Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Black Swan (2010) by Darren Aronofsky
Драма, Трилер.


black-swan-poster.jpg



Понекогаш се осеќам толку среќен, како на пример сабајлево кога го догледав филмов.
И веднаш се пуштив да напишам рецензија, која на жалост имаше несреќен завршеток и сега пак одново ја пишувам. :)


Black Swan на Darren Aronofsky доаѓа по само 12 години од неговиот првенец "Pi (1998)" и 10 години од извонредниот "Requiem for a Dream (2000)". Darren уште еднаш покажува дека може да се рамни со големите и квалитетни автори на сензационални дела кои по правило прикажуваат мајндфак ситуации.


Во психолошкиот трилер Black Swan, Натали Портман и Дарен Аронофски нудат извонредно добра и вознемирувачка приказна со сцени кои се доста квалитетно изведени во секој поглед.


Јас апсолутно многу го засакав филмов, пред се поради балетот, за кој Натали вложила многу додека научи да го игра толку добро. На почетокот на филмот ми се јави мала непријатност кон сцените кои покажуваат некои импресии на лицата од некои од споредните улоги, но полека се открива дел од приказната, и напнатоста станува се поголема.
Тешко дека би ја направил оваа рецензија без да го пофалам режисерот Дарен Аронофски, па и да спомнам дека е добра одлуката за соработка со Clint Mansell, авторот на музиката за сите филмови на Аронофски. Создадено е дело, најдоброто за 2010-та. :cuc::cuc::cuc:


Во претходните филмови на Аронофски се доста квалитетни, но за разликата на вкусови не се дискутира. За таа цел можам да кажам дека секако ќе се најде публика кај која и Black Swan нема да има некои импресии, посебно ако филмот се следи со едно око. Неговите филмови не се она што може да се каже дека мора да се очекува добар крај, или во текот на гледањето да се чувствувате пријатно, но кај сите тие филмови морате на моменти да се запрашате зошто е така. Реакцијата на гледачот е сосема очекувана во некои намерно оставени сцени во филмот, со додатни елементи или вметнување на нови статисти, со кратки вметнати сцени во кои можеме да забележиме дека се прави кратко навраќање кон друѓите дела на авторот, како сцената со трамваите тука и во Pi. Кој ги има гледано двата филма ќе знае што сакам да кажам. Такви сцени се намерно оставени и секогаш се добро изведени.

Филмовите на Аронофски не се секогаш добро примени од публиката (особено The Fountain (2006), кој беше критички и комерцијално изоставен), но ваквите филмови нормално дека ќе бидат почитувани од фановите.


Очекувам Black Swan да се закити со оскар во неколку категории. Аронофски е заслужен за номинација, Портман исто, како и целата екипа, посебно да ги споменам Мила Кунис, Винсент Кесел и Барбара Херши. Клинт Мансел, одговорниот за мизиката во филмот.


Ова е филм кој вреди да се гледа, гледајте го кога сте добро одморени, очекувајте дека нема да гледате забавна драма, но сепак прекрасно дело.


10/10.
 
buried-movie.jpg


Филм кој докажува дека тензија може да се направи без специјални ефекти, без многу ликови присутни во филмот, без промена на локација. Самата идеја е застршувачка и низ цел филм верувам дека и гледачот ја доживува.
 
Ако сакате добро да се насмеете ви го препорачувам филмов

jackass1.jpg


Група дечки прават интересни работи ги спојуваат во еден филм. Тоа е и целиот филм всушност.
Гледајте го задолжително.

9.5/10
 
Болен +дома= Гледање филмој :)
Резултат-9 филма за 3 дена ,тие што вредат во предлог ќе ги ставам другите што беа малце над просекот или тотално потрошено време тука :).

Get Him to the Greek (2010)



Само поради една сцена на која случајно налетав на форумов(it's called Jaffrey :D ) ,го спуштив. И се исплатеше. Не е интелегентен хумор али на моменти и те како добро ме насмеа.Од глумците освен тие што имаат својство на гости(пеачите) само Jonah Hill ,Colm Meaney и Диди ги знаев .
Главна тематика на филмов за еден рок пеач кој треба да учествува во шоу на една продуцентска куќа ,со цел да и го поврати публицитетот...Како што кажав има добри смешни сцени и пред се ми се допадна што се исмејува денешната музика ,пред се комерцијалата ...Голем минус се некои долги сцени кои незнам како би те насмеале...

7/10 За Џефри и
17 again

Тотално изгубено време.Другар ми го даде екстерниот на кој имаше 200 филмој од кои 70 % ги имав гледано а пошто имаше од сите врсти на филмови овај ради Метју Пери го префрлив и тотална утка. Метју Пери 17 минути глуми лик кој во животот не го остварил сонот -кошарката ...малце научна фантастика- + глумец на кој се влажнат тинејџерки а јас не сум тоа = класичен тин-ејџ или во превод булшит филм за мене...

2/10

The American

Прочитав неколку рецензии од тука -во превод знаев што се работи во филмов ама незнаев дека Клуни би прифатил ваква улога во која единствено што треба да глуми е сексот,кој го има во повеќе наврати. Платен убиец ,последна работа, никакви емоции , дијалог кој се на се трае 10 мин-(секс сцените беа подолги),секси глумици,остареното во форма тело на Џорџ и толку за филмов.Малце се надевав дека ако нема пукање треба да има дијалог пошо знаев дека нема многу дијалог во филмов очекував мал психолошки развој на ликот на Џ.Клуни али го немаше.
На почетокот на филмот помислив на песнава и во една сцена ја пуштија на радио :)-

5/10


Devil

рецензијата на иосоно го доловува моментот,и позитивните и негативните работи во филмот.Друго да додадам немат.
 
Taxi Driver

taxi_driver.jpg


По долго чекање конечно да го изгледам онака како што заслужува. Мартин Скорсезе и Роберт ДеНиро, дрим тим :).
ДеНиро игра ветеран од виетнам кој почнува да работи како таксист, кој станува опседнат со чистење на политиката и криминалот во градот.
Влијанието што го остава „Таксист“ во тоа и во ова време е подеднакво исто. Осамениот Травис е репрезент на истата осаменост што повеќето од луѓето ја имаат искусено во различен период од животот и на различен начин. Во филмот практично тој е „таксистот“, а ние гледачите „патниците“ и навистина таа околина која тој ни ја претставува на некоја начин делува застрашувачки, е баш она што филмот го прави едно големо ремек дело.

The Tourist

MV5BMTMyMzc3OTkwMV5BMl5BanBnXkFtZTcwMjc0MTgwNA@@._V1._SX214_CR0,0,214,314_.jpg



Lame, Lame, Lame!!!
Нема рецензија, не знам што да напишам...3 Номинации за Златен глобус? Од кои два се Best performance by an actor/actress?
 
The Human Centipede (2009)
Најболен филм што сум го гледал,секако после Српски Филм.
But one of those which you can't stop watching.
Одвај чекам за 2 дел.
Оцена - 9/10:smir:
 
The Tourist
watch-the-tourist-online.jpg

Трагично. Многу го чекав филмов, очекував нешто стварно добро да биде мислев дека со Џоли и со Деп ќе биде нешто фантастично, па плус со оглед на номинациите за Глобусот.
Ама разочара и тоа многу. Имале некоја добра смисла за филмов, веќе видено ама сепак добро, но според мене многу лошо го обработиле. На моменти одвај го гледав колку да го прекинам на половина.

3/10 само поради изборот на актерската екипа
 
Cyrus

Со оглед на тоа што Step Brothers со Џон ме насмеа до солзи и има оцена 6.7 на ИМДБ а овој филм имаше 6.8 и видов дека е комедија го симнав. Ама сфатив дека е се` само не комедија. Џон запознава девојка после 7 години самотија и се` е добро додека не го запознае дебелото и глупо нејзино 22 годишно синче кое ќе се умешува сегде.
Навистина не знам од каде дека филмов е комедија. Целиот тек на настаните не ми беше некако прифатлив а и плус тоа што не можам да си го замислам актеров како глуми посериозни филмови. Филмов би го окарактеризирала ко џабе трошење на време, не ви препорачувам да го гледате, има многу поубави филмови со ваква или слична тематика.

Од мене 2/10, ништо повеќе.
 
Black Swan
black-swan-movie.jpg

Ај накратко..Арнофски и овојпат изненади.Секоја чест :smir:
Снимен со "немирна камера" (како и да се вика),за да се доловат движењата во балетот.
Нина живее со мајка и(без татко),мајка која исто така била балерина ама затруднела и се откажала од кариерата за да се посвети на детето.Мајкава ја има сета контрола врз ќерката,а тоа кај Нина резултира со интровертност и сексуална дистанцираност.Добива главна улога во балетот Лебедовото Езеро,каде треба да се изиграат две улоги на бел и црл лебед.За белиот лебед е совршена,а за црниот лебед е превише "добра" и невина.
Во балетското студио доаѓа друга личност како замена,сосема спротивна на неа.
Се дружат,урликаат,лапаат екстази,и се исполижаа убаво :nerv:
Нина се ослободува од тие дотогаш ментални бариери
Збунувачко е,дали тоа се случува вистински или во самата нејзина глава
Самиот крај е ПРЕКРАСЕН.Прекрасна музика на clint mansell (наводно копирана темата на лебедовото езеро од Чајковски),д
елуваше совршено во сцената на балетскиот настап.Нина добро го изигра белот лебед,а црниот-без грешка ! Приказната е готова.Ја плати цената.Прекрасна поента
 
buried-poster.jpg


Рајан Рејноллдс се надмина себеси.
Супер филмче, еден актер во цел филм, без специјални ефекти, без ништо, ама сепак успева да те држи цел филм во расположение и едвај да очекуваш да видиш што ќе биде следно. Го мислев Рејнолдс дека е добар актер, ама после ова стварно ме изненади. Одлично изиграно од него, музиката исто така супер во склад со текот на настаните, едноставно цел филм беше одличен.
Накратко еден возач на камиони е закопан во сандак и бара начин како да побегне. Што и да кажам понатаму ќе биде веќе спојлер.
9/10
 
Diary of a Wimpy Kid 7
diary+of+a+wimpy+kid.jpg

детски тинејџерски филм, добар е за смеење. направен е според истоимената книга која оди во неколку продолженија.
Грег е петтооделенец кој започнува со middle school во филмов, најдобар другар му е раули. Грег сака да стане познат во неговото школо и да го има во годишната книга(кај нас извештај што го викаат) и еден ден да биде познат низ целиот свет, ама работите не му одат баш добро.

Easy A
9
watch-easy-a-online.jpg


Исто тинејџерски филм, комедија.
Девојкава е незабележлива, се додека еден викенд не остане сама дома и измисли приказна дека била со некој постар дечко и дека не е веќе девица.
Неколку луѓе ќе дознаат дека лаже, некои ќе ја оговараат дека е тешка курва(замислете од еднашка). Проблемот е што она не го направила тоа ни еднаш, па оние кои дознаваат дека лаже бараат услуга, да лаже дека спиела и со нив, за да добијат репутација кај другите.

Band of brothers
10
big.jpg

подолго време сакам да го гледам лимитот не ми дозволуваше. Серијал од 10 епизоди, од режисерите на Saving private Ryan.
Филмов е за сите љубители на воени филмови. Се работи за Easy Company, воена ескадрила тренирана специјално за денот д и за инвазијата над германија. Тргаат сите заедно, низ текот на десетте епизоди се прикажува како се гледаат меѓу себе и како успеваат да преживеат, исто така има многу кои загинуваат во текот на војната. секоја епизода започнува со коментар на вистинските војници од easy company, од оние кои преживеале. филмов е нешто што не смеете да го пропуштите, оние кои го имаат гледано знаат за што зборувам.

The social Network
6
The_Social_Network_6.jpg

Го гледав поради оценките што му ги давале во препораки за филмови, мене не ме воодушеви до толку, според мене просечен филм.
Марк цукерберг, неговото крадење на идеи и местење на пријатели за да се пикне, сето тоа прикриено со премногу зборување, штета што браќата не беа македонци, инаку марк забите во чаша ќе си ги носеше уште првиот пат кога ја објави нивната идеја.

Despicable Me
7
watch-despicable-me-online1.jpg

Убав филм, ги сакам анимираните, и овој како сите останати е убав за гледање и опуштање.
Лошиот Гру сака да ја украде месечината, како врв на крадењето, во меѓувреме мора да ги посвои трите девојчиња за да го оствари планот. успат ќе се поврзе со нив и ќе ги засака. фамилијарен филм што би рекле американците.

Toy Story 3
6
toystory3poster.jpg

мислам дека на сите ни е доста од тој стори. испаднаа многу повеќе анимирани филмови и го избришаа филмов од сцената, нека остане во историјата како еден од најдобрите, немора дополнително да го уништуваат.
Приказната е дека детето порасна(му го забораив името) и сега играчките мораат да се фрлат, и за да не се фрлат, ги носат во дом за деца.

harry potter and the deathly hallows 8
Harry-Potter-And-The-Deathly-Hallows.jpg

Ако има слика од книгата, не е тоа битното.
Битно е дека филмот е добар и продолжува таму каде што запра, единствено лошо е што дури во јуни иде продолжението, па мора да се чека за целосен ефект од него.
Во овој дел Хари почнува да ги бара Хоркруксите за да го уништи волдеморт, хермиона и рон му помагаат. Волдеморт го бара најјакото стапче на светот за да го уништи Хари.
 
When Nietzsche Wept (2007)

220px-When_Nietzsche_Wept.jpg


Учителот на Фројд, Бројер, го зема Ниче за свој пациент, обидувајќи се да го излечи од неговата депресија. Базиран на книгата Кога Ниче плачеше. во филмот има психодрама, анализа на сонови, хипноза, опсесија итн. Добар вовед во психологија, и интересна комбинација на ликови.
За жал колку што добро Арманд Асанте го глуми Ниче, толку лошо другиот актер го глуми Бројер.
 

http://www.imdb.com/title/tt1320253/


The Клишe-ndables (2010) -

Еден топол сончев ден ат анкноун ејџ(затоа што бев мал не се сеќавам) со татко ми разговарав за филм во кој ќе ги има тогаш за мене познати Рамбо,Жан Клод,Брус Вилис,Шварценегер,Чак Норис и како би испаднал тој филм.
И делумно желбата ми се исполна али како испадна филмот..подобро да не го гледав...
Зошто?
Кратко и јасно - Кога ќе се соберат сите клишеа во акционите филмови и сите глумци што глумат во нив ќе се добие The expendables.
Дијалозите ...подобро филмов да беше нем.Камерата лоша,ефектите така -така.
Последната сцена кога цел тим живи останаја -прајслес :),всушност тоа беше и единственото не-клише во филмов :)
нема потреба од отценка.
 
Wall Street : Money never sleeps (2010)
wall_street_money_never_sleeps_ver2.jpg

Го гледав во кино, одлично продолжение , после првиот дел кој беше во 1987 . Филмот почнува со излегување на Гордон Геко од затвор . Кога излегува гледа дека многу работи се смениле за времето што го поминал во затвор. Надвор ја има само неговата ќерка која не го поднесува , се започнува кога он ќе се запознае со неговиот иден зет . Многу јаки реплики има во филмот, вреди да се погледне ;)
 
Brothers (2009)

Brothersposter.jpg


Прилично добар филм. Дава добар поглед на една друга страна на војната во Авганистан а и воопшто на било која војна. Многу добро е доловена судбината на еден војник и неговото семејство, пред, за време, а и по неговото учество на фронтот...
8/10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom