Последен гледан филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.501
Поени од реакции
58.888
The Taking of Pelham One Two Three (1974)

Веројатно не сте слушнале. Немав слушнато ни јас :) Ама во меѓувреме налетав на The Taking of Pelham 1 2 3 (2009), филм кој ќе излезе овој јуни, со Џон Траволта и Дензел Вашингтон во главните улоги, а ќе биде римејк на предходниот. Па си реков да погледнам околу што е галамата.

Се работи (за оригиналот зборувам нормално) за банда која киднапира подземен воз во Њујорк и бара милион долари откуп, или ќе почне да ги убива заложниците. И ова е сосем доволно, филмови со киднапери и заложници, кој ги сака не му се потребни повеќе информации. Филмот е сосема добар, возбудлив, а јас одамна барам римејк што ќе го надмине оригиналот, па ќе видиме... Бандитите се викаат Mr.Grey, Mr.Blue... слично како и во Reservoir Dogs, веројатно од тука ја земале идејата.

Кога сме тука, трејлер од оригиналот:



И трејлер од римејкот:



 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
The Pursuit of Happyness



Сеуште не можам да си ги средам впечатоците. Еден од најдобрите филмови што ги имам гледано во животот.
Се работи за филм кој ќе те натера да плачеш и од среќа и од тага, филм кој ќе те натера да го засакаш животот. Се работи за трогателна приказна (според вистинско сценарио) на татко (го глуми Вил Смит) и син и сите искушенија кои ќе ги поминат заедно во потрага по среќа.
Пораката на филмот е доколку работиш упорно и доколку имаш верба во себе, успехот нема да те заобиколи.
Највисока оценка од мене.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.692
Поени од реакции
13.328
The score со Robert DeNiro и Edward Norton. Го имаме Nick Wels (DeNiro) кој е експерт по ограбување на сефови. Неговиот „газда“ Мах (Marlon Brando) му ја дава последната задача а тоа е да го донесе жезлото на некогашната француска монархија. Го имаат и местото за грабеж - Монтреал (град со големо обезбедување) и човекот - Jack Teller (Edward Norton). Но сепак дали вреди да се има доверба во него?
Филмов го имам гледано пред 2-3 години и го препорачувам на сите што ги интересира филмови со пљачање. “Must see“ за оние кои го гледале Ocean`s 11,12,13, Italian job) Еден од топ 3 најдобри пљачкашки филмови според мене. Оценка 9.5/10
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
ИСПОВЕДУВАЊАТА НА ЕДНА ШОПИНГХОЛИЧАРКА
Пред малце го гледав овој прекрасен филм, навистина мислам дека би можел да помогне на оние кои се зависници од овој вид на болест :pos2::pos2:. Значи најпрво да и дадам една огромна петка на Исла Фишер која маестрално ја одлгуми Беки, и дефинитивно еден од моите омилени женски ликови на филм може да се рече. Глумицата навистина има свое реноме и навистина неверојатно глуми. Филмот изобилува со прекрасни сцени од модниот живот, неверојатно е да видиш како една девојка прави се‘ за да добие дел од некое парче. Најсмешна сцена дефинитивно ми беше кога се степа во продавницата за попусти за еден пар чизми :pos2: која бламажа иако сакаше да се откаже од нив, не можеше! А и преубав пар се со типот во кој ќе се заљуби, интересно е тоа што се вработува во фирма во која се‘ се зборува за економската криза и за штедењето пари, а впрочем таа е таа чие штедење не може никако да замре. Им предлагам на сите што ја немале читано книгата која ја има и кај нас да си го изгледат првен филмот поради тоа што сигурно ако ја прочитат книгата филмот нема да им остави добар впечаток... барем јас така мислам, затоа планирам наскоро да ја прочитам книгата за која имам читано само позитивни критики.
7,5/10 :pipi:


 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.387
Поени од реакции
25.164
Yes Man (2008)

Филмов, како и тој подолу што ќе го пишам, ги гледав пред еден месец, од тогаш нешто ново немам гледано, затоа што гледав 24, Лост и Призон Брејк.
Ама еве како што завршија сите ќе се навратам повеќе на филмовите, од новиве не можам да се пофалам дека имам нешто изгледано.

Прво што мора да се запримети кај овој филм е дека, ако размислиш подобро, многу наликува на Click со Адам Сендлер. Скоро и да се слични. Ама овој филм има и те како оригинално сценарио, можеби и не е, ама јас не сум сретнал нешто вакво.
Ова е филм кој најпрво ќе го гледате поради Џим Кери, потоа ќе сфатите дека сценариото е гром, а од кога ќе го изгледате, ќе сакате да му го предложите на другари/другарки, некои други филмомани и слично.

Она што сакам да го кажам е дека филмов од кога ќе го изгледате вас ќе ве обземе некоја позитивна енергија. Всушност, скоро низ целиот филм ќе се осеќа.
Немој да мислите дека ако е Џим Кери во филм, е урнебесна комедија. Напротив, ова е многу интересен филм, не очекувајте да се згазите од смеење, ама очекувајте многу убава приказна.

Јас му давам оцена 8/10, и еден голем бел бумбар.

Другиот филм што го гледав во ист ден со овој, The Blair Witch Project (1999).
Филмов е веќе класика, ама не го имав гледано, секогаш одложував.
И сега ми е криво што го одложував. Напротив слабиот рејтинг на имдб (ама рејтинзите не ми влијаат на мислењето), филмов многу ми се бендиса. Иако ич не го сакав она first person camera, затоа го одбегнував и тој новиот на Џ.Џ. Абрамс, ама ќе го земам после ова.

Ова е филм/документарец, ако можам да кажам, за тројца студенти кои ќе одат по лов на една легенда која кажува дека во тие шуми имало вештерки. Многу оригинална идеја, со многу мал буџет, креаторите се обогатиле ненормално. Иако целата приказна е... Не кажувам, да не расипам некому расположение, низ цел филм, особено сцените во ноќе, creepy. Не гледам често хорори, сум ги гледал само култните хорори и некој чат-пат кога ќе ми се најдел, ама овој е еден од најдобрите, поинакви хорори, различен од оние кои сме навикнати да ги гледаме.

Моја препорака да го погледнете филмов, видов дека има и втор дел, ќе го земам, мада не очекувам да е како овој... Али од мене има исто бел бумбар, добар е за предлог, а оцената може да се движи некаде 7.5/10.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Van Wilder


Типична тинејџерска комедија од стилот на American Pie, Pigs итн итн..

Мислам нема многу шо да се раскажва за ваквите филмој... колеџ, журки, boy meets girl.
Сцените се предвидливи, нема некои урнебесни моменти ради кој шо би ја гледал истата сцена 5 пати по ред, ама па за то нема ни некои глупи моменти, туку одржава некоја константна доза на хумор од почеток до крај.
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
119
I've Loved You So Long

Ја потиснав мојата аверзија кон филмови од француско говорно подрачје, стегнав заби и му седнав. И WOW!
Емоционална приказна која се одвивива бавно и без нагласена и прегласна мелодраматичност. Главниот лик е убиец на своето шестгодишно дете, но во ниту еден момент нема да ја осудите и покрај тоа што деталите и причината за убиството се мистерија се до крајот на филмот. Таа е чудак, странец кој пуши и го набљудува светот кој ништо не и значи. Докажува дека затворот не е центар за рехабилитација и ќелијата не е единствено место каде што човек може да се чувствува осамен. Затворот не значи осаменост, зборува ликот на Kristin Scott Thomas за време на целиот филм.
Сентиментална уметност!
Малку повеќе драма и емоционална катарза на крајот.

Мerveilleux!!!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Field of Dreams.


Поле на соништата на наши би требало да биди. Инаку невероватен филм ме исполни целиот, ова е филм за човечките неостварени соништа прекрасна емотивна бајка, не снимаат повеќе вакви емотивни филмови американците. дејствието на филмот се врти околу една фамилија која што живее на фарма од царевка, и нивното поле за безбол кое што ќе го направат поради нелогична причина....
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Последниве неколку денови ја изгледав комплет триологијата Underworld:
Underworld (2003)

Underworld: Evolution (2006)

Underworld: Rise of the Lycans (2009)

