Последен гледан филм со кратка рецензија

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326


Освен тоа што има до некаде добро име, што ветува добра акција и освен што во него глуми Џорџ Клуни филмов е заникаде!
Клуни во улогата на Џек или Едвард е голем стручњак за правење на оружје. Освен некои сцени филмот беше максимално досаден.
Го гледам, онака прилично досаден филм со многу малку зборење, секој момент чекаш нешто да се смени музичето, да почне побрзо да се случуваат работите, ама НЕ!
Девојката, а можеби и едната причина што ме натера да го изгледам до крај, во спротивно ќе го изгасев далеку пред средината!

Тотано трошење на време.
6/10
Филмот е одличен, и јас мислев дека станува збор за холивудски блокбастер но ме изненади зошто е типичен европски филм во стил на Бенини. Фотографијата е прекрасна, немам зборови колку добро е доловен еден мал италијански град, би било невкусно да давам оценка но моја препорака е да се погледни во секој случај вреди многу повеќе од 6-ка.
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Филмот е одличен, и јас мислев дека станува збор за холивудски блокбастер но ме изненади зошто е типичен европски филм во стил на Бенини. Фотографијата е прекрасна, немам зборови колку добро е доловен еден мал италијански град, би било невкусно да давам оценка но моја препорака е да се погледни во секој случај вреди многу повеќе од 6-ка.

за овој филм многу е и 6ка чисто трошење на време цело време
 
Член од
10 април 2010
Мислења
385
Поени од реакции
121
Филмот е одличен, и јас мислев дека станува збор за холивудски блокбастер но ме изненади зошто е типичен европски филм во стил на Бенини. Фотографијата е прекрасна, немам зборови колку добро е доловен еден мал италијански град, би било невкусно да давам оценка но моја препорака е да се погледни во секој случај вреди многу повеќе од 6-ка.
Јас и пак да го гледам не би му дал повеќе од 6. А зошто невкусно е да му дадеш оценка?
 
T

Tetro

Гостин
Flash of Genius (2008)



Филмот е снимен по вистинска приказна за професорот Robert Kearns, иноватор.
Откако ќе го презентира изумот на една од водечките компании на пазарот, набрзо ќе му биде украдена идејата.
Започнува неговата битка со гигантите. Проверете дали ќе издржи до крај. :)

8/10
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Seven Pounds
poster_seven_pounds.jpg
Не знам каква рецензија да напишам ,бидејќи било каква ,било што да напишам само може да ви го расипе филмот...Доколку имате намера да го гледате едноставно гледајте го ,не гледајте ни трејлер ,ни поставувајте прашање едноставно седнете ,спремете се и гледајте го. Филмот оди вака...тп...тп,тп....БУУУМ. Инзвореден е.

Зошто имам чуство дека филмов е потценет и "не му се обрнува внимание"...


I am Legend
Will_Smith_in_I_Am_Legend_Wallpaper_2_1280.jpg

Пост-апокалиптичен филм во кој што опасен вирус се шири и го убива поголемиот дел од човештвото ,а помал број од човештвото...А во Њу Јорк еден преживеан храбро се бори за да пронајде лек против опасниот вирус. Ептен некако ми беше напнат филмов ,ми се допадна но...(се разбира ако не си го гледал филмот не погледнувај под спојлерот)
Почеток добар , средина одлична ,но крајот беше малку краток ,доколку Смит преживееше ќе беше клише ,но сепак мислам ќе имаше подобар крај...А да и уште 20 минути да беше подолг филмот мислам дека ќе беше одличен.

Сликава ептен ми се допадна ,можеби ќе ве натера и да го гледате....некако мистериозна и напната е.

 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
The Exam (2009)

Рецензија имаше некој оставено некоја страна на назад...Добар филм кој ве држи во неизвесност до самиот крај :smir:
Оцена- 8/10 :smir:

The Janky Promoters (2009)

Може да се рече една класична американска комедија која воопшто не задоволува..
Оцена- 6/10:smir:
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
American History X (1998)
Старо Малку ама вреди може е гледано Неонаци во САД, фамилијарна психо-драма.



9/10
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
The Exam (2009)

Рецензија имаше некој оставено некоја страна на назад...Добар филм кој ве држи во неизвесност до самиот крај :smir:
Оцена- 8/10 :smir:
Треба да пишам да темава... ама немам сила да изнапишам што се изгледав во период од 2-3 месеца, меѓутоа само за филмов ќе спомнам, оценката што си му ја дал е преголема, неизвесност има но сценариото не е соџвакано како што треба, има момент до кога филмот совршено држи логика и напнатост за потоа да тргне низбрдно и да уништи се. 6ка му е заслужена од мене.
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
708
Поени од реакции
140
Wrong Turn 2...го глеав со другари се газевме од смеење...иначе мислам за хорор филм се смета...али смешен е сепак!
 
T

Tetro

Гостин
Lat Den Ratte Komma In (2008) aka Let the Right One In

Драма, Мистерија



Стокхолм, Шведска 1982 година.
Оскар е 12-годишно дете, измачувано од силеџии секојдневно, сонува за нивна одмазда. Се вљубува во Ели, убава девојка од соседството. Ели му дава сила на Оскар за да го возврати ударот. Но, кога тој ќе сфати дека Ели има потреби во животот кои не може да ги прифати општеството, тој е соочен со можноста за избор. Колку љубовта може да влијае на неговата одлука?

9/10
 
T

Tetro

Гостин
И овој ми беше во серија 3 во 1, но сабајле некако бев премногу неталентиран за пишување. :)

Tetro (2009)
Драма, Мистерија

Едно од поновите филмски остварувања на легендарниот Francis Ford Coppola :cuc::cuc:
со Vincent Gallo како Tetro, Alden Ehrenreich како Bennie и Maribel Verdu како Miranda.





На една недела од неговиот 18-ти роденден, Bennie, кој е работи како келнер на брод, доаѓа во престој во Буенос Аирес, каде има одмор од скоро недела дена.
Тој го бара неговиот постар брат, Tetro, кого не го видел со години. Tetro, кој сега живее со Миранда, е многу недефиниран лик, кој во истовреме е топол и ладен кон својот брат, претставувајќи го како "пријател", одбивајќи да зборува за своето семејство. Bennie наоѓа страници од недовршениот роман на Tetro, автобиографија, и сака да дознае се` за сопствената историја и да стане дел од животот на брат му повторно. Но што ќе открие?

Филмот вреди да се гледа за сите пари. :zver:

9/10
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
The Diving Bell and the Butterfly

Хм добар филм, би рекол уникатен е начинот на кој што е реализиран. И браво за идејата на режисерот кој се сетил на овој начин да ги претстави мислите на еден болен човек кој боледува од ретка болест т.е lock in синдром. Како и да е ја за филмов можам да кажам дека ми беше бар мене премногу депресивен иако поентата авторот си ја доловил, така да 7 од 10.

Identity
Трилер мистерија со доста напнати сцени, добра приказна едино имам замерка за ликовите во филмот,
премногу се површински обработени што дава впечаток на некој евтин нискобуџетен хорор, ако се земе во предвид дека се тоа ликови кои го претставуваат карактерот на Малколм
8 од 10
 

<K A F E R>

I love my MACEDOIA!
Член од
20 ноември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
12
Serbian Film
Ова е најумоболниот филм што сум го гледал до сега и просто не можам да се изначудам дека постојат вакви умоболни луѓе што го изработиле ова дело и не ми е јасно само дали се горди и ако се како мозат да бидат на ваква грдотија. Срам во секој случај според мене! За содржината нема да ја опишувам, пошто сакам да ја заборам, кој сака може да го погледне, но му препорачувам САМО СО ПРАЗЕН ЖЕЛУДНИК! Искрено се чудам како можеше да се сними вакво изопачено гнасно дело на Балканов, а уште потрагично од северниот ни наш сосед... Инаку филмов е забранет за прикажување во повеќето европски држави и НЕ ИМ БИЛО ЈАСНО ЗОШТО... Да се прасувам јас, јас да сум би им забранил влез и на нив, да не ги набројувам - режисер, сценарист, актери и останати умоболници кои прифатиле да учествуваат во таа нивна болна "филмска уметност" никогаш да не стапнат во државата, малку им е забраната за прикажување!!! Ај мислам доволно беше да не излезе дека имам некои предрасуди, но според мене тоа не може да се нарече филм, дело, уметност премногу е гнасно, умоболно...

Еве го трејлерот, но верувајте ништо не можете да доловите од гнасотијата, а посебно умоболноста на филмските уметници...


 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Identity 2003
Филмот го отвара сцена во која психијатар слуша на касета исповед на пациент кој што е осуден на смрт заради убиства шо ги извршил пред 4години... Следната е еден језив хотел во кој се собираат луѓе за да се засолнат од бурата. На почетокот изгледа дека работите се нафрлани, али како одминува времето се сфаќа поврзаноста. Убав и возбудлив филм. Препорачувам.

Shelter 2010
Зашто, зашто ги гледав еден по друг?! Значи, сличен е со горниов филм. Малку натприродно вмешано, неколку моменти да ве исплашат и то би било то. Џонатан Рис Мејерс е одличен во филмов. Таман го погодиле со неговиот манијачки поглед.

Donnie Darko 2001
Може месец дена ми стоеше не гледан. Сега сфатив што сум пропуштила... Филмов е феноменален. Те тера да мислиш, а ако не ти е до тоа, откажи се од гледањето. На почеток стварно се чудев зашто е уствари зајак пријателчето, ми изгледаше дури и бизарно, за на крај да сфатам зашто...

Coraline 2009
Анимирано филмче кое ептен ми се допадна. Онака уште на почетокот приметуваш дека ке биде крипи и даркичок. Копчињата ептен ми беа морничави и непријатни за гледање.
Ништо не е совршено како што изгледа на прв поглед нели, па така е случајот и тука. Коралајн се преселува во стара куќа, незадоволна е што родителите не и посветуваат доволно внимание и и‘ фалат пријателите. Една вечер ја отвара скриената вратата која крие тунел и оди да истражи што се наоѓа на крајот од него...

Saw II 2005
Почнав со гледањето од почеток за да стигнам нели полека до седмицата. Се одлучив за двојката зашто сметам дека е подобра од кецот, бар за мене.
Подетално ни ја дава приказната за Џон, подобра глума, повише ликови за пратење... И иако кецот го гледав завчера, не открив дека Аманда е пак тука. Ми избега тоа. Сцената со иглите беше вистинско мачење за мене, али јуначки ја изгледав енд ајм прауд оф мајселф:) За приказната не пишувам зашто на сите е гледан.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Mр. боунс 2

Царов имаше таму незгода со еден англичанец ловец на антилопи и го средија на брза рка...
После еден индиец му напрај таму една магија на Хекуле и нивниот бог таму ги телепортираше у иднината...
И таму додека беа телепортирани во иднинате требаше да ја скршат магијата на Хекуле и имаа мн проблеми додека да средат..
Ипак заврија, среќно со бабун мен, и женаму... и сите си живееја среќно :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom