Да си дадам и јас извештај пред да си легнам после два неспани денови.
Денес си бев исшутирана на појќе страни и морав со врски да се акам сто сати, за да дојдам дури до дома кај главната г-ѓа (не се наоѓаат такви фаци на работно место нали), која морала да ми даде одобрение да можам да собирам добротворни прилози. Да бараш дозвола од сто луѓе во ЦК за да помогнеш ... ова единствено не го очекував! Пропаднат цел ден за ништо, ама ете, мора да се испоштоваат големите фаци кои мислат дека се Господ.:uvo:
Важно на крај, одобрението го добив, но бидејќи беше касно, останува повторно утре од рани зори да се поакам уште малку, за да земам налепници со нивното лого (ако успееле да најдат, бидејќи мислеле дека имаат, а ако не, ќе скинеме од тие на нивните ѕидови и ќе ги лепиме како ќе може!:uvo
со кои ќе ги прикријам обичните кутии, кои секако сама треба од улица да ги земам. Морам на крај да додадам дека сепак сите госпоѓи ја поздравија акцијата и барем се однесуваа пристојно ... една и единствена причина поради која заслужено земаат плата.
Овој ден покрај тоа го искористив да ги информирам луѓето, па ми се стопли срцето кога добив позитивни реакции за акцијава, како и ветувања за донации.
Значи, со еден ден доцнење, од утре ќе може да се донира кај мене, а првична оцена ми е дека ќе се собере доста материјал, кој ќе ми ги надомести овие нервози.
Морам да им заблагодарам на сите кои ме поддржаа, а посебно до мојот персонал кој покажа доброволен интерес да соработува, со што навистина многу ми олесна.
Толку ... се одјавувам до следниот извештај.:salut: