. Поретки се од дијаманти реално.
Тип на жена едино за мажи над 30. До тогаш ќе бараат сексуални предаторки и атрактивни жени, ама кога ќе почне да им гори под нозете, за ваков тип на жена ќе сањаат.
Океј, оваа категорија се/може да се провлекува низ сите останати типови, така да...
Името на категоријата се` си кажува. Постојат другарки за оваа улога. Ниеден маж не би се задоволил со тип на жена што е корисна само како рамо за плачење, освен ако не е во комбинација со „сексуален предатор“ или „мајчински тип“.
Жени: со кој тип од горенаведените се поистоветувате?
Со ниеден. Ко што кажав погоре, во реалниот живот сите сме микс од многу нешта и ниедна девојка не спаѓа во само една од овие категории.
Дали сум
атрактивна е дискутабилно и релативно.
Независна и силна, тежнеам да бидам, но тоа успева само во некој си ран стадиум на врската, додека блискоста е сеуште мала.
Сексуален предатор крие секоја жена во себе, па тоа сум веројатно само во креветот.
Слатка, не би рекла.
Мајчински тип, не ми се за тоа годините.
Карактерна и шармантна... е премногу општо, ама да речеме дека се сметам за таква.
Најдобра другарка, само во ситуации што тоа го бараат, кога треба да го сослушам или советувам. Во некои други треба да се покажат заби; човек треба да се адаптира на условите и ситуациите.