Типови на жени на кои најчесто паѓаат мажите

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.545
Поени од реакции
35.657
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Мажите ги сакаат слатките жени бидејќи им се покоруваат и не влегуваат во конфликти, атрактивните жени им го креваат егото, додека самоуверените и директните знаат да се спротивстават и да го подигнат адреналинот.

Ова се само некои од типовите на жени на кои мажите најчесто "паѓаат". Следи една покомплетна листа:

Атрактивна жена
Мнозинството мажи покрај себе сакаат да имаат особено згодна и убава жена со која гордо ќе прошетаат низ град. Таа на својот партнер му го дига егото меѓу другите жени, но и меѓу мажите.
tipovizeni1.jpg


Независна и силна
Овој тип на жени би одговарале за мажите кои и самите немаат доволно време да посветат на врската. Таа си има свој живот и нема да ви се обеси околу вратот, бидејќи иако сака партнер, не го бара очајно и не е посесивна. Не спаѓа во типот на жените кои бараат од мажот да им ги реши проблемите.

Сексуален предатор
Секој маж барем еднаш во животот би морал да биде со ваква жена. Таа ги сака мажите, го сака и сексот и околу тоа не прави никакви драми. Ужива во телесната љубов и не глуми срамежливка, па поради тоа многу други жени не ја сакаат и во неа гледаат силна конкуренција. Затоа, мажите ја обожаваат :)
tipovizeni3.jpg


Слатка
Оваа девојка е едноставна, мила и во неа нема нити малку злоба. Задоволна е со својот живот и не бара премногу. Со оглед на тоа дека ваквите девојки во денешно време се вистинска реткост, кога ќе ги најдете, чувајте ги како вистински бисер.

Мајчински тип
Овој тип, се разбира, се провлекува низ сите наведени досега, но жената кај која силно е изразена приврзаноста кон фамилијата одговара најмногу за оваа категорија која ја нарековме мајчински тип на жена. Пред се таа сака животот да го посвети на своето семејство - сопругот и децата. Доколку во одреден период од својот живот сретнете ваква жена можеби ќе ја почувствувате како "јамка околу вратот" но после неколку години токму таква жена ќе барате да ви биде животен сопатник.

Карактерна и шармантна
Има мажи кои покрај себе сакаат да имаат жена со силен карактер и посебност во личноста. Оваа жена можеби не е идеална убавица, но нејзиниот шарм ќе заблеска во секоја просторија во која ќе прочекори. Таа е личност со која е многу едноставно и пријатно да се биде во друштво.

Најдобра другарка
Ова е тип на жени покрај кои мажите знаат често да се чувствуваат многу пријатно и комфортно. Само пет минути разговор со неа и им се чини дека ја знаат цел живот. Секогаш е на иста страна со партнерот и го сака истото што и тој.

Слободни мажи: секако, идеалната жена е спој на сите горенаведени, но бидејќи не постои, откријте ја својата приближно-идеална комбинација во наведените примери.

Жени: со кој тип од горенаведените се поистоветувате?
 
Јас сум за независна-силна и слатка во пакет.
 
Малце е глупаво самата себе да се ставам во некоја од групите, затоа што ваљда ќе биде субјективно. Сепак од сите горенаведени групи, според карактеристиките мислам дека би припаѓала во групата слатки девојки.
 
znaci sakas da kazes deka si smirena, trpeliva, dobra i deka razmisluvas najnormalizirano i ne letas ako e taka tamn si :)
 
Зависи од расположението и кој лик сум денес скоро сите..освен атрактивна жена дебелко сум.
 
Мислам дека спаѓам во независна. Не сум опседната со дечкото, не сум посесивна и не сакам друг да ми ги решава проблемите.
 
било каква?
само сукња да носи?:pos2:

Жена е жена. Нема „ваква“ или „онаква“. Ова со поделување во видови може само да го сфатиш како Јинг јанг.
 
...пааа..ја би се ставила у слатка и најдобра другарка..али тоа е само ја како мислам дека сум..најдобро кажуват другите..мислам другите како ме гледат
 
Карактерна и шармантна, и со блага комбинација на другите типови, е мојот избор
 
Од ова горе... комбинација меѓу карактерна и шармантна, и слатка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom