Ти благодарам за лекцијата од Меѓународни монетарни односи,што е девизен курс и конвертабилност
Таму во тие лекции има еден поим депрецирање,прочитај го бидејќи си го измешал со девалвирање.Другиот поим што ти е измешан е „политика“ во овој случај кој го објаснуваш се вика стратегија.Трето причината оти нема да девалвира денарот?Мислиш се очекува да депрецира,а кога еврото ќе депрецира нашиот денар ќе апрецирира,што значи со таков преценет курс,ние нема ни воздух да извезуваме,па поради тоа одлуката за девалвација на денарот ќе се донесе за еден ден.Значи испитот не ви е положен
Чекај малце ја таков предмет до сеа сум немал, и незнам тебе колку ти е јасно дека едно е депрецијација или апрецијација на домашната валута во однос на некоја странска валута, а сосема друго е апрецијација или депрецијација на домашната валурта како поселедица на зголемување на куповната сила платежната моќ. на пример платежната моќ може на краток рок да се зголеми со инфлација не е битно дали е стимулирана од фискалните или монетарните власти тоа предизвукува АПРЕЦИЈАЦИЈА на домашната валута во однос стоките за широка потрошувачка. Е од друга страна пак ако инфлацијатаако не се стави под контрола по некое време ќе предизвика ДЕПРЕЦИЈАЦИЈА на домашната валута кое ќе мора да е проследено со намалување на официјалниот курс- ДЕВАЛВАЦИЈА за да се зачува макроекономската стабилност.а дали е тоа стратегија или политика незнам може да си учела по еден предмет да викаат стратегија по друг политика на стабилен девизен курс тоа не е толку битно
Економски јазол
Граѓаните се бомбардирани со економска фразеологија: со државни записи, со банкарски записи, со девалвација, инфлација, апрецијација... Она што е јасно е дека нешто во економијата на големо се случува. Ако во таа сфера на нашето живеење нешто врие, едно е јасно: нешто ќе се случува и во нашите џебови. Вистинското прашање е дали економската политика што се води сега ќе не изведе на правиот пат? Народна банка вели дека нема цена по која нема да го брани денарот. Во услови кога стравот од девалвација психички ги бутка граѓаните секој слободен денар да го заменат во евро, основна економска законитост, што всушност е влијанието на понудата и побарувачката, ја јакне вредноста на еврото бидејќи тоа е побарана валута, а ја слабее на денарот. Тоа се реални чекори кон девалвација. За да не се случи тоа, државата прави аукција на благајнички записи. Овие записи не се ништо друго, туку хартија од вредност со која државата се обврзува парите што ќе ги добие да ги врати со камата. На тој начин државата создава поголема побарувачка на денари и така таа побарувачка го јакне денарот, како баланс на претходната тенденција за јакнење на еврото. Истото тоа го прави и државата. И таа издава хартии од вредност, само со поинакво име, државни записи. Државата исто бара пари на заем од банките, но со друга цел, нема доволно пари во државниот буџет. Во услови на ваква побарувачка, нормално е сите камати да се зголемуваат. Се зголемуваат каматите на државните записи, на благајничките записи, а очекуван е и растот на каматите за кредитите кон граѓаните и стопанството. Креаторите на економските текови сега мора да ни одговорат гласно: Дали е ова вистинскиот лек во услови на криза? Државите од регионот се свртеа кон ММФ. Побараа пари од монетарецот за да го финансираат буџетскиот дефицит. Според нашата Влада, во моментов не ни е потребно такво задолжување, Но, познато е дека долгот кон ММФ не е обичен долг, туку тоа е аранжман кон кој мора да се придржуваме. Знаејќи ја суетноста на нашите функционери, не е чудо дека тие не сакаат некој да им кажува што да прават. Вака си имаат и голем комодитет “ да градат музеи, театри, скулптури, додека новоотпуштените се бројат со десетици илјади. Таква потрошувачка тешко да се дефинира како продуктивна. Навистина ќе се ангажираат домашните компании во градежните работи, но државата прво мора да ја изгради инфраструктурата во оваа држава, како солидна основа за бизнис-клима, па потоа да гради места за културни случувања кои очигледно во услови на беспарица нема кој да ги посети. Помалку или повеќе сето тоа личи на Гордиевиот јазол. Се брани курсот на денарот со скапи заеми од банките и со топење на девизните резерви, не се прави ребаланс на буџетот, што значи не се кратат буџетските расходи поради што државата зема кредит од банките “ и на крај, се очекува стабилна и развојна економија.