Последен гледан филм со кратка рецензија

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Fair Game

Го симнав филмот мислејќи дека ќе гледам некој тежок трилер. Отпосле дури разбрав дека филмов е всушност биографски и дека е правен по вистински настан.
Валери (Наоми Вотс) и Џон (Шон Пен) имаат се во животот. Фамилија, работа, пријатели. Валери работи во ЦИА, а пак Џон е поранешен амбасадор на Америка. Валери ги работи најтајните работи кои што се случуваат во ЦИА, па поради тоа мал е тој круг на луѓе кои знаат дека е она всушност ЦИА-агент.
Тогаш Џон ќе биде испратен во Нигер да открие дали светот ќе треба да се подготвува за нуклеарна војна....
Дејството на филмот е во 2002/2003 и раскажува за почетоците на војната на Американците во Ирак и за сите оние луѓе кои биле само пиони во режимот на Буш.
Супер филмче, со оглед на старот очекував да биде досадно ама стварно ја изидигнаа приказната и испадна стварно солидно филмче
8/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Следи најкратката рецензија која некогаш сум ја напишал:

Rubber (2010)


Бреј ама се тркала гумава!!! :)

За повеќе, ќе биде поставено во темата без спојлери.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Philadelphia



По некоја игра на случајност вчера гледав емисија посветена на Том Хенкс во кој беа накратко споменати филмовите во кои има глумено. Еден од нив беше Филаделфија, филмот за кој Хенкс доби Оскар. Многупати го имам гледано настапот на Хенкс на Оскарите, кога ја прима наградата. Не верувам дотогаш на оваа церемонија да имало толку емотивен говор и настап. Некако обратно, ама после говорот стигнав да го гледам филмот.

Хенкс е актер за сите времиња, игра улоги од секаков калибар и е подеднакво добар во секоја од нив. За улогата на Ендру Бекет во Филаделфија, тој ослабел едно 15 килограми за да може поуспешно да го портретира ликот на адвокатот кој е хомосексуалец и болен од сида, болест заради која ќе биде отпуштен од работа во адвокатската компанија, која ќе проба да го замаскира отказот зад неговата наводна некомпетентност. Хенкс растури во филмов, човеков имаше еден така тажен поглед за време на целиот филм, што човек од камен да е ќе го натера да се соживее. Онаа негова добра страна заради која го сака цела филмска индустрија заедно со публиката целосно ја внел во улогата. Има една сцена во филмов која не е спојлер и заради тоа можам слободно да ја постирам овде, која ме освои комплетно. Мислам дека сама по себе е голем придонес за Хенкс да го добие оскарот. А тоа е оваа. (занемарете го преводот..:))


Инаку, покрај Хенкс во филмот настапува и Дензел Вашингтон како неговиот хомофобичен адвокат кој постепено почнува да го засакува Хенкс како човек и да ги губи своите предрасуди. Додека го гледав, прво што си помислив е дека човеков не старее, од 1993 до сега се нема променето воопшто има безвременски лик. Друга работа која ми остави впечаток е фактот што Дензел е роден за драми. Не му требаат акциони филмови во кои го спасува светот, тој може многу подобро од тоа. А Филаделфија е одличен пример за неговиот талент.

Главно Филаделфија е филм за кршење на предрасудите. Сниман е 1993 година, во период кога СИДА-та е уште табу, а исто така и хомсексуалноста. Фактот што филмот е сниман баш во такво време, башка со црнец адвокат кој е хомофоб, и плус партнерот на Хенкс кој е латино (инаку го глуми Бандерас кој е одличен во улогава) е многу храбар потег, кој јас го доживеав како шлаканица за американското општество. Се на се одличен филм. Ако има некој како мене кој го нема гледано досега, нека не чека. Филмот е прекрасен.

И за крај говорот на Хенкс на Оскарите. Оскар треба за говоров да му дадат. Погледнете само на почетокот како Ентони Хопкинс му ракоплеска на Хенкс.

 

Борче

Мадридиста
Член од
9 октомври 2010
Мислења
216
Поени од реакции
290
Legend of the Guardians: The Owls of Ga'Hoole

Ова е најдобриот анимиран филм,..каква добра свежа анимација,саундтрак се .. незнам зошто не беше номиниран за оскар
Приказната следува вака .. Сорен е млад був кој заедно со неговиот брат Клуд ќе бидат киднапирани од злобни бувови/утки кои веруваат дека се супериорни суштества кој имаат намера да владеат во царството на бувовите..Па Сорен верува во митот за Чуварите на бувовите/утките од Га Хол, тој ќе има храброст да избега и заедно со неговите пријатели се обиудва да стигне до Га Хол да ги извести бувовите за злото...
Оценка 10/10

How to Train Your Dragon

Хикап е млад и слаб викинг ..неговиот народ постојано се бори со змејови
Па тој сака да се вклопи со нив..и за тоа ќе почне да оди на тренинг за убивање и ловење на змејови..Па ноќта кога змејовите и викинзите се борaт тој со една негова справа ќе погоди Night Furry(змеј кој никој човек го нема видено досега),утредента ќе го најди и ќе сака да го убие.. но наместо тоа тој ќе започне пријателство со него и ќе го нарече Тутлес(toothlees) ..
Оценка 9/10

Despicable Me

Гру сака да стане најголемиот криминалец..Неговиот противник Вектор ги украдил пирамидите..па тој сака да направи нешто полошо,да ја укради месечината..Но за да ја укради му треба една оружје кое што смалува работи,а е украдено од Вектор..Па за да дојде до оружјето тој посинува 3 девојчиња..
Оценка 8/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.626
Поени од реакции
34.011
Падна муабет за Back to the Future во оскари темата и едноставно морав одново да ги изгледам! :)

Друг последен, John Carpenter's Christine.



Koга ќе ми текне како помал колку се плашев од филмовите на човеков.. И еве, пред некој период Psyside ме потсети, препорачувајќи ми го Тhe Prince of Darkness (кој by the way, го обожавав), морав едноставно да ги изгледам и другите феноменални (некои за првпат) некои по незнам кој како што се Halloween, The Thing, The Fog, Village of the Damned, They Live etc да не ги бројам, па.. помина многу одтогаш и си реков мора да се потсетам на времињата. Разгледав што немам гледано и во очи ми падна Christine.

Приказната е адаптација на новелата на Stephen King. Незнам како ќе го рецензирам прибидејќи секако ќе звучи смешно. Приказната е за злобна кола што убива. Има supernatural powers сама да се поправа и плус го менува својот газда. There, laugh out loud. Кој би гледал вакво нешто, а? Но за поклонување е како е тоа екранизирано. Толку озбилно, вистинито, тензично.. секоја чест. Започнува филмот уште кога колата е направена, па после се префрлува 20тина години подоцна каде е запустена, паркирана во стара запустена куќичка. Таму ја наоѓа тинејџерот Арни кој инстантно се заљубува во неа и ја купува. Решава да ја поправа во јавна гаража каде се изолира од пријателите и семејството и станува обседнат со колата. Но незнаејќи дека и колата станува опседната со него, дури и на многу начини љубоморна на секој кој е во контакт со тинејџерот. As the story goes by, Aрни станува арогантен кон секого и блиските негови за загрижуваат. Ќе прекинам овде, дека премногу открив ама who cares, ионака никој нема да чита после првите редови и зошто да трошам тастатурава.

Мене ми се допадна. 7/10. И секако тука се заразните рок'н'рол траки во позадина односно кога радиото во колата само се вклучува. Но не бев изненаден, знаејќи дека освен како режисер, Карпентер е одговорен за одличната музика и во повеќе негови филмови. Се чекаат неговите нови дела.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Celda 211 (2009)
celda211-2.jpg

Бреј ама сум добар. Додека го гледав филмов (шпански е), си реков дека сигурно ќе си добие Холивудски римејк и тоа за 2-3 години (во предходната рецензија спомнав дека е пракса веќе на се што е добро да му направат римејк за краток период. После тоа кликам IMDB и го наоѓам ова: Cell 211 (2013) :)

Јас за филмот добив препорака вечерва па го симнав, и не ме разочара. Се работи за затворска драма во која Хуан Оливер треба да го има својот прв работен ден како чувар во затвор. За негова несреќа, истиот ден се случува бунт во затворот а тој по игра на случајот останува помеѓу затворениците, кои мислат дека тој е нов затвореник. Понатаму за дејството нема потреба...

Добра приказна, добро обработено, за разлика од некои затворски драми кои ме разичарале. Главните два лика, Хуан и Маламадре (ќелавиот на сликата) го понесоа товарот, одглумија на ниво. Со подобри визуелни ефекти и посебно саундтрак (разочарувачки, скоро да немаше музика во позадина а добар саундтрак ќе го подигнеше филмот, посебно во емотивните делови) ќе беше врвно остварување, но и вака испадна сосема солиден филм.

Трејлерче:


Значи, можете да почекате до 2013 или да го гледате оригиналот, кој ќе биде гарантирано топ визуелно/звучно остварување, ама па тие си имаат навика и да ја зезнат приказната. Како и да е, да дадам една храбра прогноза дека Дензел Вашингтон, Семјуел Џексон или Џон Траволта сигурно ќе бидат во римејкот :)

Препорака за оние кои сакаат филмови со затворски побуни како Against the Wall (1994), The Last Castle (2001) итн...

7.5/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.429
Поени од реакции
6.076
Enter the Void

(во филмов има премногу дрога и секс дури повеќе од еден обичен порниќ,па за тие со слабо срце ради некои гадни сцени не се препорачува да го гледаат)

Имав големо очекување од филмов кога го прочитав во иста реченица со реквием и треинспотинг,али испадна сосема нешто 3то и ме остави со поделено мислење.
Од каде да почнам, ајде сторијата -мал дилер (и корисник) на дрога е несреќно убиен во клубот Воид. Пред да биде убиен чита една книга која му ја подарил другарот во врска со животот после смртта,за реинкарнацијата и други слични работи...

можни спојлери :


И така ми се допадна се тоа како беше прикажано,на почетокот камера во прво лице која одлично го долови трипот и излегувањето на душата од телото,па гта 2 камера -

која ја симболизираше слободата на душата надвор од телото,и камера во 3то лице преку која беше прикажан животот на Оскар се до смртта.
Е тука да завршеше филмот ќе му дадев 10ка . Но не заврши ,туку продолжи уште 1 и пол сат со гта 2 камера која искрено ме истошти.
За визуелните ефекти имам пофални зборови но нивната преголема зачестеност во еден момент ми стана одбивна.
Сумирано - Премногу долго трае.
влегува во топ 3 филмови кои ме згрозиле до одреден висок степен
(предпоследната сцена беше врв ,како машкиот полов орган влегува во вагината од вагинална перспектива )

6.5/10 (само ради предобриот воведен сат и пол)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.626
Поени од реакции
34.011
^ ако сум јас виновен се извинувам, oбично форсирам чудни филмови а тој претерано ми се допадна. :)

Него, Slipstream (2007).

Личен проект на Ентони Хопкинс. Напишано, режирано и музика од него. Истотака и финансирано со негови пари а и главна улога. Со малку минутажа.

Ако сте се изморила од погоре Enter the Void, на овој ќе плачете. А замисли, трае дупло помалку. Филмот ни малку не е лесен како што наведува симплифицираниот опис на IMDb. Претерано е динамичен и само нафрла прашања и прашања over and over again без да даде ни еден мал одговор. Значи бара премногу трпениe, преголема посветеност и секако отворен ум. Доста потсеќа на делата на Линч, каде нема ставено акцент што е вистинскиот живот а што нереалниот, исто и за фрекфентното скокање од едно во друго и vice versa. Aко ви е нешто плус, за разлика од Линч, барем крајот ни дава одговори и да не се чуствуваме како залудно потрошени часови. Иако има многу разлика во стиловите, мајндфак сцените, играњето со хронолошките линии на филмот, луцидните сонови, вивидните халуцинации, етц..

