На кого му е смачено од македонизирање на англиски речник нека дигне два прста!

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Овде напишано онака по малце збор два не ми смета,чак и интересно е.
Надвор и по телевизии кога некои покондурени сељчишта се користат со изрази кои имаат соодветен Македонски превод за да прозвучат продуховено и писмено ми иде да зеам убијам бога у нив.
 
Па, зависи... Не ми е баш смачено, кревам еден прст (среден :icon_lol:)

Не ме нервира толку многу кога некој ќе употреби англиски збор наместо македонски. Од премногу филмови, некогаш спонтано ти доаѓа да ти излета некоја англиска фраза или збор што во моментот не можеш да му најдеш посоодветен превод на македонски. И мене ми се случува, а не ми смета да читам/слушам нешто такво, се додека не се претерува со тоа.

Многу повеќе ми се смачува англизирањето на македонскиот речник. Си земаме англиски зборови, ги приспособуваме ако има потреба и си ги користиме наголемо. Вака некако му доаѓа:

Стајлинг, стајлиш, фенси, хелоу, бас, плеер, геј, и да не почнам да редам зборови од повеќе слогови, секој втор подолг збор што го користиме секојдневно има странско потекло. И овие зборови си се стандардизираат, влегуваат во официјална употреба, се користат слободно на телевизија и така натаму. А ако се подзамислиме, за скоро секој има соодветна македонска замена. :smir: Ама, ај.
 
Не ми смета (повеќе ме нервираат правописни грешки) којзнае колку, интересно е да се вметнат по збор-два онака, но лошо е кога се претерува „видете ме знам англиски“.
 
Ова од увек било многу дебилно, мислам шо е фората, да докажат луге дека знаат англиски ?! Бреј голема работа, ко демек некој уопште го заболе кој колку англиски знае! Моронски изгледаат постови како "... бла бла бла ... ју гат д поинт ?", па уште и на кирилица напишано .. ужас !
 
Незнам дали има луѓе да се фалат за Англискиот јазик бидејќи сите го владеат претерано добро. Значи никогаш нема место за фалба туку повеќе напишано такви зборови се од потреба бидејќи понекогаш нема добар соодветен збор на Македонски јазик.
 
На пример ?
 
Хмм потреба да...ама за да се биде интересен ништо повеќе.Се може да се каже на македонски и да се напише, секако :wink:
 
Фрази најмногу. Па што е лошо ако некој сака да испадне поинтересен. Ова е и таков форум. Уствари ватевер секој си има свое мислење.
 
Абе сакам да пишам на кирилица и коа не ме мрзи мењам на English за секој збор ама некат ме мрзи.. гет ит? :)

Забораив и да кажам дека користам само за имиња на филмови и слично не без везе колку да се каже дека е англиски.. така без везе само гет ит ми е у навика веќе :) а и се навикнуем и од мсн некој зборови на англиски да ги пишам зашо мрзам коа ми се избацуваат фаци дур си пишам на МКД (мислам на анимации на пр пишам јас точак и сликичка од точак) и да не мењам на англиски сликичка за точак ми е на бајк :)
 
epten me nerviraat takvite zborovi napisani na makedonski,kako da nemame jazik za razbiranje,pa aj angliski da se razbereme ili so e fintata '"znam angliski"?!glupo mi e nekako ...
 
епа кога можеме ние да пишуваме на Македонски со латинично писмо зс да не можеме да пишуваме Енглески на кирилица:)
темава сакс! сепак секој може што сака и каде сака да си праи и како сака да си праи а тоа дали некој нервира или не , не е ни најмал проблем на тој што сака така да се изразува...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom