Последен гледан филм со кратка рецензија

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Како по обичај, во овој период од годината ги прелистувам кандидатите за Оскар, за да видам шокојкур смислила академијата секоја година :)

Досега ги гледав The Curious Case of Benjamin Button (не прочитав наназад, ама сигурно некој веќе ви го препорачал), Frost/Nixon, Milk и The Reader. Нареден е Slumdog Millionaire.

Накратко, би сакал да ви го препорачам Milk. Не поради контроверзните сцени на бакнување, тоа може и да се очекува, имајќи во предвид дека филмот е направен по вистинска приказна за движењето на педерите во Сан Франциско во 70те години. Интересно е да се погледне приказната за хомосексуализмот од "другата страна", т.е. with quier eyes, шо ми беше предизвик да го гледам филмот, како стрејташ кој можеби практицирал ненамерен фашизам чат пат.



Џош Бролин и Шон Пен во Milk


Отвора прашања за кои треба да се размисли. Мислам, во средини како нашата. Па да се споредат искуствата и патот кој го зафати таквиот бран на демократија до ден денес, да се удрат статистички истражувања и да се размисли, чија борба е праведна. Чија не е. Ништо не тврдам, освен дека не постои апсолутна вистина.

Шон Пен е извонреден во улогата на Харви Милк, неуморниот борец за правата на хомосексуалците кој се кандидира за регионален "позорник" / пратеник, од Castro Street на која по доаѓањето во градот отвора мал локал за фотографија кој станува вистински центар на хомосексуалците во градот.

После Бен Батон, засега Milk ми е на високото второ место, иако и Фрост/Никсон е многу интересен филм, посебно за оние кои се заинтригирани од политиката, аферите, за најголемиот скандал кој го направил еден американски претседател и случувањата после тоа.

Во секој случај,
како што вика tagline-от на филмот:

His life changed history. His courage changed lives.
 
С

Сатори

Гостин
Гледав доста филмови за кои не стигнав да напишам на темава. Дел од нив: The Prestige Every great magic trick consists of three parts or acts. The first part is called "The Pledge". The magician shows you something ordinary: a deck of cards, a bird or a man. He shows you this object. Perhaps he asks you to inspect it to see if it is indeed real, unaltered, normal. But of course... it probably isn't. The second act is called "The Turn". The magician takes the ordinary something and makes it do something extraordinary. Now you're looking for the secret... but you won't find it, because of course you're not really looking. You don't really want to know. You want to be fooled. But you wouldn't clap yet. Because making something disappear isn't enough; you have to bring it back. That's why every magic trick has a third act, the hardest part, the part we call "The Prestige"."
Одличен филм, дефинитивно го препорачувам.
Мене целосно ме воодушеви филмот, ретко се налетува на така добро раскажана приказна со добро сценарио и добар кастинг.
Да не се повторувам со сижето, го имате горе.

Вреди да се погледне и да се ужива комплетно во него, по можност со кватро стаџоне пица и црно вино. (ми се јаде)
Совршено!:smir:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Outlander.
Спој помеѓу фантастика и историски филм, добро ново филмче. Во средновековна Норвешка ќе се сруши летало со човек кој што не живее на оваа планета, но тој нема да биди сам, падот ќе го преживее и едно животно ѕвер. Гледајте ја приказната за ѕверот и човекот на среде филм ќе ве изненади. Гледајте го и уживајте.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Dead Poets Society



Не знам како никој не го спомнал овој одличен филм на Робин Вилијамс.
И секако,извонредната изведба на потценетиот Robert Sean Leonard (Wilson - House M.D.)
Carpe Diem,филмот носи силна поента со која навистина многу луѓе можат да се поврзат.
Мене ми се допаѓа тоа што го кажува,она што јас толку време го мислам,дека секогаш ќе има авторитети над тебе,и дека некогаш ќе мора да застанеш пред нив,за твојот став.
Филмот во суштина е концентириран еднакво околу неколку ликови,тинејџери кои влегуваат во животот,и нивниот професор Dr. Keating (попознат како Captain my Captain),кој користи неконвенционален метод на предавање,и воедно на сосема друга насока на разбирање на поезијата.
Тој пробува да направи од следбеници,слободни мислители и филмот силно се фокусира и на последиците од тоа.
Вилијамс и Леонард се одлични,можеби млака улога на Ethan Hawk,но во целина,и повеќе од добар филм.

Дури и повеќето кои не ја размислиле оваа точка,ќе пронајдат инспирација,сила и ред други слични работи во филмот,како што и тврдат повеќето од коментарите за филмот.

Оценка 8,5/10.


The Bank Job



Филмов е еден од ретките со 4 од 5 звезди на highdefdigest,прилично сурова страница кога станува збор за оценки.
И како што пишува на сликата погоре,everything action fans could want!

Сепак,би го извадил тоа акциони,бидејќи филмот сепак не е примарно фокусиран околу тоа,но реченицата стои!
Иако почнува некако млитаво,сепак кога еднаш ќе почне грабежот,филмот не запира,и по самиот крај ќе се чуствувате исполнети,како ретко кој филм може да направи.
Комплицираноста на ситуацијата расте,а дефинивно цитатот на Terry при крајот е шлаг на целиот филм,не откривам зашто,ќе сфатите сами :)

Бонус е тоа што конечно го гледаме Статхам во "нетепачка улога",како всушност глуми.Океи сеа,на крајот ипак...


Сепак,одбивноста на главниот женски лик (колку има,50 години?!) и неколку сценариски глупости (
спиење додека ограбуваш банка?!
) ја спуштаат оценката на филмот од 9ка,на чиста 8мица.
Дефинитивна препорака


Wedding Crashers



Филмовите на Frat-pack,се базираат околку неколку клучни работи :

1.Вкусно "невкусен" хумор
2.Споредните ликови
3.Локација на дејството (мех,не можам точно да објаснам)

Има и повеќе и поспецифично,но океи,ова е глобалната слика.
Кога буквално сите три точки се утнати,не може да очекувате добар филм.
А и веќе не е интересно да го гледаме Кристофер Вокен со неговиот кул глас.
Монотоно станува.Којзнае колку досадно му е него :/

Има некои моменти како "ахаха добра фора" и "хахах вау да да" смеење,но во генерала,досадна,напорна и клише приказна.
И тоа што главниот лик на крај кажува "да не е ова клише сеа?",не помага нешто во оценката.

3/10.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Милионер од гето :vozbud:...индиски филм номиниран за Оскар во 10 категории...одлична вистинска животна приказна...нема да ви откријам повеќе мора да го гледате :smir:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
The Oxford Murders


Интересна приказна разработува овој филм, но мислам дека можело сето тоа многу подобро да се изреализира.
Вака спакуван филмов и презентиран на гледачите не изгледа толку одлично. Затоа давам една просечна оценка 6.
Самата сторија за сериски убиец кој ги поврзува убиствата со математички симболи изгледа фантастично. Посебно кога на тоа ќе се додадат професори и студенти од еден од најдобрите универзитети Оксфорд сето тоа е феноменално. Посебно што и филмот е сниман во Оксфорд.
Но некако презаплеткано на почетокот и речиси досаден е првиот час од филмот. Интересен е почетокот и секако крајот каде се се дознава. Дури на еден момент си мислев да не го догледам филмот. Но пред крајот кога се разјаснија некои работи сосема задоволително го дочекав самиот крај на филмот.
Има неколку жанрови во филмов трилер, психолошки, романтичен ...
На крај речиси сите глумци испаднаа дел од убиствата. Иако сите ми беа сомнителни сепак не очекував баш сите да се бидат дел од убиствата. Од кои некои намерно, некои сосема случајно.

Тhe prestige


Откако го изгледав филмот го потврдив она што го кажуваа и останатите кајганџии за филмов. Не прочитав негативно мислење за филмов, а исто и јас ќе дадам само позитивни зборови. Одлична оценка за овој одличен филм.
Два ипол часа додека ќе го гледате филмов ќе ви поминат како минутка. Филм кој нема ни една минутка досадна во него. Мора да се следи од почеток до крај со огромно внимание. Секој момент е битен, секоја сцена поучна. Филм од кој многу се учи, филм кој ќе ве заинтригира.
Ќе дознаете некои магионичарски трикови, ќе дознаете некои факти за Никола Тесла и ќе дознаете колку конкуренцијата може да биде убиствена.
Најчесто се вели конкуренцијата е здрава, но не секогаш е така. Токму од филмов се дознава дека самата конкуренција може да те мотивира да бидеш подобар, но дека тоа не значи успех и задоволство во животот.
Се се сведуваше на откривање на подобар магионичарски трик, но наспроти тоа се поголемо незадоволство во животот. Не е воопшто лесен животот на магионичарите и многу дволичен.
Погледнете го филмов сите оние кои тоа не го направиле и научете нешто повеќе. Јас му давам оценка 9.
 

IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
Runaway Jury - конечно го гледав, главно по препораки од овде, ми се допадна оргиналната приказна
манипулирање со порота
, одлична глума, го препорачувам.

The Shawshank Redemption - не е најдобриот филм кој сум го гледал (иако за 400 и кусур иљади е), ама филмот е одличен. Читав како наводно не му се погодило што излегол во иста година со Форест Гамп и Палп Филшн, па не земал оскар. Препорачувам на љубителите на призн драми.

The Collectors и Freeway не ги коментирам. Или ај вториот. Ја сакам Reese Witherspoon!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Синоќа го гледав овој прекрасен филм, уште едно маестрално дело кое произлезе од мистичната работилница на легендарниот Тим Бартон!! Едноставно докажа дека сепак е најдобар за вакви филмови... посебно Џони Деп во неговите филмови ги прави филмовите уште појаки, а морам наскоро да ги изгледам и другите негови дела :pipi:

Инаку повеќе за филмот... предобра приказна, за мене ова не е хорор приказна, туку едно мрачно издание за една легенда која е раскажана на преубав начин... Кристина Ричи предобра, и инструменталите се одлични :smir:

8/10 :back:


 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Taken.
филмов не е кандидат за оскар, а и не мора да биди. Ова е филм за сите тие што сакаат насилство крв и одмазда. Тотално опуштање без да му се мисли многу.
 
Член од
22 јануари 2008
Мислења
425
Поени од реакции
10

se raboti za post apokalipticna doba vo avstralia traganje po gorivo doveduvanje na red i mir vo zemjata.Ima dobra akcija brkotnici so koli.Mel Gibson so ove filmovi vleze na golema vrata vo filmskata industrija.Odlicni se filmovive OTCENA 10/10
Se nadevam deka ke ima i cetvrti del.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Taking Lives

Многу добар филм! Анџелина е во него, нема шала :)
Иако на пола можда ќе претпоставите за кого се работи, сепак, крајот неможете да го предвидите :) Завршува многу интересно... За глумата не ни зборам :) Би го препорачала на сите.... 7/10
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
И јас го препорачувам да го гледаме погоре наведениот со Анџелина.Дефинитивно добар филм со одлична глума на Анџелина. Филм со интересни сплетки.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Changeling


Mе интересираше како приказнава се вклопила со улогата на Анџелина Џоли. Неможам да кажам дека не го долови вистинскиот момент со нејзината глума во филмот, но сепак беше многу "отмена" за една ваква приказна.
Приказната во филмот ми се допадна, можеби премногу очекувано неочекуван расплет имаше и секако ќе беше поинтересно да ја скратеа приказната за едно 20 минути. Молкот не секогаш дава интензитет на филмот.
За мене имаше премногу трогателна приказна само од причина што секогаш децата ми се најболна точка во еден таков болен контекст.
Повеќе нема да кажам за филмот зошто секаква поблиска слика за него, може да го наруши впечатокот.

п.с Има убава музика ...

8/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Changeling


Mе интересираше како приказнава се вклопила со улогата на Анџелина Џоли. Неможам да кажам дека не го долови вистинскиот момент со нејзината глума во филмот, но сепак беше многу "отмена" за една ваква приказна.
Приказната во филмот ми се допадна, можеби премногу очекувано неочекуван расплет имаше и секако ќе беше поинтересно да ја скратеа приказната за едно 20 минути. Молкот не секогаш дава интензитет на филмот.
За мене имаше премногу трогателна приказна само од причина што секогаш децата ми се најболна точка во еден таков болен контекст.
Повеќе нема да кажам за филмот зошто секаква поблиска слика за него, може да го наруши впечатокот.

п.с Има убава музика ...

8/10
:pos2:, 50-тина минути подоцна, само што го догледав!

Еве и мој мал придонес кон популарноста на филмов:

1. Го обожавам Клинт Иствуд. Не престанува да ме изненадува со психолошки и трогателни филмови. Unforgiven (1992), Mystic River (2003), Million Dollar Baby (2004) и сега Changeling (2008). Gran Torino (2008) се уште не сум го изгледал. Ако вака продолжи, старецот ќе испадне подобар режисер од актер. Му посакувам многу здравје и уште многу вакви филмови.

2. Не ја ценам многу Анџелина Џоли како актерка, но во овој филм ги надмина моите очекувања. Не дека одглуми за оскар, ама добро ја долови улогата на мајка која би направила се за да го пронајде својот изгубен син, и на жена која силно пати.

За филмот накратко, се работи за приказна од 20-тите години на минатиот век. Исчезнува синот на Christine Collins (Анџелина Џоли), за по кратко време полицијата (во тоа време озлогласената Л.А. полиција) да и врати момче кое тврди дека е нејзин син. Понатаму не раскажувам, приказната е прилично тажна и потресна и не сакам да го расипувам впечатокот.

Ретко сум расположен за 10-ки, но ако им дадов на предходните филмови на Клинт Иствуд, сигурно и овој од мене ја заслужува истата оцена.

10/10
 

Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
:pos2:, 50-тина минути подоцна, само што го догледав!

Еве и мој мал придонес кон популарноста на филмов:

1. Го обожавам Клинт Иствуд. Не престанува да ме изненадува со психолошки и трогателни филмови. Unforgiven (1992), Mystic River (2003), Million Dollar Baby (2004) и сега Changeling (2008). Gran Torino (2008) се уште не сум го изгледал. Ако вака продолжи, старецот ќе испадне подобар режисер од актер. Му посакувам многу здравје и уште многу вакви филмови.

2. Не ја ценам многу Анџелина Џоли како актерка, но во овој филм ги надмина моите очекувања. Не дека одглуми за оскар, ама добро ја долови улогата на мајка која би направила се за да го пронајде својот изгубен син, и на жена која силно пати.

За филмот накратко, се работи за приказна од 20-тите години на минатиот век. Исчезнува синот на Christine Collins (Анџелина Џоли), за по кратко време полицијата (во тоа време озлогласената Л.А. полиција) да и врати момче кое тврди дека е нејзин син. Понатаму не раскажувам, приказната е прилично тажна и потресна и не сакам да го расипувам впечатокот.

Ретко сум расположен за 10-ки, но ако им дадов на предходните филмови на Клинт Иствуд, сигурно и овој од мене ја заслужува истата оцена.

10/10
Јас го изгледав.... ОДВАЈ!!!
Не знам зошто, можеби дека филмот беше преценет мене не ми се допадна. Барем не се воодушевив...

И јас го обожавам Клинт Иствуд, ама овај пат... некако се разочарав.
Поентата му е добра..
Не сакам да откривам (мислам и нема што да се открие)
Единствено ми се допадна како му легна улогата и мислам дека никој немаше посовршено да ја одигра.
Крајот е малку интересен... воедно и трогателен.. (кога ќе го запознаеш неговиот карактер, би требало да те трогни крајот, бидејќи тоа што ќе го направи не е вообичаено за него)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom