Еве го настанот. Тоа се случува во нашево време, а не пр.н.е.
Извесен доктор (незнам дали е „д-р„ како лекар или „д-р„ како титула) бара прием кај еден светогорски монах. По приемотот, во текот од разговорот, монахот трпеливо го слуша монологот од батката, вклучувајќи и го и докторовиот став дека „..Бог не постои...„. Монахот, слушајќи го таквиот став, се обарќа до еден гуштер („гуштер„ како животно а не како синоним) и му вели (на гуштерот): „Има ли Бог?„. А гуштерот од собата, застанувајќи на задните нозе, прави длабок поклон. Монахот на тој начин, му ја посочил на својот соговорник неговата (докторовата) глупост, оти, штом животното му се поклонува на својот Создател, што тогаш докторот мудрува по својот ум, тврдејќи дека не постои Бог?
Докажувањето на библиските вистини не е потребно заради оние кои веќе имаат доверба во Писмото, туку на оние кои себеси се сметаат за мудри и јако современи и кои ги следат движењата во „модерниов„, атеистички оринетиран и уреден Свет.
Никој не вели дека не смее да се има сомнеж во Писмото. Секој почетник во верата, пред да се утврди во неа, изразува сомнеж во вистинтие библиски, не затоа што не се точни, туку заради неговото непознавање на тие вистини.
Не постојат никакви докажувања кои докажуваат дека Писмото не е точно. Сите здрави науки, со свои методи и со ним својствен речник, не само што покажуваат, туку и потврдуваат дека вистините од Писмото се точни. Своевремено, Кант и Лаплас, творците на теоријата за наснанокот на сончевиот систем, тргнале токму од Писмото/Постанокот, а не од своите празни умови.
Библијата ја побиваат саде измислените квази-науки, како што е еволуцијата, кои ионака ништо неможат да докажат, туку само шпекулираат.