ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: Кајганџии донираат - операцијата заврши успешно :)

Статус
Затворена за нови мислења.

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Ја видов акцијата ама денес неможев да се оррганизирам во петок сигурно доаѓам со неколку луѓе ќе раширам....
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Да си дадам и јас извештај пред да си легнам после два неспани денови.
Денес си бев исшутирана на појќе страни и морав со врски да се акам сто сати, за да дојдам дури до дома кај главната г-ѓа (не се наоѓаат такви фаци на работно место нали), која морала да ми даде одобрение да можам да собирам добротворни прилози. Да бараш дозвола од сто луѓе во ЦК за да помогнеш ... ова единствено не го очекував! Пропаднат цел ден за ништо, ама ете, мора да се испоштоваат големите фаци кои мислат дека се Господ.:uvo:
Важно на крај, одобрението го добив, но бидејќи беше касно, останува повторно утре од рани зори да се поакам уште малку, за да земам налепници со нивното лого (ако успееле да најдат, бидејќи мислеле дека имаат, а ако не, ќе скинеме од тие на нивните ѕидови и ќе ги лепиме како ќе може!:uvo:) со кои ќе ги прикријам обичните кутии, кои секако сама треба од улица да ги земам. Морам на крај да додадам дека сепак сите госпоѓи ја поздравија акцијата и барем се однесуваа пристојно ... една и единствена причина поради која заслужено земаат плата.
Овој ден покрај тоа го искористив да ги информирам луѓето, па ми се стопли срцето кога добив позитивни реакции за акцијава, како и ветувања за донации. :pipi:
Значи, со еден ден доцнење, од утре ќе може да се донира кај мене, а првична оцена ми е дека ќе се собере доста материјал, кој ќе ми ги надомести овие нервози.
Морам да им заблагодарам на сите кои ме поддржаа, а посебно до мојот персонал кој покажа доброволен интерес да соработува, со што навистина многу ми олесна. :pipi:
Толку ... се одјавувам до следниот извештај.:salut:
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Дојдов, видов на кратко (за жал, ал со обврски во текот на вечерта). Го земам флаерот од прва страна, и утре го принтам на најоптимален формат. Следува лепење на Архитектонски и Градежен Факултет, на сите огласни табли (легално де). Ако бидам во можност, доаѓам во петок и во сабота на испомош, благонадежно дека нема да бидам со празни раце.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ова денес го сметам само за проба, и верувам дека у петок и сабота ќе биде многу поорганизирано и поуспешно.

Ќе иаме грејана ракија (a must!), а не ладно пиво од Кире, ко денес :(
Ќе имаме и украсен штанд со банер (плус, ќе спремам хамер, ќе направам украсни машнички итн.) а Немирна ќе дува балони!

И најважно, ќе имаме луѓе кои ќе бидат известени за акцијата, за разлика од денес.

Него,

Кој ќе седи пред Бисер петок и сабота?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
сабота сум ја од 1 до 3... Туку друго е прашањево мое... Како да ме препознаат луѓево мене таму дека сум уствари ја таа што треба да им ги собере донациите? Оти, немаме таму ниту маса, ниту добри људи од црвен крст, а би требало да има... Треба да е на исто ниво како и на плоштад...
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
сабота сум ја од 1 до 3... Туку друго е прашањево мое... Како да ме препознаат луѓево мене таму дека сум уствари ја таа што треба да им ги собере донациите? Оти, немаме таму ниту маса, ниту добри људи од црвен крст, а би требало да има... Треба да е на исто ниво како и на плоштад...
Абе не можеш сама или со уше еден. Барем 3/4 да сте.

А, за масите и све тоа, у право си.

Онда, давајте идеи за импровизиран штанд пред Бисер!

(Ја можам да направам нешо као хамерче на кое ќе пишува дека е хуманитиарна акција на црвен крст и форумџиите од Кајгана)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Ова денес го сметам само за проба, и верувам дека у петок и сабота ќе биде многу поорганизирано и поуспешно.

Ќе иаме грејана ракија (a must!), а не ладно пиво од Кире, ко денес :(
Ќе имаме и украсен штанд со банер (плус, ќе спремам хамер, ќе направам украсни машнички итн.) а Немирна ќе дува балони!

И најважно, ќе имаме луѓе кои ќе бидат известени за акцијата, за разлика од денес.

Него,

Кој ќе седи пред Бисер петок и сабота?
Кажи за чичето што се испосра на законот :)
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.736
Поени од реакции
5.419
од мене во петок имате задолжително присуство, па што треба како треба кажувајте :) :)
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Јас ќе одам во сабота пред Бисер од 5 до 7, наместо на плоштад :) Кој е за со мене? :) Ако нема, ќе соберам некоја другарка ваљда :)
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Ма за у петок има да ве натерам да дувате бели и црвени балони, у несвест има да испопаѓате од дување...:icon_lol: (а може и презервативите да ги надуваме,не би било проблем:vozbud:)
А да , човекот што праќа шмекови на секаде без да штеди,пријатно ме изненади.Супер дечко,кајгана заинтересирани и слободни моми,кога ќе ве шмека на профил не го одбивајте,срце е...хехехехе...
Eте! Немирна си го кажа својот став за мојот шмек. Заклучок: Она е веќе шмекната:smir: А останатите форумџики. Бидете паметни и послушајте ја вашата шмекната другарка Немирна :)
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Процедурално....Шмекер да не забегуваш малку со ова шмекнувањево како штрумфови си ...се е најштрумфно :tapp:
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Инаку задоволен сум од денешнит ден. Доволно беа два саата бидејчи било какво дополнително останување само ќе ги направеше нашите мрсули у мразулци. Измрзнавмее! Но јас денес се чуствувам како подобар човек и поголем шмекер со тоа што донирав облека. Запознав и членови на форумов и мило ми беше шо ги запознав (машкиот дел) а најмило ми беше шо ги шмекнав останатите форумџики!
за у петок не знам дали ќе присуствувам ама можно е сабота да дојдам пак!
Хуман шмек:smir:

Процедурално....Шмекер да не забегуваш малку со ова шмекнувањево како штрумфови си ...се е најштрумфно :tapp:
Да, забегувам!...а кога сме кај штрумфови. Ја имам шмекнато Штрумфета. Другарски шмек Земзела:helou:
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Колку души ќе дојдат у петок бе? 90?
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Колку души ќе дојдат у петок бе? 90?
Ако стоиш поред штандот цело време и не се смееш и збориш ко обично, ни 3-ца нема да останат, не се секирај :P

Srsly, пак да прашам:

Шо ќе праиме за штандот пред Бисер?
Ни маси, ни нишо нема, а најавено е ко збирно место.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom