Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Деновиве изгледав три филмови од кои генерално сум многу задоволен, одамна немав гледано вака филмови кои ми се погодија сите откако ги земав. Еве неколку рецензии...



Ова според мене засега е една од најдобрите американски комедии од годинава. Иако се‘ уште го немам гледано Hangover за кој исто така има многу позитивни критики, сепак овој филм ми влезе во душата и го гледав со навистина позитивно расположение. Филмот е вистинска комедија, нема патетики и слично, една нова содржина за тип кој што нема пријатели, а е пред венчавка и е во потрага по кумот. На интересен начин се прикажани сите ликови во филмот, а посебно главниот пар :pipi:. Филмот мора да се изгледа! 8/10



Хммм... дојдовме до адаптацијата на Ден Браун. Пред да го гледам филмов, се плашев многу ако не ми се допадне како Кодот на Да Винчи како што пред да го гледам тој бев полн со очекувања, а го добив спротивното. Не знам поради која причина, ваљда поради напнататото дејство и содржината, јас се вљубив во филмот. Оприлика два часа и половина, се занесов во прекрасната содржина, напнатоста на ликовите и одличната акција во филмот. Има мешани критики за филмов, ама мене навистина ми се допадна. 7,5/10



Уште еден филм кој со нетрпение го очекував. Не беше ДВДРип снимка но сосема солидна, блиску до посакуваната. Џони Деп повторно маестрална улога како криминалец и гангстер и убавицата Марион Котиљард. Од сите три кои ги гледав, од овој малце се разочарав, но беше сосема солиден и добар, ниту малце не посакав да го изгасам поради тоа што приказната за потрагата од страна на државата кон гангсерот Џон Дилингер сосема ме привлече... 7/10
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Awake



Прекрасен филм, ме воодушеви. Неизвесноста до самиот крај го прави посебен. Необичен трилер кој исто така ме изненади со
чудната негативна и изненадна улога на Џесика Алба.
Сметам дека неа лично не и’ лежит негативна улога, а и не е некој професионалец во глумење, единствено тука се разочарав.
Накратко да кажам,
На Клејтон потребно е да му се изврши трансплантација на срцето. Неговата мајка настојува да го оперира првокласен кардиолог, меѓутоа тој слепо му верува на својот „пријател“ Dr. Jack, кој однапред испланирал операцијата да не успее, само за пари. Секако, овде е вклучена и Сем (Џесика Алба) која му е девојка на Клејтон.
Патем, морам да напоменам дека имат прекрасни цитати од кои двата ги кажува Dr. Jack.

People die. You may think you can control when or where...or how it happened, but you can't. When the number's up, the number's up. And there's nothing that anyone can do about it.
There are no excuses for what we did, there’s no defense, no one to blame but us, we got what we deserved. Clay would have his revenge, and justice would finally be served, but despite all the secrets, despite all the lies, and a terrible loss, one thing really matters now, he....is....awake.
Одличен филм. Морат да се изгледат. 10/10
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Незнам од кај да почнам, денојве изгледав многу работи, та стари, та нови, ај ќе ги редам по хронолошки редослед:pipi2: (да се пофалам иам нов емотикон)

Flags of our fathers

Сега гледам имат 7.2 рејтинг на имдб. Потценето. Филмов е еден од најдобрите воени драми шо сум ги гледал. Се работи за војната на Иво Џима, 1945 година. Клинт Иствуд е ѕвер. Еден од најдобрите, и како глумец и како режисер се докажа. Не очекувајте од овој филм да видите само војна. Интересно е шо е разгледан психолошкиот профил на неколку војници кои присуствувале таму, и славата со која се стекнале враќајќи се во Америка.
И за тоа дали навистина постојат херои и кои се тие.

После Flags of our fathers, го гледав Letters from Iwo Jima. На имдб имат оцена 8.1, ама и тој потценет филм. Зш го велам ова за двата? Затоа што заслужвет чиста 10ка.
Писма од Иво Џима е филм кој излезе неколку месеци после Flags of our fathers. Писма од Иво Џима е филм исто режиран од Клинт Иствуд. Во овај филм се работи за истата битка на Иво Џима, ама овој филм е од страна на јапонците. Во филмов нема амерички говорења, само јапонски. На дивидито имаше вграден англиски субтајтл. Овој филм ми се бендиса појќе него првиот дел. Ама мора по хронолошки редослед, овој втор да го гледате.
Ќе видите дека во една војна немат добри и лоши, туку и двете страни се соочени со тоа дека крајот е тука. Многу потресна воена драма, му ги препорачувам секому овие два филма во пакет.
Едноставно ко ќе гледаш ваков филм ја осеќаш неговата магија, зборувам поточно и за двата филма. Ги гледав пред една и нешо недела, првиот филм по втор пат, вториов прв пат, и верувајте, уште сум под импресии.
Бел бумбар и предлог од мене да гледате добра воена сага.
10/10 (двата)

Cruel Intentions

Фак, не очеквев вакво дејствие на филмов. Јас кога го спомнаја, мислев е некоја љубовна комедија, добро, имаше некои комични елементи, ама ова е стварно јак филм, одраз на еден реален живот. Ко му реков на Курте - брат, филмов да го глеаш. Ми рече - нејќам драми бе:pos:.
Му велам - абе да видиш колку се расипани жениве.
- Знам колку се брат.

Ама ќе го гледат филмов, незнајт дека до тој степен се. Мене во филмов ми се бендиса то шо не очеквев било какво дејствие како шо понуди самиов филм. Иако имаше малку пропусти, ако сакате забава гледајте го. Ќе се препознаете сигурно во некој од овие ликови понудени овде.
Не откривам спојлер, ама сцената со инвалидска количка и деветтата симфонија од Бетовен ужасно личит на A Clockwork Orange. Незнам зошто, ама секогаш Деветтата симфонија од Бетовен ме потсеќат на филмов. После се уверив на имдб дек всушност тоа и значи сцената кога Себастијан ја слушат и е во количка.
Да не должам многу, ако сте расположени малку да се изненадите, интересен филм.
7/10

Just like heaven

Овај филм ми се чинит ми легна на срце. Ми дојде во право време. На две сцени се присетив дека ги имам гледано тие две сцени, ама понатаму не. Изгледа на тв сум го начекал негде.
Ако сакате интересен љубовен филм, обавезно овај да го изгледате. Иако многу ме потсеќа на Ghost со Патрик Свејзи и Деми Мур, не вервам дека е некоја бледа копија, туку напротив, еден од оние филмови кои се интересни за релаксирање и опуштање.
После неколку посериозни филмови изгледани, ваков филм е повеќе и од добар.
Јас му давам прилично висока оцена, 8/10, и препорака да го гледате, најдобро е во друштво на партнерот, а ако не, гледајте си го сам. 99 проценти од филмојве ги гледам сам па уште ништо не ми се десило. Ама ваков филм е многу убав за во друштво::J:. Бел бумбар.

Meet the parents, Meet the Fockers (класика, особено првиов дел, не ги рецензирам пошо по 100 пат ми се гледани, а и сигурно на минатата заклучена тема ги имам спомнато)

Road Trip

Во последно гледам малку поопуштени филмој. Овај ми е гледан едно убај 5-6 пати, ама секогаш ми е смешен. Многу јако филмчиште, ако не сте го гледале, многу јак предлог за да помините одлични сат и пол во релаксација на мозокот.:asd:
Кајл ѕвер, овај чоек ми е идол еј. Имат јаки фори, не рецензирам многу, да не расипам нешто и кажам за филмов:asd:
Јас му давам прилично голема оцена, гледан ми е многупати и ќе го гледам уште многу, па ево ќе биде 8.5/10. Некој можеби ќе рече вакво сценарио е веќе видено, али не ми теквит во моментов некој подобар филм шо го содржит зборот TRIP.

Ај сега одам на посериозни филмој, имам неколку на листа спуштени, верно чекет да ги изгледам.
И Форца Милан.
:milanez:
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321

The Hammer (2007)


Филмов има се што барам од една комедија. Од никогаш не сум ги сакал комедиите од типот на Ајс Вентура, преферирам "паметни комедии" т.е. смешното да излегува од устата на актерот, а не од глупостите што му се дешаваат. Хуморот во филмов е лудница, кој сака лесно филмче кое ќе го орасположи, ќе му даде мотивација да прави нешто корисно, или само да се препушти и да ужива, Чеканот е правиот избор. Не се сеќавам кога последен пат сум гледал приближно добра комедија.
Инаку филмов е за еден 40 годишен тип кој сеуште не решил што сака да биде во животот. Си има едно другарче од Никарагва и заедно ми делуваат како Дон Кихот и Санчо Панса. Еден ден Џери т.е. Дон Кихот т.е. Адам Карола решава дека може да влезе во олипискиот тим на САД во бокс..... остантото ви го препуштам вас. Погледнете нема да зажалите.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
The Diving Bell and the Butterfly
на француски оригиналот е - Le scaphandre et le papillon

10/10. Во случај да ја заборам оценава подолу. Ова е филм шо ќе ве растеретит до таму и назад. На почеток да напоменам, ако сте за сериозен филм кај што нема да посакате да станите да земите сок или да одите во веце, тогаш овај ќе ви се допаднит многу, повеќе од очекуваното.
Французиве се мајстори за драми. Сум гледал многу француски драми, ама овој е врв. Ќе кажам накратко за дејствието - се работи за човек кој се буди парализиран целосно, лежи во болница, и може само да го мрда левото око, ништо друго. И не се сеќава како дошол до тука.
Вистинита приказна е. Јас прочитав од ко го изгледав филмов. Цел филм со емоции, стварно ме погоди в срце ама она ептен...
Ко бев мал и го гледав Животот е убав, ми се плачеше и плачев. Сега ми се плачеше пак, ама не заплакав. Изгледа неискреново општество ме престигна и мене.

Глумата е на врвно ниво. Слушнав дека Џони Деп сакале да го ангажираат за главната улога, ама требало да го направат на англиски филмов, со тоа немало да ја доловат вистинската приказна. Башка тоа, филмов е сниман во истата болница во Франција во која лежела вистинската личност за која е правен филмов.

Моја препорака е да го гледате ако сакате нешто драматично и сериозно. Ова е приказна која ќе ве изненадит многу... Дури сега сфаќам на каков начин може едно човечко суштество да живее без да губи надеж.
Морат да се изгледат, на англиски насловот е The Diving Bell and the Butterfly. Ќе најдете и превод, има и англиски превод па и српски, немојте да се секирате ако е француски.

Да не должам многу и да не гњавам.
10/10, уште под импресии...
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
American Teen

Брееј си помислив некоја комедија ќе биди :)
Инаку, документарен филм за американските тинејџери. Последната година од средно и воедно го претставува нивниот живот. Секој со својата приказна..
Кошаркар кој животна желба му е да игра во НБА, дете кое живее во свет на видео-игри, нема пријатели и е многу срамежливо,но потоа се ќе си дојди во ред(ко во 90% од филмовите), девојка која е оставена после сексот со еден дечко, ванаби шмизли.. итн,итн...
Не е нешо посебно,онака просечен..
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Enemy at the Gates (2001)
Дејство во Втората Светска Војна, германцита го напаѓаат Сталинград, меѓутоа наидуваат на Василиј Зајцев, млад војник, снајперист кој им ја крши кичмата на германците. Потоа и германците го праќаат својот најјак снајперист и си играт мачка и глушец цело време. Воедно и приказна колку малку вредел човечкиот живот во тоа време. Војниците ако ја дочекаа вечерта се радуваа со песни и алкохол. На имдб има рејтинг 7.4/10 сосема заслужено.
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710

The Shawshank Redemption

Конечно после време и време со сигурност можам да кажам дека гледав убав филм.
Филмот е од 1994година номиниран за 7 оскари и еден меѓу главните глумци е Morgan Freeman.

Скоро целото дејствие се одвива во затвор поради неправедна осуда за убиство и се што се случува понатаму измачувања,пресврти,лажни идентитети.

Оценка 8.5/10
 

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.915
Поени од реакции
167
Babylon A.D. (2008)



Како што и очекував филм со Вин Дизел со многу акција, тепање, брканици со разни превозни средства и слични ствари како сите негови филмови.
Филмот се одвива во иднина и финтата во филмот е тој треба да пренесе од Русија во САД една посебна девојка и да ја штити и ... итн.
се на се не беше лошо филмче 7,5/10 од мене
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
Wild Things



Ги исполни моите очекувања филмчево ... многу пресврти и откако ја знам приказната ќе го гледам пак ,онака да видам како се е склопено ...
Што и да се пише ќе биде спојлер ..толку пресврти има филмов ..
Али оваа Дениз Ричардс е :drk::drk::drk::icon_lol: ... онака во скул униформа
добра актерска екипа .Кевин Бејкон,Бил Мареј .Мет Дилан ...
едино шо би било како пропуст е боље музика да направеа за филмов да ја доловат мистеријата .. иначе мора да се изгледа ..ваков расплет ретко се наоѓа во филм .. како не правеа повеќе вакви
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Beautiful 2009.



Трилер филм во кој се измешани вистинската опасност и параноична психоза во мирно предградие. Цел филм провејува во мистерија што е што и зошто е тоа така, дури и крајот ако не го следи човек внимателно е конфузен, па мора човек да го пушти воведот од почеток. Ова не е филм со брзо дејствие и кратки кадри, туку со дооолга монотона приказна која што може да ве заспие и да не ја сватите суштината. Невероватно добар трилер и вреди да се гледа.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Cruel Intentions



Филм стар 10 години. Ги има 3 дела, јас го гледав првиот, коментарите за останатите 2 не се многу впечатливи па не знам дали ќе им дојде редот и на нив.
Во овој дел се работи за брат и сестра кои постојано прават глупости и освојуваат некакви „трофеи“ за да си го направат животот забавен. Меѓутоа се случува нешто сосема неочекувано.
Во главна улога е прекрасниот Ryan Phillippe, заедно со Sarah Michelle Gel. Има и неколку комични ситуации, но не очекувајте премногу ако мислите дека ќе гледате комедија. Класифициран е во жанрот романтика, драма, трилер.
Оценка 7/10.
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101


The Mist (2007)
Филмов пред некое време планирав да го земам, но денес случајно го фатив на Канал 5. Се работи за таен проект на владата кој предизвикува магла да се појави низ целиот град за да неколку десетици луѓе останат затворени во голем Супермаркет. Една жена зборува за тоа како се казнети од некој господ и слични верски глупости, а кога почнуваат да се случуваат чудни работи во ноќта луѓето почнуваат да и веруваат.

Работите се случуваат бавно, Ефектите како инсектите и слично не се изработени баш најдобро и заврашетокот е лош според мене. Сепак за време не филмот не се досадував затоа 7/10
 
Член од
28 август 2008
Мислења
18
Поени од реакции
7
[URL=http://img208.imageshack.us/i/theguardian.jpg/][/URL]

The Guardian

По смртта на најдобриот другар и колега во една од спасувачките мисии Ben Randall (Kevin Costner) ќе биде означен како тренер на новата генерација на U.S. Coast Guard. Во својот клас Бен, кој е најдобар пливач и спасувач во неговата класа, ќе го запознае Jake Fisher (Ashton Kutcher), за кого граници не постојат. Помеѓу овие двајца постои една многу интерсна емоцијална врска која ги тера работата да им биде најголемата љубов. На крајот си заплакав како на секој филм :icon_razz...
Малце е чудно тоа што Аshton е во акција, ама сепак супер се снаоѓа:pipi:.

8/10

 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.522

The Hammer (2007)


Филмов има се што барам од една комедија. Од никогаш не сум ги сакал комедиите од типот на Ајс Вентура, преферирам "паметни комедии" т.е. смешното да излегува од устата на актерот, а не од глупостите што му се дешаваат. Хуморот во филмов е лудница, кој сака лесно филмче кое ќе го орасположи, ќе му даде мотивација да прави нешто корисно, или само да се препушти и да ужива, Чеканот е правиот избор. Не се сеќавам кога последен пат сум гледал приближно добра комедија.
Инаку филмов е за еден 40 годишен тип кој сеуште не решил што сака да биде во животот. Си има едно другарче од Никарагва и заедно ми делуваат како Дон Кихот и Санчо Панса. Еден ден Џери т.е. Дон Кихот т.е. Адам Карола решава дека може да влезе во олипискиот тим на САД во бокс..... остантото ви го препуштам вас. Погледнете нема да зажалите.
Филмот излезе стварно супер, фала на препораката.
Го препорачувам еве сега и јас :)

Јас пак ке кажам, и оваа тема е доволно корисна за нас корисниците да биде поставена за "важна" ама ете тоа е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom