16:15 ви одговара?
15 минути/ пола саат дур убаво све да се постави...и у 16:45, више да бидеме скроз спремни.
Одговара.
Ада, пошто Мад Макс не е онлајн, а крајниот договор веќе треба да го имаме, може да те сметаме тебе за превоз конечно?
Ај вака, да наведеме конечно што и како:
Локација: Плоштад „Македонија“, пред „Дал Фуфо“.
Штанд (маси и столчиња): Ада
Штанд (задолжени за примање донации): Псајтисфекшн, Немирна, Јован, Член 7.
Флаери: Биг Кис
Лого: Ацид (ако има испринтано); Биг Кис (ако треба да се принта)
Превоз: Ада (комбе, едно е доволно)
Место за складирање на донации: домот на Магде (алтернатива: Даре Џамбаз).
Збирно место за Ада, Немирна и Псајтисфекшн: Германос, Рекорд (Ада, ако ти треба некое место кај што ќе можеш да го паркираш возилото со кое ќе ги носиш масите, кажи, на пример, паркингот кај Македонски Телекомуникации или нешто поблиску).
Време: 16:15 часот.
Почеток на акцијата за секој што сака да донира: 17.00 часот.
Крај на акцијата: околу 19:00, но и подолго ако е потребно.
Ќе ја чекаме Магде околу 19.00 да дојде за да ги пренесеме нештата кај неа.
Ако е тоа проблем, Даре Џамбаз стои како алтернатива.
Пропуштив нешто битно?