Се работи за вечната битка меѓу вампирите и врколаците . Тие се во потрага по човечко суштество со најретка крвна група кое ќе биде совршено парче за правење на најмоќното чудовиште, мешавина на вампир и врколак ...
Има премногу мрачни, крвави сцени, меѓутоа добро изработени, затоа давам највисока оценка на визуелниот аспект. Првите два дела не се нешто посебно, меѓутоа постојано се проникнуваат некои сцени кои те копкаат да посакаш да дознаеш што е поентата на филмот, од каде извира таа желба за одмазда, всушност се дознава минатото на некои главните ликови во првите два дела. Ако сакате подобро да ја сфатите триологијата можеби подобро е да го гледате прво третиот дел -Underworld rise of the lycans, :) ,
Во него всушност е опишан моментот од самото раѓање на Лушн, еден од ликовите кои ќе се појави во првииот дел, неговото земање под закрила од страна на господарот на вампирите Виктор, љубовта на Лушн со ќерката на Виктор- Соња, која љубов е против сите правила и последиците кои ќе ги сносат поради таа љубов.

Не сум некој голем љубител на филмови со врколаци/вампири, меѓутоа еве на овој филм (поготово заради третиот дел) му давам оцена 7/10
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
Конечно најдов време за The Mist. Хорор филм од 2007 со Thomas Jane во главна улога. Многу добро филмче со шокантен крај.

Да не филозофирам многу во врска со филмот имате трејлер. 8/10 од мене.

 
Г

Грејвдигер

Гостин
Night at the Museum: Battle of the Smithsonian (2009) [6/10]
Филмот едвај заслужува прелазна оцена. Цело време се користат истите фори од првиот дел
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
1.Милионер од гетото /The slumdog millionaire

Многу добра љубовна приказна,и добри теми обработени и покрај љубовта.Немам нешто посебно да кажам освен дека филмот заслужува да се погледне:smir:
Оценка: 10


2.Самрак/Twilight

Според мене ништо толку специјално.Филмов изгледа зошто ми беше пред тоа толку преувеличен,дека е преубав и слично испадна ништо особено.Јес да сакам љубовни филмови,овој беше таков....амаааа има некое ама....
Оценка:7

http://search.conduit.com/Results.aspx?q=slumdog+millionaire&SearchSourceOrigin=3&gil=en-US&SelfSearch=1&hl=en&ctid=CT1750559&octid=CT1750559
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Аmerican Psycho.
Не знам до каде ќе ме однесе опседнатоста со Кристијан Бејл, ама скоро секој втор ден се дозирам со по нешто негово.
Интересно е што гледајќи ги неговите филмови во еден поголем временски распон, од Empire of the sun (еден од неговите први филмови што сум ги гледала) до The Dark Night, ми се допаѓа начинот на кој се развива како актер и начинот на кој варираат неговите улоги: му прилегаат оние на негативец во иста мера колку и оние на добродетел, на херој, на итрец, а неспорно феноменално му лежат улогите на психички растроена личност. Во неколку наврати замижав сакајќи да избегнам одредени сцени, иако филмот (сам по себе прилично крвав) не содржеше експлицитна и транспарентна слика на самиот чин на убиство што вообичаено би ме потресло повеќе од гледањето на мртвите тела. Некаде уште кон средината на филмот предвидов ситуација која беше мошне налик на крајот, така што во завршницата само си ја потврдив претпоставката до каде ќе го одведе неговата ментална растроеност.
Фино филмче за љубителите на крими-трилери.
Јако 7-че!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
Х

Ханзо

Гостин
1.

Го гледав по долготрајно тупење за истиот од страна на повеќемина, и можеби поради преголемите очекувања ме разочара. Филмов е дел бледа копија на Fight Club
(анархистичко замислено другарче)
, дел стандард научна фантастика
(патување низ времето)
. Иако е интересен за гледање и има релативно занимлива приказна, не е ништо посебно. Оценка: 5/10

2.

Исто така гледан по долготрајно тупење. :) Одлична акција, интересна приказна, филм за релаксирање (секако, за оние кои се релаксираат на пукање, брканици, пукање, пукање и пукање). Имам само две замерки за визуелните ефекти во две сцени, ама тие не го прават филмот ништо полош. :) Им го препорачувам на сите љубители на акции. Оценка: 9/10
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230

Филмот беше одличен немам зборови за него 10/10 немам гледано ваков акциски филм во животот, одлично беше обработен главниот глумец секако Жан Клод Вандам претерано пукање , тепање и слично во филмот не најдов никаква грешка и кога заврши посакав уште да трае .:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom