- Член од
- 29 декември 2008
- Мислења
- 1.505
- Поени од реакции
- 43
[FONT="]Епа грешка мислиш пријателе. Ако ти е целта моја дискредитација, онда имаш тотален промашај. А доколку целта ти е да го докажеш спротивното од моето тврдење....тешко некако ти оди.[/FONT]Епа грешка мислиш пријателе. Ако ти е целта моја дискредитација, онда имаш тотален промашај. А доколку целта ти е да го докажеш спротивното од моето тврдење....тешко некако ти оди.
А зошто ? Подолу во репликата.
Темава е отворена тендециозно (види прв пост), но најверојатно судејќи по пишаните постови, не оди во правецот во кој авторот (а и неколку членови) посакувал, па од тука и твојот заклучок дека е експлоатирана од други глупости.
Прво, во недотаток на ФАКТИ и официјални податоци, Јас изнесувам аргументи, кои доколку немаат контрааргументи, пополека стануваат факти. Прави разлика.
Второ, податоците и бројките кои ги изнесов во претходниот пост, се врз база на моја лична и реална пресметка. Сумата до која дојдов на крај (за да биде уште пореално), ја преполовив на два.
И ете, искрено би сакал некој да ме демантира во ова, и да каже реален, не се толку пари бидејќи тоа и тоа не е така. Наместо тоа, добивам некакви нереални споредби со Хрватска, Италија, Германија.... Значи за да се фокусираме на суштината на темата, би ти поставил едно прашање. Дали веруваш во Груевски кога ќе рече дека неговото рекламирање годишно ја кошта државата 6 милиони евра....или мислиш дека сумата е далеку поголема ? На пример околу 50 милиони евра. А што врска има ЕСМ со владиното рекламирање ?
Контрола врз медиумите и врз излезните информации, како разултат на големите финансиски средства кои ги земаат од владиното рекламирање....ти текнуе сега за што пишуваше реален ?
На газдите на медиумите им одговараат бенифициите од владините реклами, па затоа за возврат пуштаат исклучиво филтрирани информации.
Сто пати до сега од Е.К. и од Фуере, имаме слушнато дека медиумите треба да се ослободат од политички влијанија.
Што мислиш кој моментално го има најголемото влијание врз медиумите ?
СДСМ, ЛДП, ДПА.....ДОМ ?
Се разбира, оној кој им закупува половина од рекламниот простор.
Ете, пак правиш неспоредливи споредби. Прво спореди ја раликата во стандардот, па раликата во сиромаштијата, па во невработеноста, па во квалитетот на живејачката помеѓу Европската унија и нас, па потоа спореди кој колку потрошил на реклами.
А и +, рекламите на кои се повикуваш, имаат сосема спротивна цел од овие, нашиве. и се интерпретираат на сосема поинаков начин.
Грешка си ме разбрал. Секој аргументиран пост го заслужува моето внимание. Но потенцирам, пред се', аргументиран.
Па зошто тогаш се впушташ во дискусија за која немаш соодветна аргументација ? И зошто сакаш да ме убедиш во корисноста од рекламите, кога како што велиш не те интересираат моите аргументи.
За тоа постојат анкети. Гласаш со да или не....и готово. Нема потреба од никакво вкрстување на мислења.
Па тоа немора да значи и дека по дефолт треба да се согласам со секое твое мислење.
А што врска има дискусијата со моите форумски пријатели ?
И што е SuicideMessiah па да не го ставам во пријатели ?
Не те разбирам. Тој е исто член на форумов како и јас и ти.
Ете ти упатувам јавна покана за пријателство и на тебе. Не мора да значи дека доколку имаме разединети политички ставови, не треба да бидеме и пријатели. Ваквото размислување е и дел од клучниот проблем во нашево општество, но за тоа во друга прилика.
Свеста не може да се подигне со обележување на поголем дел од народот како предавници. Свесно или несвесно, владата со нејзината политика, се повеќе го разединува народот.
Во голема заблуда си, али не би да те убедувам.А што викаш јас да замижам и да не гледам што денес се случува, па моите пари да почнам да ги барам кај Лазар Колишевски или кај Анте Марковиќ ?
Не поминува бе друже веќе таа приказна.
Не поминува и приказната за пастирот кој демек на заслепените овчички им го осветлил патот. Македонија не почна да живее од 2006-та со доаѓањето на Груевски како што тоа некој сака да го претстави. Македонија живееше и пред 2006-та.
Не ни требаат на нас никакви преродби и подигања на морали.
Нам ни требаше континуитет на патот кој 18 години го одевме, ама тоа некој не може да го разбере.
Што имаме денес ?
Итање кон никаде !?
Каде толку ни ита владата со овие европски закони и казни, кога со нејзината политика од ден на ден се' повеќе не оддалечува од Европа.
Знаеш што викаат постарите.
Ем шуто ем боде.
Не ми е јасно каде е перспективата во денешната политика, било да е на економски, внатрешен или надворешен план.
Ете можеби ти си ја разбрал подобро од мене, па ќе можеш да ми ја објасниш.
Мојата понекогашна арогантност е взаемно почитување на соговорникот со кој дискутирам. Не може јас да потрошам пола саат за да некому му го нацртам мојот став за одредена тема, а тој на крај да ми каже; ти немаш Македонштина, или бегај бе комуњару еден.
Ти имам нели објаснето дека постои голема разлика помеѓу селанец и сељак ? Доколку не, слободно кажи да се дообјаснам за да подобро ме разбереш.
Не застапувам никаква партија, туку само и исклучиво своите ставови. Но веќе да ти кажам право и не ми смета да ме врзуваат со една или друга политичка опозициона партија. После овие 2000 постови веќе утрпнав.
Поздрав и до тебе. Се надевам дека дискусијава ја разбираш само како борба на спротиставени ставови и погледи кон политиката која се води во државава. Ништо лично, и никако поинаку.:smir:
Не не постојано ми зборуваш како нешто сум грешка и како сум утнал ваму или онаму но мислам дека ти не ме свајќаш.Најмалку мојата цел е да те дискредитирам .Но за момент помислив дека некои работи ќе ги признаеш но како што велиш ете тешко ќе ми оди и мислам дека нема да можиме да се убедиме.Но нема врска јас само ти го кажав она што го мислев за тебе и твоето гледање на рекламите.