Aging screenwriter Felix Bonhoeffer has lived his life in two states of existence: in reality and his own interior world. While working on a murder mystery script, and unaware that his brain is on the verge of implosion, Felix is baffled when his characters start to appear in his life аnd vice versa.

Тоа би било најмногу што може да се напише за приказната без спојлери. Од мене 6 или 7 максимум од 10.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.626
Поени од реакции
34.011
The Reader (2008)



:cuc: :cuc: :cuc:

Незнаев дека вака маестрално е екранизирана книгата. Ја имав читано одамна кога по скоро време го пуштив и филмот. Свежи ми беа сеќавањата и несакав да го изгледам. Жалам што овој не ми е втор пат како го гледам. Исто како што имав замерка за книгата имам и за филмов. Сакав повеќе да траат! Обожавам драми а вакви убави приказни заслужуваат и по 3 часа. Книгата ја прочитав во една вечер и секогаш велев обратно, дека филмовите повеќе доловуваат од приказната, затоа што можеме да ги видиме реакциите, глумата, атмосферата.. ама не во овој случај. Во книгата повеќе внимание има обрнато врз почетните емоции, повеќе се обработувани. Поубаво ги запознаваме ликовите. Но не значи дека е лошо и во филмот, напротив Kate Winslet беше абсолутно здиво-одземачки феноменална. Гледам и за таа улога и е и Оскарот. Во глобала нема испуштено многу, освен неколку сцени, се е убаво опфатено дури и некои ситни детали и описи, што стварно ме изненади.

Незнаев многу за приказната и кога читав изненадување елементот беше присутен, пример делот со војната и маната на Хана едноставно ми беа најбавниот пресврт во историјата на филмовите а сепак толку ме изненади, како што бев со зината уста првпат кога го изгледав Fight Club. Aко го немате гледано, ви препорачувам ни трејлер ни таглајн ни плот ни ништо да гледате и читате. Едноставно ако сте расположени за драма, притиснете плеј и уживајте. За да не ви уништам приказната со некое спојлерче еве само од IMDb: Post-WWII Germany: Nearly a decade after his affair with an older woman came to a mysterious end, law student Michael Berg re-encounters his former lover as she defends herself in a war-crime trial. Но, има неописливо повеќе од тоа.

Цел филм е онака moody, темна, сива атмосфера. Карактерите се одлични а и многу убаво одглумени. Кејт е безпрекорно иста прикажана, како една силна жена, стабилна, но сепак контрадикторно комплексна: страмежлива и горделива. Не памтам кога последен пат сум сочуствувал така со лик. И настрана цела перфекција, музиката е толку ебено добро погодена.. како да не е додавана накнадно, како да свирела додека се снимале сцените. Јас сум презадоволен, од секој аспект. Не е култен филм, не е некој што ќе се памти, ама без грижа на совеста му давам 10/10. И многу топла препорака до сите. Посебно до тие што ценат драми.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Rubber (2010)

После сите филмови кои ги изгледав деновиве и беа тотална утка,по препорака решив да го гледам и овој.
Ако се разочарав и од него дефиитивно никогаш немаше да гледам филм.:)
Што да кажам за филмов?На почетокот малку ми беше здодевно со делот во пустината ама набргу почнаа интересните делови.
Признавам дека се згрозив малку од неколку делови,не го очекував тоа.Но како и да е не се каам што го глeдав.Неколку пати ме насмеа.
Тоа што сакав да го кажам го кажа веке mettalhammer а исто и јас како него очекувам втор дел.
Само се разочарав што немаше превод,морав да и преведувам на мајка ми.:)

Оценка 8/10

И да...

Краток спојлер...не го читајте оние кои не го гледале

Требаше да ги убие и полицајците кога веке ги уби и останатите


Ах тоа лошо тркало...:pos:
 
T

Tetro

Гостин
Dogtоoth (2009) aka Kynodontas (Κυνόδοντας)

драма, 94 мин.





Филмот е тешко срање (18+), од Европската кинематографија, поточно Грчка. Одамна немав гледано грчки филм, а се решив да го гледам овој поради номинацијата која ја имаше на оскарите годинава, како и повеќето добиени награди на неколку различни филмски фестивали.


Приказната: Тројца тинејџери (едно момче и две девојчиња кои се брат и сестри) издвоени од цивилизацијата, живеат на голем имот затворени со нивните родители, се едуцираат тука и дознаваат секој ден по нешто интересно. Деновите им поминуваат во дружење и забава, како и во заедничко гледање на домашни ленти кои ги учат на еден нов вокабулар. Секое ново зборче кое доаѓа од надвор, родителите им го предаваат неговото значење. "Морето" означува фотелја, а "зомби" се мали жолти цветови... Родителите на тој начин изнаоѓаат еден цел механизам како да постават една целосна контрола врз децата. Таткото е единствениот член од семејството кој може да го напушти имотот, кој работи во фабрика и е поставен на висока функција во истата. Единствениот гостин кој доаѓа кај нив е една девојка, Кристина, која е платена за да ги задоволува сексуалните нагони кај момчето. Но, еден ден таа ќе проба да разговара со постарата ќерка и ќе придонесе до некои нови размислувања помеѓу членовите на фамилијата...


18+
Не гледајте трејлери, содржат премногу спојлери


8/10 од мене
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.992
Поени од реакции
18.749
Enter the Void

(во филмов има премногу дрога и секс дури повеќе од еден обичен порниќ,па за тие со слабо срце ради некои гадни сцени не се препорачува да го гледаат)

Имав големо очекување од филмов кога го прочитав во иста реченица со реквием и треинспотинг,али испадна сосема нешто 3то и ме остави со поделено мислење.
Од каде да почнам, ајде сторијата -мал дилер (и корисник) на дрога е несреќно убиен во клубот Воид. Пред да биде убиен чита една книга која му ја подарил другарот во врска со животот после смртта,за реинкарнацијата и други слични работи...

можни спојлери :


И така ми се допадна се тоа како беше прикажано,на почетокот камера во прво лице која одлично го долови трипот и излегувањето на душата од телото,па гта 2 камера -

која ја симболизираше слободата на душата надвор од телото,и камера во 3то лице преку која беше прикажан животот на Оскар се до смртта.
Е тука да завршеше филмот ќе му дадев 10ка . Но не заврши ,туку продолжи уште 1 и пол сат со гта 2 камера која искрено ме истошти.
За визуелните ефекти имам пофални зборови но нивната преголема зачестеност во еден момент ми стана одбивна.
Сумирано - Премногу долго трае.
влегува во топ 3 филмови кои ме згрозиле до одреден висок степен
(предпоследната сцена беше врв ,како машкиот полов орган влегува во вагината од вагинална перспектива )

6.5/10 (само ради предобриот воведен сат и пол)
Се слагам со тебе дека премногу долго трае, сафра да те фати. Визуелно филмов е ремек дело, начинот на кој се движи камерата, начинот на кој набљудува од птичја перспектива и полека се фокусира на некој интересен детал од сцената, обично некоја празнина (заради и тоа филмов се вика Enter the Void), која на некој начин претставува излез на душата кон некоја друга ситуација претставена со друга сцена. Ми се свиѓаше оној звук на бучење кој цело време идеше у позадина, даде некое чудно чувство ко да си заробен во димензија помеѓу овој и некој друг свет, баш така ги замислувам моментите после смртта. Токио ко град одлично се вклопи во филмов, светлечките реклами доловија некоја чудна психоделична атмосфера која те прати во текот на целиот филм. Имаше една сцена со сообраќајка во моментот кога родителите на Оскар погинуваат. Главите на двајцата им се полусмачкани, а Оскар и сестра му седат на задни седишта и овој Оскар не отвара уста а девојчето вришти и се дере, од прозорите не се гледа ништо само пригушена светлина од оган, стварно језиво. Халуцинацијата на почетокот е неверојатно визуелизирана, и ја ко тебе мислев дека филмов ќе биде за дроги ама излезе дека смртта е the ultimate trip, во моментот кога умираш мозокот да ти примал хемикалија слична на онаа која ја внесуваш кога пушиш DMT. Како и да е една од подобрите халуцинации која сум ја видел на филм, ја сместувам после оние 15 минути трипување под Ayuasca кои што ги гледав во Blueberry. Иначе не треба да те чуди фактот за "грозните" сцени со оглед на тоа дека филмов е на Гаспар Ное, треба Irreversible да го гледаш е таму имаш гадни срања исто, плус некако подобар впечаток ми остави тој филм. Од мене има 8,5
 
T

Tetro

Гостин
Howl (2010)
Drama

CAST: James Franco, Jon Hamm, Mary-Louise Parker, Jeff Daniels, David Strathairn, Alessandro Nivola,...



Клик 1
Клик 2
Приказната: Ален Гинсберг раскажува за неговиот живот и уметноста, додека неговите најпознати песни се прикажани како анимација, а од друга страна во судницата има премногу драматизирање.

Дејството е сместено во Сан Франциско во 1957 година. Неговото ремек-дело стигнува до судницата, а филмот го раскажува овој темен миг користејќи ги овие три испреплетени теми: од возбудливиот живот на настаните кои доведуваат младиот Ален Гинсберг да го најде неговиот вистински глас како уметник, до општествената реакција (на валкано судење), и ум-проширување на анимацијата која ја повторува изненадувачки оригиналноста на песната. Сите овие три се споени во еден жанр, како хибрид каде што брилијантно е доловен клучниот момент на раѓањето на новите жанрови во поезијата.

9/10 - препорака за солидна драма.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Н

'Никола'

Гостин
Pineapple Express (2008)

Прво, :pos::pos::pos:

Значи филмов ме пресмеа на моменти, ама стварно, дали дека во друштво се гледаше, не знам, али добар впечаток остави во секој случај.
Комедија, акција, многу нереални работи (али who cares), со добра актерска екипа, јако филмчево испаднало.
Братов е некој си судски службеник, редовно напушен, има 25 години и џенцка од 18. Најдобар пријател му е дилерот од кај што ја набавува марата. При една задача, да "услужи" некој со судско писмо, ќе биде сведок на убиство, и притоа ќе биде забележан. И да не го раскажувам, не е тоа поентата, приказната си е обична, ко и секој обичен филм. Тука ме остави без збор сценариото. Кои муабети, човече, алал да им е на сценаристите.:pos:
Не му давам оцена, комедија не се оценува, прашање на вкус е, но си викам нема да зажали тој што не го гледал да го ѕирни.

иосоно, next three days сеуште не ми е гледан, ќе биде деновиве :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.429
Поени од реакции
6.076
Hereafter (2010)


Последното дело на Клинт Иствуд али со многу разлчина тематика од она што досега Клинт го има правено . Овој пат Клинт се осврнува на многу покомплициран проблем,за она што се случува после смртта,и тоа го прави преку паралелно раскажување на 3 стории за 3 сосема различни личности,од кои секоја различно стапува во контакт со смртта.
Како голем фан на филмовите на Иствуд ,повторно уживав додека го гледав филмот(како тоа му успева на Иствуд,дејството да се одвива убер споро а во ниту еден момент да не осетиш досада,само тој знае).Сепак исто како и Invictus ,имаше некој недостаток,некоја недореченост што го става под нивото од Million Dollar Baby,Mystic River,Gran Torino како и Changeling. Но да нема недоразбирање ако од мене тие имаат 9ки и 10ки Hereafter има солидна 8ца.

The Tiger and the Snow (2005)


Ако сте воодушевени од харизмата која Роберто Бењини ја прикажува на филмското платно,топло ви го препорачувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom