Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
terminator.jpg



Конечно дојде денот и јас да го гледам четвртото продолжение од филмот :vozbud: За случувањата во филмот нема потреба да се зборува многу. Во Четвртиот дел од Терминатор луѓето кои ги преживеале нападите се борат против машините. Главна цел им е да ги уништат Терминаторите, и да дојдат до главната база СкајНет, каде тие се произведуват. Кога го видов Арнолд во филмот :nesvest: неочекувано... беше најдобриот момент од филмот :vozbud: Филмот многу ми се допадна иако очекував дека ако го нема Шварценегер филмот нема да биде како претходните, но изгледа сум бил грешка.. па во ваков случај му давам 10/10.
 
District 9 (2009)

И ми се допадна и не ми се допадна.

Прво, мислам дека е многу важен Сетот (позадината) на која е правен филмот. Не можеш да му дадеш којзнае каква оцена на филм кој е сниман на отпад. Факт. Бар не онака „документарно“. Не разбирам како во филм кој има одлични ефекти ја оставиле позадината како да е снимана од туристи со мобилен.

Исто така, има доста нелогичности, како во „карактерот“ на вонземјаните (да не должам), така и во бирократијата: прво им дозволиле да се спуштат и да живеат до еден голем град (не личи на нас, луѓето), после 20 години решиле да ги преместат ( во меѓувреме ни еден од нив не излегол од зоната :tapp:), и преместувањето го прават така што оној кој ја води операцијата лично оди од врата до врата да им дели писма за иселување кои треба да ги потпишат (ова е капак на се, сега очекувам директорите на ЕВН лично да дојдат дома да ми ги збичат сметките).

Настрана ова, ефектите се одлични, вонземјаните се добро направени, музиката исто е одлична. Го гледав со добри слушалки на максимум, како и секој филм кој има акција и ефекти, зошто само така може да се собие вистински впечаток за филмот. Приказната е исто така одлична, но не е доволно добро искористена.

Ако ги преживеете првите 35 мин во кои ништо посебно нема и ако тие не ви влијаат многу на филмот, во остатокот може да уживате.

Од мене, 7/10, но мора да признаам дека ми е жал што не го искористиле материјалот како што треба, од оваа идеја можеа да направат многу подобар филм.
 
DisasterMovie2008ef3ad.jpg



Од филмот очекував повеќе. Сличен е како Super Hero Movie, комедија...
Во филмот се раскажува за некој пар кои се сакаат а не се заедно... Во поголемиот дел од филмот имаше апокалипса, паѓаа метеори, излегуваат некои супер херои... итн итн... Не ми се ни раскажува од толку што ми беше глупав. Оценка 2/10
 
Road to Perdition „Патот до пропаста“
Оценка: 8/10

Road_to_perdition_poster.jpg


Филмот решив да го симнам откако видов дека режисер е Сем Мендес, легендарниот режисер (Американска убавина, Револуционерен пат). Минатогодишниот филм со Кејт Винслет и Леонардо ДиКаприо, навистина ме изненади од него, тоа беше и причината да го засакам како режисер, и одлучноста да сите негови филмови се изложени на строг перфекционизам и феноменална кинематографија. Особено што ми падна во око во текот на целиот филм беше одличната фотографија/сценографија, значи толку добро одбрани кадри и сцени што никогаш не би ги заборавил. Актерската екипа исто е на ниво, Том Хенкс, Пол Њуман, Џад Ло, Даниел Крег и др. Приказната е одлична, всушност ова е приказна за Мајкл Суливан (помладиот), момче, чиј татко Мајкл Суливан (постариот) работи за криминалецот Руни и се обидува да му го врати сето она поради тоа што тој бил одгледан од самиот Руни затоа што бил сираче. Во една сцена каде што доаѓа до убиство на еден нивен непријател од страна на Руни, Мајкл криејќи се ја гледа сцената, и Мајкл. Sir му се заколнува на Руни дека неговиот син нема да каже ништо, но Руни и покрај се‘, во цена на неговата тишина ја става целата фамилија.

Уште еднаш... фантастично ремек дело! Моја препорака. ;)
 
Banlieue 13 Ultimatum.


Втор дел од француските мајстори на Паркурот. Има доста ришпања од згради невероватни вратоломии и боречки вештини. Инаку овај дел е неколку години во иднина политичката сцена во Франција е сменета само Предградие 13 е исто. Двајцата пријатели цајканот и отпадникот од опшеството и во овај дел ќе ги здружат силите против корумпираните злобни.......
 
Observe and Report (2009)

observe_and_report_ver2.jpg


На IMDB имаше коментар "ако очекувате да видите филм во стилот на Superbard или Hooked Up" немојте да го гледате овој. Богами така и испадна. А мислев дека нема да се согласам со коментаров, Seth Rogen сепак направи и еден без веза филм. Значи добро почнува филмов, со неколку добри сцени, но понатаму станува некако повеке гнасен него ли смешен.... Станува збор за чувари во еден трговски... Предходните филмови со Сет Роген (Hooked Up, Zack and Miri Make a Porno, Superbad ) се лудница, овој не излезе како што треба. Не гo препорачувам.

Reservoir Dogs (1992)

reservoir-dogs.jpg


еееееее ова е веке друго :)

Го немав гледано до сега, иако цитати од филмов имам слушано во песни :) Сега видов од кој филм биле.

Тарантино во полн елемент - збрки, пукање и криминал. Мразам да пишувам долги рецензии на филмови за да не ви го расипам чувството па... Во секој случај одличен филм во стилот на Pulp Fiction, и не е како Kill Bill (една жена да оде и тепа се живо, имам кажано и пред тоа - Kill Bill е карате филм за мали деца, а ова е филм). Е, овој го препорачувам
 
The_Aviator_poster.JPG


Филм на Мартин Скорсезе, номинација Оскар за најдобар филм, Леонардо диКаприо. Секоја чест за реализацијата на овој филм, одамна се канев да го гледам ама ете конечно имав шанса. Филмот блеска од убавина и од одлична глума. Тилда Свинтон многу ми се допадна како ја изглуми Кејт, девојката Хауард (Лео). Приказната е одлична, Мартин секогаш успева со овие автобиографските филмови, најдобри му се. Посебно ме воодушеви крајниот дел од филмот, колку трогателно заврши неговиот живот, како што вели на tagline(от): Некои луѓе ја сонуваат својата иднина. Тој сам ја изгради. Сосема коректно, преупорен човек и амбициозен, стигна до својот најголем врв... а заврши толку несреќно...

Фантастично 8/10 :smir:
 
The day after tomorrow
the-day-after-tomorrow-p.jpg


Ова е уште едно дело на Роланд Емерих, режисерот на Ден на Независноста. Филмот е прекрасен. Јас сум љубител на вакви трилери и не можам да кажам лош збор за Емерих, режисер и на филмот кој едвај го чекам - 2012. Какви само кадри има во филмот, да ти застане здивот. Графиката - оценка 10, звукот - оценка 10. Темата е слична како и во Ден на независнот, значи на човештвото му претстои истребување, но сега не од овнземјани, туку од природен фактор. Имено, како последица на глобалното затоплување човештвото повторно се враќа во ледено доба. Кој сака да дознае повеќе некако го изгледа филмот. Дефинитивно нема да зажали за 2те часа колку што трае филмов.​
 
Inglourious Basterds (2009)

Веројатно поради добрата забава која ја нуди филмов на повеќето гледачи им избегаа негативните детали кои се за секаква критика. Филмот е одлична забава како што реков, како и сите филмови на Тарантино. Изобилува со насилство и тензија, сцените се одлично снимани. Актерите се одлични, Бред Пит е во елемент а и други актери се прикажаа во добро светло. Филмот започнува со една долга сцена како и повеќето филмови на Тарантино, сцена која е добро осмислена и преставува одличен вовед во филмот. Самиот филм е фантазија (измислена случка од WWII) и претставува еден вид на црна комедија и како таков би поминал добро. Се користат неколку јазици (англиски, француски, германски....) па може да се каже дека е мултијазичен што е позитивна промена од ваквите филмови во кои глумат луѓе од најразлични нации и сите течно (па дури и со акцент) зборуваат англиски.

Горе - долу, тоа се позитивните работи кои ми се допаднаа во филмот.

Сега за делот кој посакував да го немаше па да завршам со постот погоре:

Филмот нема добра содржина, нема заплети, изненадувања, добро осмислена приказна која би го привлекла вниманието... се се случува праволиниски.

После првата сцена (која ја очекував) има и други непотребно издолжени сцени. Скоро сите опфаќаат еден вид испитување: некој некого испрашува за нешто. Непотребно долго и еднолично.

Очекував „Неславните Копилиња“ да бидат еден вид дружина слична (само бетер) на „Валканите дванаесетмина“ [ The Dirty Dozen (1967) ], филм кој си го заслужи местото во славните. Разликата е што во овој филм, Валканите беа лик по лик обработени со сите нивни добри/лоши страни, што придонесува гледачот да се поврзе со ликовите а преку нив и со самиот филм. Често пати сум пишувал дека не сакам филмови во кои ликовите се бледи и необработени зошто тогаш нити ги сакаш, нити ги мразиш (не будат никакви емоции). Копилињата, да не беше Бред Пит меѓу нив, ќе беа бледа сенка која се мота таму-ваму барајќи скалпови.

Тука ќе скратам. Тарантино може подобро од ова. Мене лично ми се допаднаа некои работи, но пропустите се големи за да ги занемарам. На останатите кои ќе го гледате, ви препорачувам да се фокусирате на забавата, глумата, сцените... Како филм направен за забава, не можеме да се пожалиме. Како комплетно филмско остварување, можело многу подобро од ова. Од мене, 6.5/10, оние 0.5 поради Тарантино и главното копиле Бред Пит.
 
los-abrazos-rotos.jpg


Пред малку го изгледав новиот филм на Педро Алмодовар. Го симнав се‘ со цел да видам каква е таа магија во неговите филмови. Пред тоа го имав изгледано Volver но не ми се допадна многу, па сепак сакав и овој да го видам. Напротив, и покрај критиките дека е еден од послабите негови филмови мене овој доста ми се допадна. Целата таа приказна испрвртена во флешови од минатото и од сегашноста ми беше одлична. Пенелопе Круз уште еднаш се докажа дека е сјајна во шпанската кинематографија. Препорака од мене за љубителите на шпански филмови... 7,5/10 :smir:
 

Хари Потер, дел прв од почетокот на крајот, очекувано мирно и тивко пред почетокот на бурата која (ќе) започнува во следните последни два дела (од припроста причина што се насобраа куп карактери кои треба да испоцркаат) и така... воглавно монотон, посветен на одностите меѓу главните ликови (кои веројатно како по некое клише ќе треба да ги втрунат во нешто "ново" или зло ама ќе си почекаме за тоа барем до 2011та) и конечно гледаме нешто поинаку во досега (делумно досега бидејќи почнувајќи со слаба нијанса на сериозност од третиот дел и со постепено зголемување кон 4чето и 5чето) "детскиот" филм. И толку од рецензирање, тие што го гледале и го сакаат брендот Хари Потер ќе си го гледаат без посебни коментари... ко мене (је рајт) било како, интересен за тепање време оценка 6,5/10
 
The never-ending horor/thriller серијал: Wrong Turn 3: Left for dead

d579ed8f2e44f909fc47d5c.jpg


Иако сум многу критичен кога станува збор за ваков жанр, ми се допаднаа првите два дела поради дозата морбидност, малку гнасни но добри сцени, непредвидливоста и се тоа. Овој е друга прича. Гнасен е повеќе, неколку wannabe ефекти, како некој почетник да го правил и ми беше сосема предвидлив. Приказната е мутанти-канибалисти ловат рандом минувачи кои случајно ќе се најдат по нивните шумски патишта. Доста шаблонски според првите делови. 5/10ка од мене.
 
Џони Деп - Државен непријател број 1 !!!

Public Enemies (2009)

После долго време конечно еден добар гангстерски филм. Butch Cassidy and the Sundance Kid (1969) и Bonnie and Clyde (1967) имаат добро друштво во биографската приказна за Џон Дилинџер, славниот ограбувач на банки од времето на „Големата депресија“.


Приказната ги обработува последните години од животот на Џон Дилинџер, човек кој ограбил преку 20 банки, два пати избегал од затвор и бил сметан и идолизиран како „Модерниот Робин Худ“. Филмот е еден од оние филмови за „добрите негативци“, филм кој не гледа црно-бело (криминалците-лоши, федералците-добри), туку ве тера да се запрашате: кој е тука вистинскиот државен непријател? Филмот сведочи за раѓањето на една нова сила (подоцна позната како ФБИ), под водство на Џеј Едгар Хувер, нејзиниот прв и озлогласен шеф, кој ја претвори оваа институција во нешто блиску до Гестапо, полициска сила која применува и незаконски методи само да дојде до целта.

Како и да е, филмот биографски горе-долу се поклопува со реалните настани од животот на Дилинџер, барем оние покрупните (апсењата, бегствата, смртта). Главната улога совршено ја одглуми Џони Деп. Од филмски аспект, кореографијата и посебно сцените од ноќниот живот се совршени, секој најмал детал се поклопува со сликата за 30-тите години од минатиот век. Пресметките помеѓу бандите и полицијата се исто така одлични, како и грабежите на банките. Музиката е одлична а во центарот на приказната е вметната љубовна приказна која го прикажува Дилинџер како обичен човек со емоции како и сите други.

Она што не ми се допадна се некои од сцените во притвор и други затворени објекти кои се (намерно, незнам од која причина) снимани без никакви ефекти, нешто слично на снимки од документарец. Имал некоја идеја авторот ама мене не ми се допадна. Исто така, можеби е малку предолг филмот.

Му давам 9/10, не сакам да барам многу мани, навистина ми се допадна филмот.

P.S.

Го изгледав на добри слушалки, му даваат на филмот звучни ефекти сличен на кино. Филм не е филм ако ударот на вратата од автомобилот или чекорењето по лисја не се погласни од зборувањето на луѓето. Ако ме разбирате...
 
416px_recep_ivedik_afis.jpg


Филмов има 2 дела кои вредат да се погледнат за да се насмеете добро.
Одлична турска комедија во која скоро секоја сцена од филмот е комична. Главниот лик во филмот Реџеп Иведик е над 100кг. целиот влакнест и се вози во штурче. Авантурата му почнува кога еден богаташ ке му падне новчаникот со многу пари на улица,Реџеп го зема и случајно на вестите го здогледува кој е човекот шо му паднал новчаникот и тргнува да му го врати.

Во вториот дел се појавува и неговата баба која нонстоп игра плејстејшн :pos: и му наредува да направи 3 работи: Да си најде работа,да се ожени и да стекне почит од другите околу него.
Авантурата за него започнува. :) :) :)
 
Си останав дома и си го изгледав по којзне кој пат Титаник. Уште 2000 пати да го дадат, уште толку ќе го изгледам .. Стварно остава без здив и држи под импресии. Причата ви е веќе позната, филмско остварување на легендарниот, незаборавен и за тоа време најголем и најлуксузен брод со неговата трогателна приказна при првото испловување од Англија кон Њу Јорк во 1912 год.

Филмот е направен 1997 год. и од тогаш сеуште според некои е најубавото филмско остварување досега и важи за најскап филм. А и досега поубава филмска музика, јас лично немам слушнато. Посижевеана и повклопена филмска песна во самиот филм, досега немало. Уживајте ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom