Семинарски, состави, есеи, задачи

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Некој состав за "Балзак аналитичар на француското општество":helou:
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Треба да правам семинарска по предметот Структурирано програмирање C, на тема VTune (алатка од Intel што служи за оптимизација на код).
Билокакви материјали, по можност да е на македонски, али не е проблем и на англиски би ми помогнале. Треба да е околу 20 страни, така да може и на англиски ако има некој нешто средено, издвоено, од некој сајт, нека ми прати па за превод ќе се снајдам.
Извинете, али пак имам побарување. Ми дозволија да ја сменам темата, зашто очигледно претешка и прекомплицирана беше оваа што ја избрав, башка 20 страни... а слабо материјали...:)

Нема везе. Избрав нова тема да пишувам за Python програмскиот јазик, основни работи, што како се користи.. наредби некои, циклуси, функции... нешто слично на тоа што го учиме за C, како би изгледале нештата во Python.
На англиски најдов еден тон литература:) па прашањето ми е, да не има некој нешто на македонски освен википедија која е премногу сиромашна, едвај еден пасус има.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Ќе му се најдат на некого некогаш

Чекајки го годо


Делото Чекајки го Годо е напишано од нобеловецот Семјуел Бекет кој е претставник на театарот на апсурдот. Тој е роден во 1906та година во фоксрок, во близина на Даблин, Ирска. Чекајки го Годо е антидрама во која Бекет ја избегнува стапицата на конкретно време и физички простор со збришувањето на специфичностите во позадината. Идејата на оваа драма е приказ на апсурдот во човековата комуникација.

Во оваа драма се е релативно - времето, местото па дури и ликовите. Чекајки го Годо го врзува мизерниот живот на двајца “бездомници“ (Владимир и Естрагон) кои се едноставно уфрлени во непозната земја без претходно објаснување за нивната состојба. Од нивниот непродуктивен разговор можеме да извлечеме само малку информации кои се релативно точни. “Знаеме“ дека тие се двајца стари пријатели на кои иако не им поаѓа од рака муабетот и не знаат што да прават еден со друг со времето кое им е на располагање, сепак се држат заедно и си се потребни еден на друг. Tука накратко се појавуваат Поцо и Лаки (владетел и роб). Бекетовата сцена дејствува во бескрајна сегашност или во просторно, привремен вакуум. Дејствието е полно со прашања, но без одговори.

Во втората сцена, Владимир го опсипува Поцо со прашања. Поцо станува изморен од Владимировата континуирана линеарна перспектива и конечно избувнува:
-Кога! Кога! Еден ден, тоа не е доволно за тебе, еден ден онеме, еден ден јас ослепев, еден ден ќе оглувиме, еден ден се родивме, еден ден ќе умреме, истиот ден, истата секунда, тоа не е доволно за тебе?

За Поцо времето не е определено, тоа е неповрзано и фрагментарно. Животот е долг континуитет на времето со безброј моменти.

Бекет ја користи истата метода за просторот. Местото каде Владимир и Естрагон треба да го чекаат Годо е неопределно со поконкретни нешта. Драматургот дејствувањето го лишува од каква било карактеристика што би можела да посочува на посебност на местото, освен што на тоа место има едно дрво и мочуриште.

Во оваа антидрама полна со апстрактни мисли и метафори, пораката е животот на еден човек без сопствена иницијатива и желба не се променува. Додека ликот на Годо ја претставува надежта која е се што им останува на ликовите, Бекет покажува дека покрај комуникацијата која е пресудна за егзистенција, луѓето повторно се држат заедно, надевајки се на подобар живот.

Странецот - Алберт Ками

Албер Ками е едно од најзначаните имиња во повоената француска литература, а овој факт посебно се должи на неговиот прв и најдобар роман - Странецот. Во него, прегу главниот лик (Мерсо) е претставен механичкиот и безчуствителниот начин на живеење.

Мерсо е нихилист, тој верува дека минатото и сегашното постоење на човекот е без некоја цел, сврсисхоидност или некоја посебна вредност. Тој ги негира вредностите на некои или сите социјални структури, власта и законот, нормите, вредностите и моралните принципи. Автоматски ваквиот начин на дејствување го води кон насилство и тероризам во однос на воспоставениот систем но исто така резултира и со пасивен отпор кон се, без било какви алтернативи.

Во овој роман Ками ни расправа за една форма на (не)сензибилитет и таквиот денешен/современ човек. Низ текот на романот, Мерсо е претставен како беспрекорно ладнокрвен човек во повеќе ситуации, како смртта на мајка му, врската со дактилографката Марија, и најважно од се, неговото убиство и судење во Алжир. Еден од клучните моменти во романот доаѓа кога Мерсо, во момент на изгубеност, раздразнет и заслепен под немилосрдното јужно сонце, безмалку со никаква причина, убива еден Арапин. Осуден е на смрт. Додека трае истрагата Мерсо е затворен и ја очекува смртната казна. Тие денови, во осамеништво и притвор, кај Мерсо постепено се буди револтот против бесмисленоста и апсурдноста на еден свет и живот, па и на еден општествен систем кој не сака да се соживее со Мерсо, уважувајќи ги моментите и мотивите на неговата интима.

Со сета негова дотогашна пасивност и рамнодушност кон животот, кога Мерсо се нашол пред смртта, се почувствувал подготвен одново да преживе се и како единствен начин на кој би можел да се почувствува помалку сам, посакува на денот на неговото погубување да има многу посматрачи кои ќе го дочекаат со извици на омраза, омраза кон неговото бидување странец во свет полн со странци.

Судбината на човекот


Човечката хумана димензија ги досега небесите. Човекот хуманист не бира субјекти, ни време тука спонтано човечки се појавува, заживува во ситуации кога и најмалку се очекува. Судбината човекова предодредува кога тој ќе биде зол, лош, нечовек или пак хуман, човечен.

Развивајќи некои мотиви од воената репортажа Михаил Шолохов пишува за човечка судбина на Андреј Соколов која прерасна во стологија на моралната силина на рускиот народ на ниво на поединечна судбина но и како осуда на војната воопшто. Ни опиша виор на војна во која човекот војник е измачуван и физички и психички, изложен на насилство чии методи се тешко прифатливи за една разумна свест. Ни го формира своевидниот микрокосмос на семејството Соколови преку Андреј и Иринка, за преку нив да ни ја претстави општочовечката димензија на душевни страдања.Свесен дека моралното истрајување единствено може да се практицира преку добрина и љубов, Соколов силно ќе се потпира на христојанството, наоѓајќи во него и смисла и средство за опстанок.Тој тафтолошки ќе го резонира животот,т.е. ќе го живее низ постојано менување на падови и кревања поточно победи и порази.Ја шири таа микрокосмичка димензија во констатацијата дека ние не сме единствени страдалници на веков што значи не е само рускиот народ анатемисан од војни и страдања ами пошироко во светот. Така доаѓаме до една многу важна карактеристика,тоа е таканаречената материјална метафизика која подразбира максимална универзализација на слики за животот во трагично видување каде мерилото на вредноста не е во доменот т.е. целта на социјалните борби туку во концепцијата на складот меѓу човечките животи и животот на природата...Прикажана е истрајноста на човекот во најтешкиот момент од неговиот живот,,кога на крајот сепак наоѓа зрак светлина во својата несреќа која му дава причина и сила да продолжи напред не осврнувајќи се назад..Воедно е дадена и една реалистична слика за човекот,,кому војната му одзела се,,но на крајот животот му дава подарок,,сопатник кој ќе му ја врати надежта и желбата за подобро утре.Во тие судбински мигови на својата внатрешна драма, најчесто невидлива однадвор, главниот лик Соколов доаѓа до некоја од крајните точки на својата егзистенција и, стасувајќи до неа, го опфаќа во еден миг целото свое битие, сиот свој дотогашен живот, во едно крајно чувство, во некоја судбинска нишка. Токму тука се крие човековата драма, конфликтите кои произлегуваат од одредените ситуации што се најчесто лоцирани надвор од човекот; во самиот човек.Наоѓајки свој сосудбеник во детето на кого војната му ги одзема родителите Соколов се одлучува на “хумана” лага. Преставувајки се како татко, ја сплотува својата судбина со судбината на дететето сираче. Тука се покажува човекот хуманист.

‘Судбината на човекот’ е едно од најсилните дела на Шолохов бидејки тој во лицето на еден обичен човек од народот ја дава моралната големина на подвигот на целиот народ.Човекот доага до дното на сопствената трагедија , останува сам на светот , ги губи своите најблиски , удиран е од судбината која му ја наметнува завојувачот но морално истрајува , во омразата и во болката наога сили за натамошна добрина, хуманост и натамошна љубов.

___________________

Ја веќе правев писмена на овие така да...не ми требаат повеќе :)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214
Семинарска за предметот алтернативна медицина?
(хомеотерапија, терапија со музика, акупунктура, акупресура, јога, шијатсу итн.)
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Семинарска/проект за политичка шпиунажа...за на Филозофски факултет?
Кој ќе најди зеленко му давам хаха:vozbud:
 

Mia

Whisper of an angel
Член од
22 јануари 2006
Мислења
579
Поени од реакции
5
Ми треба есеј за „Вреднување на обврзници“ по предметот Основи на финансии
Ако некој има нешто, хелп плиис :)
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
29
Поени од реакции
1
DALI NEKOJ IMA SEMINARSKA ZA "ORGANI NA ABDOMEN" (medicina)

HELP .....Pls.>.
:jaj:

МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ ДА МИ ПОМОГНЕ ::::::ИМАТЕ ЛИ НЕКОЈА ОД ОВИЕ ТЕМИ:::::
::::::::::::::::::::::::::СЕМИНАРСКА::::::::::::::::::::::::::


  1. Метаболизам на вода
  2. Ацидо-базна рамнотежа во организмот
  3. Пуферски системи
  4. Електролити
  5. Ензими: структура, функции, претставници
  6. Кинетика на ензимски реакции
  7. Ензимска катализа
  8. Есенцијални аминокиселини
  9. Неесенцијални аминокиселини
  10. Протеини: структура, функции, претставници
  11. Јаглехидрати: структура, функции, претставници
  12. Моносахариди: структура, функции, претставници
  13. Полисахариди: структура, функции, претставници
  14. Глукоза
  15. Сахароза
  16. Скроб
  17. Липиди: структура, функции, претставници
  18. Холестерол
  19. Липопротеини
  20. Хидросолубилни витамини
  21. Липосолубилни витамини
  22. Витамин С
  23. Витамин А
  24. Витамин D
  25. Витамин K
  26. Витамин Е
  27. Витамин B1
  28. Витамин B2
  29. Витамин B6
  30. Хиповитаминози






:::::МОЖЕ БИЛО КОЈА::::ОДНАПРЕД БЛАГОДАРАМ::::::::smir:
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
DALI NEKOJ IMA SEMINARSKA ZA "ORGANI NA ABDOMEN" (medicina)

HELP .....Pls.>.
:jaj:

МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ ДА МИ ПОМОГНЕ ::::::ИМАТЕ ЛИ НЕКОЈА ОД ОВИЕ ТЕМИ:::::
::::::::::::::::::::::::::СЕМИНАРСКА::::::::::::::::::::::::::


  1. Метаболизам на вода
  2. Ацидо-базна рамнотежа во организмот
  3. Пуферски системи
  4. Електролити
  5. Ензими: структура, функции, претставници
  6. Кинетика на ензимски реакции
  7. Ензимска катализа
  8. Есенцијални аминокиселини
  9. Неесенцијални аминокиселини
  10. Протеини: структура, функции, претставници
  11. Јаглехидрати: структура, функции, претставници
  12. Моносахариди: структура, функции, претставници
  13. Полисахариди: структура, функции, претставници
  14. Глукоза
  15. Сахароза
  16. Скроб
  17. Липиди: структура, функции, претставници
  18. Холестерол
  19. Липопротеини
  20. Хидросолубилни витамини
  21. Липосолубилни витамини
  22. Витамин С
  23. Витамин А
  24. Витамин D
  25. Витамин K
  26. Витамин Е
  27. Витамин B1
  28. Витамин B2
  29. Витамин B6
  30. Хиповитаминози






:::::МОЖЕ БИЛО КОЈА::::ОДНАПРЕД БЛАГОДАРАМ::::::::smir:
Протеините и нивните извори

Протеините се хранливи материи, чија првенствена улога е наградбата на телото. Затоа се нарекуваат пластични или градивни материи. Нивни главни извори се прехранбените продукти од животинско потекло, а се широко распространети и во храната од растително потекло, најмногу во легуминозите и житарките, но и во зеленчукот и овошјето, кои секојдневно ги користиме. Во градбата на човечкиот организам - (човекот со стандардна телесна тежина од 70 кг) протеините учествуваат со 20% и се на второ место по вградената вода во телото.

Протеините се изградени од (досега познатите) 28 аминокиселини, од кои 8 се незаменливи - есенцијални, односно суштински, без кои организмот не може да опстојува. Човечкиот организам нив не може да ги гради од другите - неесенцијални аминокиселини, доколку не се внесуваат со храната. Секоја од овие осум есенцијални аминокиселини има специфична улога во организмот. Со недостигот на макар една есенцијална аминокиселина (една “алка”) е оневозможена синтезата - градењето на протеините во организмот, зашто “синџирот” е прекинат кај најслабата алка. Тоа ја објаснува и суштината на познатиот Liebig-ов закон, според кој “секој организам за својот опстанок бара повеќето од хранливите материи да се во точно одредени количини”. Ако соодносот на битните компоненти е нарушен, се нарушува и создавањето нови клетки, крв, имуни антитела, хормони, ензими, односно се нарушуваат сите витални функции во организмот.

Познато е дека во практиката на секојдневната исхрана се користат прехранбени продукти од животинско и од растително потекло како извори на хранливи и заштитни материи, а особено на протеини. Биолошката вредност на овие два извора на протеини се проценува првенствено врз база на количинската застапеност со есенцијални аминокиселини и според степенот на искористување на вкупните протеини во организмот. Затоа ќе се задржиме поодделно на протеините од животинско и од растително потекло, односно на најзначајните прехранбени продукти со кои, преку храната, секојдневно ги задоволуваме потребите на организмот од протеини и други заштитни состојки.

а) Протеини од животинско потекло

Најзначајни користени извори на протеини се: млекото, месото, рибите, јајцата, месните и млечните производи, дивечот и др. Застапеноста на протеини во некои од нив може да се види од следниот преглед, каде што тоа е дадено во просечни вредности со природни разлики во ±.

Застапеност на протеини во грамови(проценти?) во 100 г нето

- кравјо млеко 3,5%

- 1 јајце 6,5%

- јунешко немасно месо 19,0%

- немасни риби 18,0%

- немасно сирење 30%

- урда 16,0%


Во наведените и во сите други продукти од животинско потекло протеините се одликуваат со поголема количинска застапеност на есенцијални аминокиселини, во споредба со нивните растителни извори (житарките, лебот, легуминозите и др.) Степенот на нивното искористување во организмот е повисок во споредба со протеините од растителни извори. Така, според К.Lang, ова искористување е:

- кај млекото 99-100%

- кај јајцето 91-100%

- кај месото 67-100%

- кај рибите 94- 96%



За разлика од претходните, искористувањето на протеините од растително потекло е помало и се движи од:

- кај житарките 50%

- кај гравот, грашокот, леќата 60%

- кај компирот, оревите 70%

Според повеќето автори, вкупните дневни потреби од протеини за возрасни се 1 г на кг телесна тежина (сметано на стандардна телесна тежина - за маж 70 кг и за жена 65 кг). Од овие количини 50% треба да се протеини од животинско, а 50% од растително потекло. Така, за возрасен, здрав човек вкупните дневни потреби се 70 г, од кои 35 г се од животинско и исто толку од растително потекло. Крајниот дневен минимум за протеини од животинско потекло е 30 г или 40% од вкупните потреби од протеини. При некои заболувања овие потреби се зголемуваат, но тоа не е предмет на разгледување овде. Дневните потреби на организмот од протеини на кг телесна тежина (стандардна) според возраста се:

- мажи 1 кг/кг т.т.

- жени 1 г/кг т.т.

- доенчиња 3,5 г/кг т.т.

- деца 1-3 год. 3,3 г/кг т.т.

- деца 4-6 год. 2,8 г/кг т.т.

- деца 7-9 год. 2,2 г/кг т.т.

- деца 10-12 год. 2,0 г/кг т.т.

- девојчиња 13-15 год. 1,6 г/кг т.т.

- девојчиња 16-20 год. 1,4 г/кг т.т.

- момчиња 13-20 год. 1,6 г/кг т.т.

По 20-тата година овие потреби се изедначуваат со оние на возрасните - 1 г/кг т.т.

Внесувањето протеини кај доенчето се обезбедува со мајчиното или адаптираното кравјо млеко, кое одговара на потребите за најинтензивно растење, кое, пак, е во директна зависност од нивото на есенцијалните аминокиселини во храната. Во раната детска возраст и во целиот период на растење протеините од животинско потекло треба да учествуваат со 2/3, а оние од растително потекло со 1/3. Ќе дадеме пример за обезбедување 35 г протеини од животинско потекло за возрасните. Со консумирање 1/2 литар млеко дневно (слатко, кисело или јогурт), што е и стандардна дневна потреба од млеко, се обезбедуваат 17-17,5 г протеини. Ако дневно за ручек се земат 100 г јунешко немасно месо (без коски), се обезбедуваат 18-19 г протеини. Млекото учествува во појадокот и во вечерата, а месото во ручекот. Со ова внесување се задоволуваат дневните потреби од протеини од животинско потекло. Наместо месо, 1-2 пати неделно за ручек може да се користи посна риба во двојно поголема количина од месото, зашто кај рибата има повеќе отпад (40-50%), ако не е во вид на филети. Соодветна замена за месото еднаш неделно може да биде и посното бело сирење или други млечни производи, повремено едно јајце и сл. Ист протеински квалитет со незаменливите аминокиселини се постигнува и со 100 г соја во зрно, која содржи 36,9% протеини и изобилство на есенцијални аминокиселини. Искористувањето на протеините од сојата во организмот е помало во споредба со месото, но затоа сојата содржи двојно повеќе протеини одошто месото.

Обезбедувањето протеини од растително потекло е полесно поради фактот што во секојдневната исхрана се користи леб, производи од житарки, легуминози и други растителни извори, а месото спаѓа во поскапите прехранбени продукти.

Секој вид прехранбени продукти, извор на биолошки полновредни протеини, има и свои посебности, на кои ќе се задржиме во продолжение.

*****************
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Протеини
Протеините или белковините (од грчки protos = првобитен) се важни органски соединенија на клетката и организмот кои се застапени во најголем процент (10-20%) од вкупната тежина или 50% во сува маса. Покрај тоа што ја сочинуваат главната маса на протоплазмата од клетката, тие се и главен дел во молекуларната организација на клетката.
Протеините се макромолекуларни соединенија. Протеинската молекула ја градат хемиските елементи: јаглерод, водород, кислород и азот, а кај некои сулфур или фосфор. Овие молекули се хетерополимери кои под дејство на ензими се разложуваат до мономери, наречени амино киселини. Протеините се разликуваат по видот, бројот и распоредот на амино киселините што ја градат нивната полипептидна низа. Поеади тоа, бројот на различните протеини е доста голем, особено ако се земе предвид дека еден протеин е најчесто изграден од повеќе стотини амино киселини. Некогаш е доволно да се промени само една амино киселина во долгата низа и протеинот да ги промени своите особини.
Молекулата на протеините е доста сложено градена макромолекуларна структура во која разликуваме неколку степени на организациона структура:
Примарната (првична) структура е најпроста и е претставена со полипептидната низа во која амино киселините се линеарно подредени една зад друга, според строго определен распоред, број и вид. Меѓутоа, полипептидната низа не е праволиниска, а најчесто образува спирали, блиску поставени една до друга
Секундарната (вторична) структура е претставена токму со претходно опишаната спирала, уште наречена и алфа спирала
Терциерната (третична) структура настанува со повеќекратно спирализирање на алфа спиралата, при што се образува една топчеста формација. Оваа структура е карактеристична за глобуларните протеини, каков што е миоглобинот
Кватерната (четвртична) структура настанува со меѓусебно врзување на повеќе молекули со терциерна структура. Таква е молекулата на хемоглобинот, каде има четири полипептидни низи со кватерна структура.


Молекуларна површина на неколку протеини со нивните големини. Од лево на десно се протеините: антитело (IgG), хемоглобин, инсулин (хормон), аденилат киназа (ензим) и глутамин синтетаза (ензим).
Ако секундарната и терциерната структура на протеинот се измени со некои физички или хемиски дејства, тој се трансформира во неактивна форма, односно настанува денатурација на протеинот. Белковините се разликуваат и по начинот и условите на денатурирањето. Некои протеини имаат способност под одредени услови да се ренатурираат, што е од огромно значење за нивната функција во организмот.
Според хемискиот состав се разликуваат прости и сложени протеини. Простите се изградени само од амино киселини, додека сложените содржат и непротеинска компонента, наречена простетична група.

Протеини се оние работи што се добиваат со поврзување на повеќе аминокиселини заедно, а ние имаме голема потреба од нив. Никој вистински не знае, но во човечкото тело има околу еден милион видови на протеини и секој од нив претставува малечко чудо. По сите закони на веројатноста протеините не би требало да постојат. За да направите протеин треба да составите аминокиселини на специфичен начин, скоро исто како што се составуваат буквите во еден збор. Проблемот е тоа што зборовите во азбуката на аминокиселините се многу долги. За да се спелува Колаген (името на еден од најчестите типови на протеини) треба да се подредат седум букви во правилна секвенца. Но за да направите Колаген, треба да подредите 1055 аминокиселини прецизно во одредена секвенца. Но, еве една очигледна и многу важна поента - вие не го правите. Тој се прави сам, спонтано, без директива и тука неверојатноста влегува во игра.
Шансите дека молекулот на Колаген спонтано ќе се состави од 1055 дела, искрено се еднакви на нула. Тоа не може да се случи. За да се добие слика колку е тоа неверојатно, визуелизирајте си една стандардна слот машина од Лас Вегас, но раширете ја многу повеќе - до околу 30 метри, да бидеме прецизни - за да може да собере 1055 тркала наместо вообичаените три или четири и со 20 симболи на секое тркало (секој симбол за секоја вообичаена аминокиселина). Колку долго треба да ја повлекувате рачката за да погодите 1055 симболи? Ефективно, засекогаш. Дури и да го намалите бројот на тркала на 200, што е потипична бројка на аминокиселини во еден протеин, веројатноста сите 200 да излезат во пропишаната секвенца е 1 : 10260 (тоа е 1 проследен со 260 нули). Тоа е број поголем од бројот на сите атоми во универзумот. Накратко протеините се комплексни ентитети.

Гликопротеин
Гликопротеините се сложени протеини кои како простетична група имаат некој јаглехидрат. Тоа се многу вискозни и слузести супстанци, па затоа се нарекуваат и мукопротеини. Гликопротеините се многу распространети во животинскиот организам. Ги има во сите секрети (плунка, желодочен сок, синовијална течност, секрети на цревна слузокожа), потоа во ‘рскавицата, папочната врвка, стаклестото тело на окото, рожницата, серумот, еритроцитите (крвните групи) и сврзното ткиво.
Гликопротеините се со многу различен состав и особини. Според карактерот на полисахаридот, ги делиме на неутрални и кисели. Полисахаридите од првата група е со неутрален карактер и се состои од повеќе единици на моносахариди или аминошеќери. Полисахаридот на киселите гликопротеини е хијалуронска киселина, хондроитин сулфурна киселина или се состои од повеќе единици на хексуронски киселини.
Липопротеин
Липопротеините се биокомплекси, односно сложени протеини чија простетична група е некој липид, како на пример фосфатид, сфингомиелин, холестерол, каротин итн.
Липопротеините кои се наоѓаат во телесните течности (серум, ликвор) се растворени. Еден од најзначајните претставници е β-липопротеинот.
Во клеточната мембрана и структурните елементи на клетката (гранулите и митохондриите) се наоѓаат нерастворени липопротеини. Всушност, клеточната мембрана претставува многу сложено граден липопротеински комплекс.
Комплексите на каротините со протеините се обоени липопротеини. Таков протеин е родопсинот (видниот пурпур).
Видови липопротеини
Врз основа на карактеристиките, липопротеините се поделени во неколку групи:


Липопротеин Големина на честицата (nm) Концентрација
кај мажи (g/l) Концентрација
кај жени (g/l)
Хиломикрони
< 10000 < 0,1 < 0,1
VLDL - Very Low Density Lipoprotein 50 0,5-2,0 0,5-1,5
IDL - Intermediate Density Lipoprotein 30
LDL - Low Density Lipoprotein 21 2,0-3,5 2,0-3,0
Липопротеин a - Lp(a)
25 0,01-0,5 0,01-0,5
HDL - High Density Lipoprotein

HDLE 12 <0,05 <0,05
HDL2 10 0,5-1,0 0,5-1,0
HDL3 8 1,0-2,0 1,0-2,0
VHDL - Very High Density Lipoprotein 7 0,1-0,2 0,1-0,2



Фосфопротеин
Фосфопротеините се сложени протеини чија простетична група е ортофосфорната киселина, која е естерски врзана за алкохолната група на амино киселината серин.
Типичен претставник на фосфопротеините е казеинот од млекото. По пат на електрофореза, казеинот се раздвојува на три фракции: α, β и γ казеин. Сите тие содржат околу 0,8 % фосфор. Се разликуваат по молекулската маса, која тешко се одредува бидејќи многу лесно образува поголеми агрегати, така што се добиваат вредности од 24,000 д0 400,000. Казеините се разликуваат и по процентот на фософор.
Фосфопротеините ги има во поголема количина и во жолчката од јајцето. Најпознат е вителинот кој содржи 10 % фосфор.
Хромопротеин

Хромопротеините или хромопротеидите се сложени протеини (протеиди) чија простетична група е некој пигмент (оттука и името, бидејќи chromos на грчки значи боја). Најраспространетите хромопротеини имаат простетична група која претставува обоено комплексно соединение на железото со порфиринот, кое се нарекува хем. Овие хромопротеини се нарекуваат и хемпротеини.
Хемпротеините се физиолошки многу активни. Во оваа група спаѓа хемоглобинот од кој потекнува црвената боја на еритроцитите и кој го пренесува кислородот од белите дробови до ткивата, потоа интрацелуларните пигменти (цитохроми), кои ги пренесуваат електроните во текот на биолошките оксидации, како и цела низа на ензими кои ги катализираат редокс реакциите.
Железото во хемот може да биде двовалентно (ферохем или само хем), тровалентно (ферихем или хемин), а може и повратно да преминува од двовалентна во тровалентна состојба. Според валентноста на железото, се разликуваат следните порфиринопротеини:
• Железо во двовалентна состојба:
1. Хемоглобини — респираторни пигменти на ‘рбетниците
2. Еритрокруорини — респираторни пигменти во крвта и ткивните течности на без‘рбетниците
3. Миоглобини — респираторни пигменти кои се наоѓаат во мускулите на ‘рбетниците и без‘рбетниците
• Железо во простетичната група кое повратно преминува од двовалентна во тровалентна состојба (Fe+++=Fe+++e-):
1. Цитохроми — интрацелуларни пигменти кои се наоѓаат во клетките на сите аеробни организми. Некои од нив, како цитохромите b и c како простетична група содржат хемин (Fe3+ - протопорфирин), а цитохромот а (познат и како цитохром оксидаза или ензимот на дишењето) го има за простетична група цитохеминот.
• Железо во тровалентна состојба:
1. Каталази — многу распространети протеини со ензимски карактер. Каталазата го забрзува распаѓањето на водород пероксидот на вода и кислород (2H2O2 → 2H2O + O2). Нејзина простетична група е хеминот во кој железото е тровалентно. # Пероксидазите, пак, ја катализираат оксидацијата со водороден пероксид како оксидативно средство. Растителната пероксидаза има за простетична група хемин, а животинската зелен хематин.
Физиолошката активност на наведените хемпротеини зависи од протеинските делови. Наведените хемпротеини се разликуваат по специфичната структура на протеинските компоненти, која ја одредува физиолошката активност, а простетичната група е иста (хем или хемин) или слични структури.
Типичен претставник меѓу хромопротеините е хемоглобинот. Тој е составен од простатична група хем во која како метални јони се јавуваат јоните на железото и во хемоглобинот е сврзана со четири протеински низи. Хемоглобинот претставува респираторен пигмент на `рбетните и без` рбетните животни кој го овозможува транспортот на О2 , CO2 и H+ јоните во организмот. Железото во хемот е во форма на Fe2+ јон, па затоа може да се сврзува со кислородот во крвта и да гради соединение оксихемоглобин. Ова соединение преку крвта се пренесува до клетките каде се ослободува кислородот кој служи за оксидација на материите
Hb + 4O2 Hb(O2)4
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Aлбумин


Модел на молекула на албумин
Албумин е најзастапениот протеин во крвната плазме, застапена е бо околу 40-60% од протеините во крвната плазма. Албумин се добива во црниот дроб и неговиот живот трае 15-20 дена. Има улога во транспортот на разните материи преку крвната плазма. Некоњугираниот билирубин, разни хормони како на пр. тироксин, тиронин, полови хормони, масни киселини, јони (на пр. калциум) разни лекови (сулфонамиди, салицилати...) и тн. се транспортираат преку албуминот. Многу важна улога на албуминот е и во одржување осмотски притисок во крвната плазма. Со намалување на неговата концентрација следи губење (на пр. кај нефротскиот синдром, кај опекотинте) или со намалување на продукцијата (на пр. при инсуфицијенција на црниот дроб) можи да се јави генерализирани отоци (најизразен е анасарк) при исфрлање течности надвор од крвните садови. Со неговото разградување се ослободуваат аминокиселини, кои можат да се користат во разни метаболитички процеси во клетките.
Градба и особини
Албуминот е глобуларен протеин, кој постојано се прави во црниот дроб, поради тоа што се и постојано разградува. Молекулската маса на албуминот е околу 66.000 далтони, а изоелектричната точка е помеѓу пХ 4 и 5.8. При пХ вредност од 7.4 (што е и пХ вредност на венската крв) албуминот се наоѓа во вид на анјон, со повеќе од 200 негативни набои по молекулите. Поради овај голем број дисоцијабилни групи во молекулите, како и голема концетрација на албуминот во крвта, албуминот има голем капацитет за сврзување други лиганади (посебно позитивни јони како на пр. калциум, 40% од јоните на калциумот во крвта се наоѓаат врзани за албумин). Меѓутоа албуминот ги врзува и неполарните молекули како што се масни киселини, некоњугиран билирубин, хормоните: тироксин, тиронин, кортизол, алдостерон, потоа лековите и тн. и ги транспортира преку крвта.
Албуминот е прост протеин (не содржи други групи на пр. јаглени хидрати, метали). Најголем дел се наоѓаат во крвната плазма (околу 40-60 г/л), додека во останатите ектрацелуларни течности се наоѓа помала количина на албумин (околу 20-40 г/л). Во процесот бубрежна филтрација само еден мал дел од албуминот се филтрира (поминува низ бубрежните гломерули), но во бубрежните тубули се реапсорбират по пат на пиноцитоза. Всушност мембраната на гломерулите е истотака негативно наелектризирана како и албуминот, така да го одбива.
Албуминот игра важна улога во многу процеси.
• Многу важна е неговата улога во одржувањето на осмотскиот притисок во крвната плазме. Поради својата големина не поминува низ повеќе капиларни пори, така да останува во плазмата и ”држи” молекули на вода. Секое губење на албумин, односно негово смалување носи до губење на вода во екстравазалната средина, така да се јавуваат едеми (отоци). Едемите се најизразени кај нефротскиот синдром, кога преку бубрезите се губи големо количество на албумин и други протеини. Како последица се јавува едема на рацете, нозете, очните капаци, асцитис, генерализирани едеми-анасарка. Истотака и кај другите болести на пр. дијабетис, гломерулонефритис и тн. може да дојди до појачување на излачување албумин во урината. Кај опекотините доаѓа до зголемување на пропустливоста на крвните садови и излегување на албуминот во екстравазалната средина, исто така и дел од албуминот се разградува што е пропратено и со излевање на воде и настанување на отоци.
• Албуминот транспортира разни хормони.
• Транпортира исто така и масни киселини (слободни масни киселини) преку крвта.
• Некоњугираниот билирубин се транспортира врзан со албумин. Слободниот некоњугиран билирубин е токсичен за нервниот систем на новороденчињата, и може да предизвика болест керниктерус. При засилување на сите сврзувачки места за албуминот се врзува со гликопротеините од крвната плазма, но не така цврсто како за албуминот, така да можи и да се слободи, што може да доведи до болест.
• Многу лекови се транспортират врзани за албумин.
• Албуминот учествува и во одржавање на постојана пХ вредност во крвта. Функционира како пуфер крви.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.816
Поени од реакции
8.651
ако може некој да ми најде или има семираски на тема Хелиум(хемија) и
Џон Дир-John Deere(основи на земјоделски техники) доколу нема семинасрки само информации по можност на македонски или српски јазик ПЛЕАСЕ:jaj:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
30
Поени од реакции
1
Семинарска по Социологија на Медицина.....anyone???
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
"Македонска крвава сФадба" - есеј4е :vozbud:

зеленкооооооо давам :pipi:
 
Член од
3 октомври 2009
Мислења
36
Поени од реакции
2
ми требаат семинарски на теми
1. функција на комуникација меѓу наставникот и ученикот во наставата
2. функција и улога на наставникот
3. наставникот фактор за успешна комуникација

пратете ми
 

Kajgana Shop

На врв Bottom