Кои се најчестите грешки кои ги правите во врска/љубов?

апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Премногу ја терам работата на заебанција,и кога треба и кога не треба работите ги терам на заебанција. Не покажувам заинтересираност и ич кур не ми чуе.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Следно е што не сакам искажување на емоции. Не е дека ги немам, далеку од тоа дека сум емотивен труп, ама не чувствувам потреба да кажам и раскажувам... И после „те сакам“ знам да се насмевнам, да преќутам, да го гушнам... А не секој може да се носи со тоа, и јасно ми е дека некогаш го боли.
И ова,само што јас возвраќам со “и јас тебе“,многу ми е тешко да го речам тоа “те сакам“.
Воглавно емоциите си ги чувам во себе и затоа можам да личам на ладна кучка, а вистината е дека јас и на своите најблиски дома не им искажувам емоции, а не па на некој друг. Емоциите се за изразување, не за искажување.:pipi:

Друго, очекувам некојаси совршеност, склад на неговото однесување со тоа што јас го очекувам од него. Кога сакам, тогаш станувам толку ранлива, да лесно се бедирам и за некој непромислен збор, кој може сум го разбрала во погрешна смисла. Тоа значи, прилично ситничарам.

И да, понекогаш заборавам дека тој не може да ми ги прочита мислите, и ги оставам нештата што ми пречеле во ignorance box, ама после откривам дека игнорирањето е блесавост а не bliss, така да требало да укажам на тоа што ми пречело, така ќе испаднело се` полесно.
 

Ladies'_Man

Страхотен пич
Член од
31 декември 2008
Мислења
156
Поени од реакции
12
Se preokupiram,t.e. se preokupirav.Sega kuliram.Nema nesto sto bi go narusilo mojot vnatresen mir.

:smir:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
415
Поени од реакции
11
Самата ја предизвикувам љубомората... :jaj:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мои грешки се тоа што сум многу стегната, опуштена, па така што ретко која врска може да ми издржи подолго од причина што сум срамежлива, сериозна, а на моменти и претерано сериозна и филозоф. Потоа, постојано ќутам, не сакам да кажам што ми пречи бидејќи мислам дека тоа ќе води до раскинување. Исто така сум и прилично неспретна што се тиче изразувања чувства, никогаш не го погодувам правиот момент, а кога ќе го погодам моментот, кажувам нешто што не треба. Премногу размислувам и ги рационализирам работите, стално размислувам како моите постапки ќе влијаат врз дечкото и слично. И некогаш сакам побрзо да се развиваат чувства и се нервирам што работите се одвиваат споро, а некогаш па обратно.

Многу се грешките, ама добрата вест е што неколку работи поправив и некои грешки одамна престанав да ги повторувам. Ваљда. Ќе видиме до кога.:)
 

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Премногу сум упорна... И да знам дека со некого не ми оди јас пак туркам со главата во ѕид и ја продолжувам врската...
Друга грешка е што премногу се опуштам, наивна сум, верувам на личности што не ја заслужиле мојата доверба. Не ги слушам муабетите околу мене што на крај дознавам дека биле чиста вистина... Верувам дека може да направам се да функционира совршено...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Најголеми грешки во љубовта

Темава мислам дека е јасна. Секој човек си прави грешки како во животот така и во љубовта. Човечки е да се згреши, уште по човечки е да се прости нели? Тука кажувајте си ги вашите помали или поголеми грешки да знаеме па може некој во иднина ке внимава да не направи иста или слична грешка.

И како што е правилото авторот прв..
еве ја на кратко ке кажам 2 мои грешки.

1. Ја изварав девојката која стварно ја сакам и тоа без ниедна причина. :toe: чудно али вистинито..
2. Изгубив контакт со скоро цело друштво ради една личност, како можев да си дозволам такво нешто ни сам незнам да си објаснам.

Повелете кајанџии вие сте на ред :smir:

П.С немојте да ги правите грешките кои веќе сте ги направиле еднаш или кои ке ги прочитате во темава.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.030
Најголема грешка.. што не е по мое. Не, не моја.
Друга нејзина грешка, слуша другарките, кои месец-два ја немаа прашано како е, ама добро, од помали се знаат и така.

Чао-чао на година ипол врска.

А јас, јас не грешам.
 
S

StereoLove

Гостин
Запоставување на девојката/момчето.Како што тој...мојот бивши го стори тоа...
Јбг,само другари му беа во мисли,се гледаше дека не беше зрел за врска.
Лажење -а секој сака искреност ама штета ја нема денеска:tapp:
Неверство- што да кажам за тоа кога веке се се знае.

П.С немојте да ги правите грешките кои веќе сте ги направиле еднаш или кои ке ги прочитате во темава.
Јбг пеер,јас ги повтарам многу пати и пак не ми доага паметот:tapp:
 
M

Mussolini

Гостин
1. Имам изневерувано за да не ми биде криво еден ден коо ке ми каже: јас тебе те имам изневерено. Мош и никојпат да не мее изневерила ама да верувам е убаво а да не верувам е уште поубаво :smir:
2. За кратко време давам да ми влезат под кожата:jaj:
3. Доста брзо ја искажувам љубомората и
4. Некои работи ги имам давано здраво за готово

И значи шо научих јас од сето тоа:
Il potere in un rapporto c'è l'ha sempre quello che ha meno interessi.

Превод:
Моќта во една врска ја има тој шо има помалку интерес за истата таа врска.

Одбивах да верувам на тоа ама коо размислих малку поубаво, видех оти тој шо го е кажал тоа, имал е право...:toe:
 
Член од
26 март 2010
Мислења
7
Поени од реакции
0
najgolema greska vo ljubovta-sto voopsto sakam da znam kako e da si zajluben, no podobro da ne osetam bidejki sekogas ispagam zrtveno jagne poradi mojata cesnost,iskrenost,vnimatelnost,:tapp: no poveke :nenene:
 
S

StereoLove

Гостин
najgolema greska vo ljubovta-sto voopsto sakam da znam kako e da si zajluben, no podobro da ne osetam bidejki sekogas ispagam zrtveno jagne poradi mojata cesnost,iskrenost,vnimatelnost,:tapp: no poveke :nenene:
Eeeeeee пријателе,welcome in the club,џабе ти е искреноста кога никој веке не ја почитува:tapp:
И што добив со тоа ако бев искрена?сосема ништо.
И неможеш а да не се заљубиш,на срцето не можеш да наредиш:)
 
Член од
26 март 2010
Мислења
7
Поени од реакции
0
blagodaram za pokanata, za zaljubuvanjeto si vo pravo, no moite i tvoite godini se dalecni kako galaksija,ostavi sega ne e toa tema,pred da sakas so srce misli so razum podobro e barem ke bides na cisto :salut:
 
M

Mussolini

Гостин
Eeeeeee пријателе,welcome in the club,џабе ти е искреноста кога никој веке не ја почитува:tapp:
И што добив со тоа ако бев искрена?сосема ништо.
И неможеш а да не се заљубиш,на срцето не можеш да наредиш:)
секој ја почитува.. само шо ти се имаш одлучено да веруваш на грешка личности.. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom