Ти си Македонија! Дали?

Дали ги поддржувате кампањите "Ти си македонија"


  • Вкупно гласачи
    121
Абе иди бегај само глупости пишувате со Реалниот и Марсовка и нон-стоп само за перење на мозок зборувате а уствари вие се понашате ко вас да вие испран мозокот.Излезе Макрадули или кој беше и кАжа дека сакал да знае каде му се трошат неговите пари и толку требаше да си го врзите вие вкрпче и да лаете за тоа 2 месеци.
Да те потестам дека Реален уште пред да излезе Макрадули, овде пишуваше за криминалот кој се прави со наводните реклами за "освестување" на Македонците, и тоа со конктерно пресметана сума за потрошените пари која изнесува некаде околу 50 милиони евра на годишно ниво (ова Макрадули некаде го има спомнато?), така да твојата теза погоре не држи вода.

Друга работа е навиката која ви прејде во пракса, да секој кој не се согласува со вашите аргументи го прогласувате за сдсмовец соросоид, предавник или дрн дрн јариња.
Тоа само говори за вашата безаргументираност во секоја дискусија.
Залепи му предавничка етикета и енд оф дискаш'н.

Мислам, надвор од здрав разум е Македонка и Марсовка да ги поврзеш со СДСМ, али фурајте си филм и мислете дека сте во право, шо друго да ти кажам.
Веќе реков ако нее Никола ќе биде Бранко или Станко Или секој на кој ќе му се пружи шанса.Па и подобро да знаеш дека некој ги потрошил на некакви реклами и кампањи од колку да ти ги укради на начин како што знае само сдс.
Ете бе другар жив пример за перењето мозок.
Тебе веќе те убедиле дека една третина од буџетот на државава е нормално да се краде или да се пере, па апашлукот што се прави го сведуваш на нормална и ирелевантна работа, а дискусијата за тоа кој краде и зошто краде ја сведуваш на изборот - кој има право да краде.
Тоа е класично перење мозок.
Ова е точно но дај ти тогаш кажи зошто ни се случува ова што ни се случува.Зошто се расправаме дури на моменти преминуваме на навреди.Зошто ти на пример знаеш дека си Македонка а се инатиш со некого дека тој божем не и мисли добро на Македонија.
Јас истото прашање би ти го поставил во обратна насока.
Зошто само подржувачите на ДПМНЕ мислат дека се избрани од Бога за да бидат Македонци ?
Зошто сите останати се предавници ?
А ако веќе толку те интересира каде се твоите пари прашај го тој што прв го покрена ова прашање.И ако толку добро работите со бројки, со пријателот Реален дај направете го чатипот кога пропаѓаа фабриките од 1990 до 1998 па да видите тогаш кај ви отидоја вашите пари.
Јас упорно чекав 98/02 некој аргументирано да докаже каде отидоа моите пари, но во тој период никој тоа не го стори.
Потоа дојде едно мало младо и перспективно чоече со економски факултет, и ми даде надеж дека коа ќе ја освои власта, конкретно ќе ми каже каде отидоа нашите пари.
Ништо и од него.

Наместо аргументирано, и тој продолжи реторички.....а наместо домаќински , почна да се однесува расипокуќнички.
Наместо департизација, ја партизира и последната пора од општествениот живот во државава.
Наместо справување со олигархијата, тој си направи нова, негова олигархија.
Наместо да не обедини, тој не разедини како никогаш досега.

Каде се другар украдените милијарди кои малото чоече не ги вадеше од уста коа беше во опозиција ?
Не случајно во претходните постови ти ги спомнав Буле и Панде.
Нивните проневери или наводни проневери изнесуваат 2,75 милиони евра. Ете стави ја наводната проневера на Заев која изнесува 8 милиони евра.
Вкупно околу десет милиони.
Мене илјади и милиони не ме интересираат.
Нели милијарди беа во прашање.
Каде се милијардите ?

Или милјардите служат само како изговор за да се покријат милионите кои денес исчезнуваат ?

Треба ли сеа сите да ќутиме бидејќи Гвујо ве лаже оти пред него некој многу крадел па затоа не ни ја бива државава ?
Доколку не ве лажел, уште еднаш ќе прашам:
Каде се украдените милијарди ?


Најсе, твое лично и ексклузивно право е да се интересираш или не се интересираш каде одат твоите пари.
Но немој на мене да ми го спориш тоа исто право, бидејќи околу 50 000 денари (некогаш поголемиот дел од профитот) мои пари месечно одат во државна каса по основ на разни даноци.

И смртно сум заинтересиран дали тие исти пари се трошат ефективно, или одат во ветер.
Дали со нив ќе се изгради некој регионален пат, некое училиште, некој социјален стан, дали ќе се отвори некое ново работно место....
Или ќе се изгради некоја црква на плоштад, некој споменик, ќе се фрлат за некакви компјутери и по некоја реклама, ќе се дадат на администрација.....или пак можеби ќе одат во некој приватен џеб.

Значи која е логиката ако јас како лојален граѓанин, редовно и прецизно си ги исполнувам сите обврски кои од мене ги бара државата, а за возврат да не ме интересира дали државата мене ми обезбедува услови за работа егзистенција и понатамошно опстојување ?

Која е логиката на пасаивноста и незаинтересираноста спрема трошењето на нашите пари ?

Можеби така се однесуваш бидејќи сеуште не си сватил дека тоа се наши.....,а не нивни пари.
 
Напишано од realen_07
АА се јави опозиционерот никогаш позагрижен за своите пари.Што да ти правам бе пиле неможам да ти ги вратам.:pos2:
Друга работа е навиката која ви прејде во пракса, да секој кој не се согласува со вашите аргументи го прогласувате за сдсмовец соросоид, предавник или дрн дрн јариња.
Тоа само говори за вашата безаргументираност во секоја дискусија.
Залепи му предавничка етикета и енд оф дискаш'н.
Изгледа се расправаме бесцелно пошто и јас би го рекол истото.Дали и вас вие во пракса ако некој не се согласува со вашите ставови да го прогласите патриот, антички македонец,сељак ,бугараш итн итн.Му рекло магарето на зајакот ушло.
Мислам, надвор од здрав разум е Македонка и Марсовка да ги поврзеш со СДСМ, али фурајте си филм и мислете дека сте во право, шо друго да ти кажам.
И јас не знам каде е комитетот на ДПБНЕ па веќе сум обоен за некој ставови кои ги бранам.
Зошто само подржувачите на ДПМНЕ мислат дека се избрани од Бога за да бидат Македонци ?
Вака можиме да си префрламе до утре нели.Зар само СДС е избран да владее во Македонија?
Можеби така се однесуваш бидејќи сеуште не си сватил дека тоа се наши.....,а не нивни пари.
Моите пари владата ги троши на споменици и реклами и кампањи кои се пари планирани за културата и министерството за култура.Дај сега ти кажими каде се моите пари кога беше Бранко на власт и ја спроведуваше криминалната транзиција.Вака исто лаевте кога Војводата Љубџо ги трошеше за Охрид за Плаошник а потоа Бране не промаши гостите кои доаѓаја од странство да ги прошета таму и да ги покаже сите убавини и кул.историски споменици кои се правеа исто со нашите пари.
 
АА се јави опозиционерот никогаш позагрижен за своите пари.Што да ти правам бе пиле неможам да ти ги вратам.:pos2:
A ти ме знаеш лично, или претпоставуваш дека никогаш не ме интересирало трошењето на народните пари ?
Зар само СДС е избран да владее во Македонија?
Kој го рекол ова ?
Моите пари владата ги троши на споменици и реклами и кампањи кои се пари планирани за културата и министерството за култура
Ај те молам најди ми ја ставката од министерството за култура со која е планиран буџетот за парите кои отидоа за реклами (годишно 50 милиони евра).
Дај сега ти кажими каде се моите пари кога беше Бранко на власт и ја спроведуваше криминалната транзиција.
Па нели требаше Гвујо да ги најде....или грешка сум ?
 
Напишано од realen_07A ти ме знаеш лично, или претпоставуваш дека никогаш не ме интересирало трошењето на народните пари ?
Од преголема загриженост по париве наши не знаете ни за шала.
Ај те молам најди ми ја ставката од министерството за култура со која е планиран буџетот за парите кои отидоа за реклами (годишно 50 милиони евра).
Колку ти што ќе ми ги најдеш ставките на буџет во времето од1991-1998г.И докази како се трошеле тогаш парите наши.Јас ете ти кажав парите мои Гвујо и компанија ги трошат по Шмизли,носорози,скулптури,курци палци, реклами,безвредни кампањи него еве сега ти кажими каде се трошеја пред 15 год кога се затворија сите капацитети.
Па нели требаше Гвујо да ги најде....или грешка сум ?
Требаше?Незнам.Секој пред да дојде фаќа по нешто.И Бранко го фаќаше октоподот па кој денес зборува за тоа.Неможе човек сам да се улови.Па сепак Грујо се обиде нешто кога експресно го обвинија за пол.реваваншизам и го повикаја членството на улица да протестира а да не знае за што.
 
На форумот можат да се прочитаат постови каде некој како тебе и Марсовка велат дека кога би се отвориле границите веднаш би заминале без да се свртат назад.Се земаат БГ државјанства и сега некој со нив мафта како имало 100 000 татари овде.Можи се осеќаш како Македонка но тоа неверувам дека го чуствуваш во тебе.


Би те замолила да најдеш мој пост каде што сум напишала дека ако се отворат границите јас ќе си заминам од Македонија.:tapp::tapp::tapp:


Но и покрај се, ти јас па и сите кои се расправаме овде сме МАКЕДОНИЈА нели?

Да точно,а за расправањето http://www.forum.kajgana.com/showthread.php?t=34609
 
Колку ти што ќе ми ги најдеш ставките на буџет во времето од1991-1998г.И докази како се трошеле тогаш парите наши.

Ова е сепак еволуција во пристапот. Во слични ситуации, Љубче обично одговараше “па и СДСМ така правеше:toe:“.
 


Би те замолила да најдеш мој пост каде што сум напишала дека ако се отворат границите јас ќе си заминам од Македонија.:tapp::tapp::tapp:




Да точно,а за расправањето http://www.forum.kajgana.com/showthread.php?t=34609
Добро ти си ме сфатила буквално.Сепак едно извинување.Го разгледав она што си го напишала околу поделбите.Епа токму тоа е причината за кампањата и рекламите.Поделени сме ко никој друг но сепак ние смеМакедонија.Такае?Сеа уште да тргнеме на четврто дете и кој е ко нас.:pos2:

Ова е сепак еволуција во пристапот. Во слични ситуации, Љубче обично одговараше “па и СДСМ така правеше:toe:“.
Абе кој го ебава Лјубџо и тој нее ништо подобар од Бранко.Па и Ушло.А Никола?Ќе го видиме и него.Рано е за него.:nenene:
 
имаме ваква реалност

во Македонија тешко се живее, над нас се надвиснати структури внатрешни и надворешни кои го разнебитуваат националното чувство на Македонецот.

едноставно кампањата доколку има ефект врз целна група, младината во никој случај нема да е промашена. се што го потикнува и разгорува патритизмот и националното воздигнување е само на корист на државата.

претходните власти додека Македонија беше уште млада држава беа оперирани од национална свест и затоа на некои луѓе им се чудни овие кампањи кои требаше уште во раните 90 да се направат. Неводењето грижа за националниот код на Македонецот од властите во 90-те придонесе формирање на аморфна маса на ``растенија`` оперирани од национални чувства.
младината која иди е далеку попатриотска и таа ќе е двигател на нашиот развој како Нација. После ова никогаш нема да е исто, цел код на вредности се врежани во главите на младите кои допрва доаѓаат, политиките и дејанијата кои националните белези ги ставаат намерно или немнамерно настрана во иднината се осудени на неуспех во Македонија...затоа

ТИ СИ МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА Е ДЕЛ ОД ТЕБЕ!

Убаво кажано нема што,само си заборавил можеби намерно да ја напоменеш визната либерализација која е неопходна за ова ГЕТО,во кое нажалост имаме веќе 18 годишни граѓани кој никако не виделе или помирисале барем малку од опојниот мирис на другите цивилизации.
-Владините Реклами сега ни идат во прилог,слично како да живееме во Северна Кореа па Ким Јонг Ил преку нив сака да го подигне моралот на народот,особено на младата популација.:toe:
 
Колку јас повеќе „кењам“ (колку само ми се допаѓаат ваквите изрази) за обединување толку вие повеќе ме напаѓате. Јас сеуште КЕЊАМ да се обединиме а истото го кењаат и рекламите на Груевски. Гледаш иако не сум дел од неговата партија сепак имам некои допирни точки со човекот. Додека то Реален 07 , марсовка, а и други по формов патите од комплекси создадени од вашите партии и вашата уништена „светла иднина“ која ја имавте пред са се појави Груевски на сцена :vozbud:.
Јас секогаш изнесувам мои лични размислувања и идеи, не бранам партии и политичари, ниту пак ги напаѓам како карактери , освен некои од одлуките кои ги носат. Вам ви смета се што направил Груевски само заради тоа што е Груевски од ВМРО и заради истите причини ви смета и обединувањето на самите нас - Македонци (ако воопшто ви значи тоа нешто) ... Жално е!

Е Марсовче мало и марсулаво... никој не те праша каде шетам, а и таму каде што шетам , сум стигнал затоа што сум решил да работам и заработам. Татко ми ниту е дипломат а ниту пак Мајка ми, визниот режим на Македонија не падна за мене , да заминам , а вам сега пак ви ги затворија границите, а бевте толку желни да работите некаде! Не ме тегни за јазик те молам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom