Промовиран новиот спот на Милчо Манчевски Macedonia-timeless

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Najgolemiot problem e samiot plagijatorlak!
Извини, ама не е тоа најголемиот проблем. Нека и дигнал од некаде по нешто (Грузијци, Ерменци, не ме интерсира). Ннајголемиот проблем е што спотот, според мене, не ја врши улогата која треба да ја врши - да информира за Македонија и истовремено да заинтригира луѓе што не знаат за Македонија. Мислам дека тоа не го прави.

Инаку да се разбереме, Милчо има жичка на гениј...

А опаската дека сега е “дворски режисер’’ е новост за мене. Лошо ќе е ако е така, а изгледа дека е.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
zemaa akteri ,pejacki za nivnite reklamni spotovi ..pocnaa i reziseri da zemaat
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Како прво, подршка за овој начин на презентација на државава.
Сепак е подобро парите да одат на овој тип на рекламирање, одошто да се прави реклама од 400 илјади евра во знак на подршка за влез во ЕУ, иако се знае дека подршката во Македонија е поголема од сите земји аспиранти.

Ме изненадува критичкиот осврт на македонската јавност спрема спотот, се разбира оправдано, бидејќи со самиот факт дека спотот го режира брендот Милчо Манчевски, и самиот факт дека буџетот на спотот е 190 илјади евра, ги подигнаа очекувањата за крајниот продукт.

Би се сложил со дел од критиките.
Спотот е пренатрупан со премногу информации во него.
По мое видување, би требало приказната да биде поедноставена.
На пример, почеток со неколку историски мотиви, заплет и кулминација со убавините на Македонија, а расплет, со современи и урбани кадри. Сепак голем дел од луѓето кои ќе го видат спотот на CNN, Македонија (а и Балканов) ја паметат по вестите од 2001, па токму со кадрите од современа Македонија, би требало да се делува на нивната потсвест и да се заокружи целава приказна.

Трите пораки од спотот би требало да бидат:
- Македонија, држава со богата историја.
- Македонија, држава со ретки природни убавини.
- Македонија, дел од современиот свет.

Ова последното во сегашната приказна изостанува, без да навлегувам во техничкиот дел на проектот.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Трите пораки од спотот би требало да бидат:
- Македонија, држава со богата историја.
- Македонија, држава со ретки природни убавини.
- Македонија, дел од современиот свет.
Четврта порака и најбитна:

Македонија, заеби, терај понатака!
 
P

Princ

Гостин
Повлечете го спотот ВЕДНАШ!
ЗА уметноста можеме покасно да расправаме.
Плагијат на CNN не смее да оди во никој ебан случај!
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Ne e los spotot be .. tocno deka moze podobro , ali aj vie naprajte go .. so znam , za vakva drzava i ova e dovolno ..
 

ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Не е богзнае што ама па не е ни лош.....просечен спот што тешко дека ќе заинтересира странец да ни дојде на гости.:toe:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ne e los spotot be .. tocno deka moze podobro , ali aj vie naprajte go .. so znam , za vakva drzava i ova e dovolno ..
И мене ми се допаѓа спотот и јас кажав.

Но ме иритира што е плагијат тоа е проблемот, како може на CNN сега да прикажуваат спот за Македонија кој е копија на спот од друга држава?:uvo:
А Georgia е Грузија по нашки така?
 
Член од
2 април 2007
Мислења
394
Поени од реакции
13
Ако е за промоција на Македонија како туристичка земја ок, само кога ќе дојдат туристите да речеме во Скопје или Гостивар или Штип или Тетово или Берово што ќе видат? Дури и Охрид не е ко што треба среден...
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Одличен е спотот браво за милчо а слушнав нешто се бунеле другите заедници што живеат во Македонија па кој ку*ац им е нив шо сакаат да има тие?
 
P

Princ

Гостин
Дури и Охрид не е ко што треба среден...
А и Биљана платно белеше на преспанските извори според спотов.
Повлекување на спотот, веднаш. И извинување до сите. Може Манчевски (режисер што го обожавав а сега веќе очи не сакам да му видам) и подобро за 190.000 евра. На крај краишта, дајте му уште 190.000, само плагијат да не оди.

 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
На вестите Милчо рече дека намерно биле остаени рефлекторите :kesa:
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
Спотов е како шпица за ’Индијана Џонс и ковчегот тра ла ла’ или ’Мумија’!:)

Претпоставувам дека Американец или Германец кој работи по 10 саати на ден турбо и живее за денес и утре, ќе си помисли: Македонија е значи земја на духови... некои стари работи, гатаљски во неа, хиероглифи, цркви и статуи.. со ора и ритуали некои таму...
Ова звучи страшно!
Пораката на спотот е, ние имаме минато, тешко тешко, мачно, стар народ сме ние, стари души, имаме багаж еееее.

Треба да има малце ведрина во спотот, малце надеж, и малку повеќе од сегашноста, се согласувам со ова. Симе нека го стават на пијано, под небо во залез со ензерото во позадина ( ај и Канео нека се гледа:)), со некој современ сензибилитет, и доволно е.
Тоа е убава порака, музика и природа, па тоа е Македонија денес, а и вчера:)
Нешто едноставно, наједноставните работи можат да имаат најјака порака.
Милчо отишол во Америкине, и се преоптеретил со минатото на својот народ. И последниот филм, Сенки, му беше ваков преоптеретен со инфо, со минато, тежини некои, почнува со очигледно јаки идеи али како иде кон крајот ти станува јасно дека човекот се мачи на целиот урнебес да му даде завршница и да не му избега локомотивата од шини.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom