Не не мислам дека сум ја утнал суштината на дискусијава затоа што мислам дека токму погодив каде што треба.
Епа грешка мислиш пријателе. Ако ти е целта моја дискредитација, онда имаш тотален промашај. А доколку целта ти е да го докажеш спротивното од моето тврдење....тешко некако ти оди.
А зошто ? Подолу во репликата.
Темава е претерано експлоатирана за други глупости.
Темава е отворена тендециозно (види прв пост), но најверојатно судејќи по пишаните постови, не оди во правецот во кој авторот (а и неколку членови) посакувал, па од тука и твојот заклучок дека е експлоатирана од други глупости.
Изнесе некои податоци кои ги нарекуваш факти.Изворот на тие податоци бил "Транспарентност".Дали се тоа истите оние организации што го испитуваат пулсот на народот и рејтингот на партиите.Не не држи ни тоа.Кој верува денес во нив
Прво, во недотаток на ФАКТИ и официјални податоци, Јас изнесувам аргументи, кои доколку немаат контрааргументи, пополека стануваат факти. Прави разлика.
Второ, податоците и бројките кои ги изнесов во претходниот пост, се врз база на моја лична и реална пресметка. Сумата до која дојдов на крај (за да биде уште пореално), ја преполовив на два.
И ете, искрено би сакал некој да ме демантира во ова, и да каже реален, не се толку пари бидејќи тоа и тоа не е така. Наместо тоа, добивам некакви нереални споредби со Хрватска, Италија, Германија.... Значи за да се фокусираме на суштината на темата, би ти поставил едно прашање. Дали веруваш во Груевски кога ќе рече дека неговото рекламирање годишно ја кошта државата 6 милиони евра....или мислиш дека сумата е далеку поголема ? На пример околу 50 милиони евра.
А доколку се тие податоци точни јас дури сега гледам колку ефтино се продало ЕСМ.
А што врска има ЕСМ со владиното рекламирање ?
Јас не знам кој се тие меѓународни институции кои ја опоменале владата
Контрола врз медиумите и врз излезните информации, како разултат на големите финансиски средства кои ги земаат од владиното рекламирање....ти текнуе сега за што пишуваше реален ?
На газдите на медиумите им одговараат бенифициите од владините реклами, па затоа за возврат пуштаат исклучиво филтрирани информации.
Сто пати до сега од Е.К. и од Фуере, имаме слушнато дека медиумите треба да се ослободат од политички влијанија.
Што мислиш кој моментално го има најголемото влијание врз медиумите ?
СДСМ, ЛДП, ДПА.....ДОМ ?
Се разбира, оној кој им закупува половина од рекламниот простор.
но ако навистина сме веќе опоменати јас на тоа би рекол "Му рекло магарето на зајакот ушло" или "Си заметиле тие во својот двор пагледаат кај комшијата".Што мислиш ти колку имаат тие потрошено за,еве на пример кампањата за бојкот на кинеските играчки кој биле отровни?Дали во тоа успеаја?Дабоме.
Ете, пак правиш неспоредливи споредби. Прво спореди ја раликата во стандардот, па раликата во сиромаштијата, па во невработеноста, па во квалитетот на живејачката помеѓу Европската унија и нас, па потоа спореди кој колку потрошил на реклами.
А и +, рекламите на кои се повикуваш, имаат сосема спротивна цел од овие, нашиве. и се интерпретираат на сосема поинаков начин.
И нее цел на моите постови како би го заслужил твоето внимание
Грешка си ме разбрал. Секој аргументиран пост го заслужува моето внимание. Но потенцирам, пред се', аргументиран.
Јас само ти го кажав моето мислење околу рекламите и твојот однос кон тие кои ги бранат,не ме интересира твоето внимание и аргументите кои си ги ставил на маса.Тие аргументи ги има на маса кај тие што ја почнаа оваа кампања
Па зошто тогаш се впушташ во дискусија за која немаш соодветна аргументација ? И зошто сакаш да ме убедиш во корисноста од рекламите, кога како што велиш не те интересираат моите аргументи.
За тоа постојат анкети. Гласаш со да или не....и готово. Нема потреба од никакво вкрстување на мислења.
Тебе ти го пратив моето мислење затоа што сепак мислам дека ќе имаш доблест да признаеш некои работи што другиве не би ги признале затоа што мислам дека откако ќе ги изгледаат вестите седнуваат на комп.и почнуваат:Вие бугарите вака,вие комуњарите онака.
Па тоа немора да значи и дека по дефолт треба да се согласам со секое твое мислење.
Ете жив пример тие Мессиах кој си го ставил во потесниот круг на пријатели.
А што врска има дискусијата со моите форумски пријатели ?
И што е SuicideMessiah па да не го ставам во пријатели ?
Не те разбирам. Тој е исто член на форумов како и јас и ти.
Ете ти упатувам јавна покана за пријателство и на тебе. Не мора да значи дека доколку имаме разединети политички ставови, не треба да бидеме и пријатели. Ваквото размислување е и дел од клучниот проблем во нашево општество, но за тоа во друга прилика.
Нее фер кога ми велиш дека дискутантиве на форумов ги нарекувам бугарофили србомани.Каде го прочита тоа?Јас ти напомнав зошто се рекламите и ти реков да го погледнеш форумот да видиш на што личиме сите ние.Да видиш до каде стаса нашава поделеност.Еден ист народ како се вреѓа и напаѓа.Тука не се работи за предавници или дека нешто му фали па сега ќе го враќаме на правиот пат.Се работи за една реакција на владата која со помош на некоја реклама сака да ја подигне нашата свест.а доказ дека нашата свест е на ниско ниво е токму овој форум каде се вреѓаме и се означуваме на бугари срби комуњари шлакнати и што уште не.
Свеста не може да се подигне со обележување на поголем дел од народот како предавници. Свесно или несвесно, владата со нејзината политика, се повеќе го разединува народот.
Да ги почнеше овие реклами СДСМ сигурен сум 100% ти ќе беше тој што уште пожилаво ќе ги бранеше
Во голема заблуда си, али не би да те убедувам.
Па си набројал некои фирми каде луѓето останале без работа.Ете за ова ти го напишав тоа каде да ги бараш твоите пари.Не ги спомнав залудно малите фабрики погони и авто салони.Ако сега останале 150 или колку беа работници во тоа време кога беа испланирани м.фабрики останаја 1 500 000 работници на улица .Ете ушѓте тогаш беше убиена националната свест на Македонецот.А партијата СДСМ добро знаеше дека со народ кој нема свое ја најдобро се владее.Гледај требаа 19-20г.да почне да се буди и бунтува како што велиш.Вистина е тоа народот се бунтува ама тој бунт најмногу го погоди токму СДСМ на последните парламентарни избори.И тоа е факт нели.
А што викаш јас да замижам и да не гледам што денес се случува, па моите пари да почнам да ги барам кај Лазар Колишевски или кај Анте Марковиќ ?
Не поминува бе друже веќе таа приказна.
Не поминува и приказната за пастирот кој демек на заслепените овчички им го осветлил патот. Македонија не почна да живее од 2006-та со доаѓањето на Груевски како што тоа некој сака да го претстави. Македонија живееше и пред 2006-та.
Не ни требаат на нас никакви преродби и подигања на морали.
Нам ни требаше континуитет на патот кој 18 години го одевме, ама тоа некој не може да го разбере.
Што имаме денес ?
Итање кон никаде !?
Каде толку ни ита владата со овие европски закони и казни, кога со нејзината политика од ден на ден се' повеќе не оддалечува од Европа.
Знаеш што викаат постарите.
Ем шуто ем боде.
Не ми е јасно каде е перспективата во денешната политика, било да е на економски, внатрешен или надворешен план.
Ете можеби ти си ја разбрал подобро од мене, па ќе можеш да ми ја објасниш.
Твоето арогантно однесување понекогаш како што велиш нее ништо друго туку тоа тие наследно.Во се и во целост си ја наследил причината која најмногу придонесе рејтингот на луѓето што ги браниш да е онаму каде што е.
Мојата понекогашна арогантност е взаемно почитување на соговорникот со кој дискутирам. Не може јас да потрошам пола саат за да некому му го нацртам мојот став за одредена тема, а тој на крај да ми каже; ти немаш Македонштина, или бегај бе комуњару еден.
Но како што рече да не стане дискусијава безпредметна и да пишуваме цела ноќ овде ке прекинам а ти можеш и понатаму да разбиваш,да демаскираш и да правиш попара се и сешто па ете и мене пошто ти признав дека јазикот на кој се справуваш со нас селјациве пари ти вреди.
Ти имам нели објаснето дека постои голема разлика помеѓу селанец и сељак ? Доколку не, слободно кажи да се дообјаснам за да подобро ме разбереш.
Пријателе поздрав и ако сум те навредил сигурно било во склоп на партијата која јазастапуваш никако поинаку.
Не застапувам никаква партија, туку само и исклучиво своите ставови. Но веќе да ти кажам право и не ми смета да ме врзуваат со една или друга политичка опозициона партија. После овие 2000 постови веќе утрпнав

.
Поздрав и до тебе. Се надевам дека дискусијава ја разбираш само како борба на спротиставени ставови и погледи кон политиката која се води во државава. Ништо лично, и никако поинаку.:smir: