realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Да те потестам дека Реален уште пред да излезе Макрадули, овде пишуваше за криминалот кој се прави со наводните реклами за "освестување" на Македонците, и тоа со конктерно пресметана сума за потрошените пари која изнесува некаде околу 50 милиони евра на годишно ниво (ова Макрадули некаде го има спомнато?), така да твојата теза погоре не држи вода.Абе иди бегај само глупости пишувате со Реалниот и Марсовка и нон-стоп само за перење на мозок зборувате а уствари вие се понашате ко вас да вие испран мозокот.Излезе Макрадули или кој беше и кАжа дека сакал да знае каде му се трошат неговите пари и толку требаше да си го врзите вие вкрпче и да лаете за тоа 2 месеци.
Друга работа е навиката која ви прејде во пракса, да секој кој не се согласува со вашите аргументи го прогласувате за сдсмовец соросоид, предавник или дрн дрн јариња.
Тоа само говори за вашата безаргументираност во секоја дискусија.
Залепи му предавничка етикета и енд оф дискаш'н.
Мислам, надвор од здрав разум е Македонка и Марсовка да ги поврзеш со СДСМ, али фурајте си филм и мислете дека сте во право, шо друго да ти кажам.
Ете бе другар жив пример за перењето мозок.Веќе реков ако нее Никола ќе биде Бранко или Станко Или секој на кој ќе му се пружи шанса.Па и подобро да знаеш дека некој ги потрошил на некакви реклами и кампањи од колку да ти ги укради на начин како што знае само сдс.
Тебе веќе те убедиле дека една третина од буџетот на државава е нормално да се краде или да се пере, па апашлукот што се прави го сведуваш на нормална и ирелевантна работа, а дискусијата за тоа кој краде и зошто краде ја сведуваш на изборот - кој има право да краде.
Тоа е класично перење мозок.
Јас истото прашање би ти го поставил во обратна насока.Ова е точно но дај ти тогаш кажи зошто ни се случува ова што ни се случува.Зошто се расправаме дури на моменти преминуваме на навреди.Зошто ти на пример знаеш дека си Македонка а се инатиш со некого дека тој божем не и мисли добро на Македонија.
Зошто само подржувачите на ДПМНЕ мислат дека се избрани од Бога за да бидат Македонци ?
Зошто сите останати се предавници ?
Јас упорно чекав 98/02 некој аргументирано да докаже каде отидоа моите пари, но во тој период никој тоа не го стори.А ако веќе толку те интересира каде се твоите пари прашај го тој што прв го покрена ова прашање.И ако толку добро работите со бројки, со пријателот Реален дај направете го чатипот кога пропаѓаа фабриките од 1990 до 1998 па да видите тогаш кај ви отидоја вашите пари.
Потоа дојде едно мало младо и перспективно чоече со економски факултет, и ми даде надеж дека коа ќе ја освои власта, конкретно ќе ми каже каде отидоа нашите пари.
Ништо и од него.
Наместо аргументирано, и тој продолжи реторички.....а наместо домаќински , почна да се однесува расипокуќнички.
Наместо департизација, ја партизира и последната пора од општествениот живот во државава.
Наместо справување со олигархијата, тој си направи нова, негова олигархија.
Наместо да не обедини, тој не разедини како никогаш досега.
Каде се другар украдените милијарди кои малото чоече не ги вадеше од уста коа беше во опозиција ?
Не случајно во претходните постови ти ги спомнав Буле и Панде.
Нивните проневери или наводни проневери изнесуваат 2,75 милиони евра. Ете стави ја наводната проневера на Заев која изнесува 8 милиони евра.
Вкупно околу десет милиони.
Мене илјади и милиони не ме интересираат.
Нели милијарди беа во прашање.
Каде се милијардите ?
Или милјардите служат само како изговор за да се покријат милионите кои денес исчезнуваат ?
Треба ли сеа сите да ќутиме бидејќи Гвујо ве лаже оти пред него некој многу крадел па затоа не ни ја бива државава ?
Доколку не ве лажел, уште еднаш ќе прашам:
Каде се украдените милијарди ?
Најсе, твое лично и ексклузивно право е да се интересираш или не се интересираш каде одат твоите пари.
Но немој на мене да ми го спориш тоа исто право, бидејќи околу 50 000 денари (некогаш поголемиот дел од профитот) мои пари месечно одат во државна каса по основ на разни даноци.
И смртно сум заинтересиран дали тие исти пари се трошат ефективно, или одат во ветер.
Дали со нив ќе се изгради некој регионален пат, некое училиште, некој социјален стан, дали ќе се отвори некое ново работно место....
Или ќе се изгради некоја црква на плоштад, некој споменик, ќе се фрлат за некакви компјутери и по некоја реклама, ќе се дадат на администрација.....или пак можеби ќе одат во некој приватен џеб.
Значи која е логиката ако јас како лојален граѓанин, редовно и прецизно си ги исполнувам сите обврски кои од мене ги бара државата, а за возврат да не ме интересира дали државата мене ми обезбедува услови за работа егзистенција и понатамошно опстојување ?
Која е логиката на пасаивноста и незаинтересираноста спрема трошењето на нашите пари ?
Можеби така се однесуваш бидејќи сеуште не си сватил дека тоа се наши.....,а не нивни пари.