Девалвација?

N

n/a

Гостин
daj bre budali svetski pa so edna investcija vo energetikata so partnenstvo vladava ke donese minimum milijarda evra i so tolkav priliv na pari evroto ke vi padne pod 61 denar abe gruevski ne e maloumen site negovi potezi se presmetani i zatoa covekot si e smiren
Јорде бре... будало стара !
От куде па на куде па ти си станаја економски експерат и бизмисмен по Канаду?
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
daj bre budali svetski pa so edna investcija vo energetikata so partnenstvo vladava ke donese minimum milijarda evra i so tolkav priliv na pari evroto ke vi padne pod 61 denar abe gruevski ne e maloumen site negovi potezi se presmetani i zatoa covekot si e smiren
Една инвестициja за милиард прво не иде за 1 ден,па и този милиард не влиза во државата за 1 ден.:toe:
Убаво е владата да пести,заштото доста дефицит ке се jaви.
Другата можност е един заем от ММФ и светската банка и тогаш Господ да е на помошт.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

И викаш ќе падне еврото со оваа милјарда до 38 денари за евро а:)
Сега можно е да има наплив на инвестиции од типот на сведмилк,сега ќе си играат к*рт*ашак со нашите каматни стапки,затоа и ќе дојдат (ако дојдат)
И аман више овие инвестиции ги слушам 19 години никако да ги видам,се надевам за овој живот ветуваат:wink:
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Една инвестициja за милиард прво не иде за 1 ден,па и този милиард не влиза во државата за 1 ден.:toe:
Убаво е владата да пести,заштото доста дефицит ке се jaви.
Другата можност е един заем от ММФ и светската банка и тогаш Господ да е на помошт.
А тоа е нешто што оваа власт ќе го направи само во ептен екстремни услови, бидејќи уште кога дојдоа на власт прво нешто што направија е го отпалтија целиот долг кон двете предвремено, за да се оттарасат од контролите на ММФ и светска банка кои додека имавме аранжмани со нив само диригираа каде и како треба да се прави во државата.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А тоа е нешто што оваа власт ќе го направи само во ептен екстремни услови, бидејќи уште кога дојдоа на власт прво нешто што направија е го отпалтија целиот долг кон двете предвремено, за да се оттарасат од контролите на ММФ и светска банка кои додека имавме аранжмани со нив само диригираа каде и како треба да се прави во државата.
ММФ во својот статус има одредба со која води контрола и онаму каде што нема договор.Ако не беа они никогаш немаше да застанеме на нозе по осамостојувањето.А денес мислам дека ни се повеќе од потребни,бидејќи кога е ММФ тука нема луксуз,ќе си водиш домаќинска политика.Ако на овие секој ден не им кажуваш што да прават,се понашаат како распашана команда.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99

Прашај ги Србите да видиш како е кога ММФ ти ја крои капата.

http://b92.net/biz/vesti/srbija.php?yyyy=2009&mm=03&dd=26&nav_id=351994
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Е па за да не ни се случи ова со Србија, владава би требало да го намали трошењето. Инаку девизните резерви уште повеќе ќе се намалат и тогаш владата ќе мора да бара пари од ММФ.(А ММФ дава пари но поставува и услови.)
А ако не сака ММФ, тогаш следува девалвација, па инфлација и правец Зимбабве.:toe:
А одлуката на Гошев за зголемување на каматите е само последица на тоа што се троши многу повеќе од колку што се заработува.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Прашај ги Србите да видиш како е кога ММФ ти ја крои капата.

http://b92.net/biz/vesti/srbija.php?yyyy=2009&mm=03&dd=26&nav_id=351994
ММФ ти кажува како треба да се понашаш за да имаш 3% дефицит,стабилни цени и одржлив курс.Кој ни е крив што не знаеме сами да го направиме тоа?
Иначе ќе те изгази инфлацијата,како кај нас со 1990% во 92/93 година,а верувам и дека ќе ни се повтори тоа.Ако нема домаќински однос кон буџет,тогаш ти незнаеш бе брат да водиш држава.Неможеш за политички интерес,свесно да ја туркаш земјата во девалвација,неможеш бе против својата монетарна власт да одиш.
Јас мислам дека ММФ сега ни требаат,додека има време,да не е касно за некој месец:smir:
А Србите се исти говеда како нас,ние не бевме за џабе толку години во иста држава.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
daj bre budali svetski pa so edna investcija vo energetikata so partnenstvo vladava ke donese minimum milijarda evra i so tolkav priliv na pari evroto ke vi padne pod 61 denar abe gruevski ne e maloumen site negovi potezi se presmetani i zatoa covekot si e smiren
:pos2:

Ти во Канада си братче?

Нормално дека к*р нема да те боли дали ќе има или ќе нема девалвација во Македонија и ќе си ги ладиш мад*ната со нас, си го сместил газето на удобно во НАТО земја, па сега ќе тресиш зелени по форуми...
:tapp:
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Јас не верувам дека ќе има девалвација барем не наскоро. Впрочем ЗАКОНОТ е таков да курсот на денарот е креиран ПАЗАРНО значи може денарот да се движи спред односот побаручка-понуда нагоре и надолу но НБРМ до сеа а сметам и понатаму ќе води ПОЛИТИКА на стабилен девизен курс, односно кога денарот е потценет (летно време) ке интервенира на пазарот да го брани еврото на сметка на зимата кога денарот е послаб тогаш ќе го брани денарот. Досега оваа политика беше успешна и односот 61,ххх... се покажа како погоден. Доказ за ова што пишувам е и сметката на држзавните резерви која нема нагли промени гледано во низа од повеќе години. Зашто сметам дека ќе нема девалвација? Направен беше експеримент некаде 95 или 96 и беше утврдено дека негативните ефекти од девалвација ги надминуваат позитивните. Кај нас во последно време денарот беше слаб и не само во зима него и во лето што се должи на ненормалната цена на енергенсите пред се на нафтата што ја имавме некаде јуни, јули, август, потоа интезивното кредитирање, се купуваа доста автомобили на лизинг, станови на кредит, мебел и се и сешто. Ја разбирам загриженоста и јас не верувам многу особено не на политичарите но што ќе се случи сега? Добрата од увоз купени на кредит ќе треба да се отплаќаат што значи помалку средства за нова потрошувачка, потоа цената на енергенсите е драстично падната што оди во прилог на апрецијација на домашната валута (контра девалвација). Но сум со одредена резерва сепак треба да се биде многу претпазлив во вакви времиња, не знаеме колку ќе падне нашиот увоз во странство и како тоа ќе се одрази итн итн.....
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас не верувам дека ќе има девалвација барем не наскоро. Впрочем ЗАКОНОТ е таков да курсот на денарот е креиран ПАЗАРНО значи може денарот да се движи спред односот побаручка-понуда нагоре и надолу но НБРМ
Како мислиш пазарно е креиран нашиот курс?Каде си го прочитал ова?Како мислиш може да се движи нагоре и надоле во Македонија?Каква побарувачка и понуда на девизи со нашиот курс?
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Како мислиш пазарно е креиран нашиот курс?Каде си го прочитал ова?Како мислиш може да се движи нагоре и надоле во Македонија?Каква побарувачка и понуда на девизи со нашиот курс?
Како се остало така и работењето на централните банки во нашиот случај на НБРМ е регулирано со закон. И не само во Македонија туку и во сите земји (сеа незнам во африка но ЕУ, САД , Канада , Австралија и др.) е договорено со посредништво на ММФ валутите слободно односно пазарно да се движат, но со можност да интервенира Националната банка. Е сеа претпоставувам дека знаеш како се дефинира курсот на еврото и доларот кои се *конвертибилни* (порано за конвертибилност се мислеше за заменливи за злато во секој момент, а сега се мисли заменливи за други конвертибилни валути насекаде) овие земји не интервенираат во своите валути (САД, Еу, Австралија, Канада, Јапонија, Швајцарија) ги оставаат слободно да се движат според односот понуда-побарувачка, бидејќи кај нив како глобални сили интервенцијата би довела до многу штети доколку интервенираат во курсот на своите валути (појава на меркантилизам-трговски војни).
Е сега тоа значи дека законски не пишува денарот ке биде толку и толку во однос на еврото!!!!! Тоа што имаме стабилен девизен курс е ПОЛИТИКА како да ти објаснам како ветување дека денарот ќе го држи тоа ниво и така функционира тоа повеќе години и досега се покажа исправно. работата е во тоа што нашата економија со тоа и денарот е посилен во лето во однос на зима. Ако се остави слободно да се креира курсот на денарот тогаш на пример во лето ќе биде 1евро = 40 денари, а зима 1евро= 80 денари е ако вака биде се остава простор за *шпекулации ќе биде предвидено колкав ќе биде курсот во лето а колкав во зима и сите пошо сме паметни ќе купуваме евра во лето а ќе продаваме во зима за да ќариме.а бидејќи неможе сите да ќариме тој пад не еврото во однос на денарот место лето ќе се одложи за понатаму но нема да знаеме кога. Тоа ќе донесе големи флуктации падови и скокови на курот на денарот во однос на еврото и ќе биде потребна корекција на сите цени многу често тоа ќе предизвика проблеми на фирмите што увезуваат или извезуваат ќе треба да ги одкажуваат нарачките, ќе бидат ставени во позиција додека им стигне робата курсот на денарот да се смени и да не знаат што да прават со неа, е затоа е договорено соломонско решение курот на денарот да се израмни и да е стабилен преку целата година!
А зашто нема да девалвира денарот во однос на еврото? Затоа што очекуваат и самото евро да девалвира во однос на другите конвертибилни валути, а ние пошто имаме политика на стабилен девизен курс ако еврото девалвира во однос на другите валути значи сме девалвирале и ние во однос на другите валути.:helou:
 
Ти благодарам за лекцијата од Меѓународни монетарни односи,што е девизен курс и конвертабилност:)
Таму во тие лекции има еден поим депрецирање,прочитај го бидејќи си го измешал со девалвирање.Другиот поим што ти е измешан е „политика“ во овој случај кој го објаснуваш се вика стратегија.Трето причината оти нема да девалвира денарот?Мислиш се очекува да депрецира,а кога еврото ќе депрецира нашиот денар ќе апрецирира,што значи со таков преценет курс,ние нема ни воздух да извезуваме,па поради тоа одлуката за девалвација на денарот ќе се донесе за еден ден.Значи испитот не ви е положен :)

Патем во контекс на очекувањето на девалвацијата оваа статија во последно време ми остави впечаток па да споделам:

Економски јазол

Граѓаните се бомбардирани со економска фразеологија: со државни записи, со банкарски записи, со девалвација, инфлација, апрецијација... Она што е јасно е дека нешто во економијата на големо се случува. Ако во таа сфера на нашето живеење нешто врие, едно е јасно: нешто ќе се случува и во нашите џебови. Вистинското прашање е дали економската политика што се води сега ќе не изведе на правиот пат? Народна банка вели дека нема цена по која нема да го брани денарот. Во услови кога стравот од девалвација психички ги бутка граѓаните секој слободен денар да го заменат во евро, основна економска законитост, што всушност е влијанието на понудата и побарувачката, ја јакне вредноста на еврото бидејќи тоа е побарана валута, а ја слабее на денарот. Тоа се реални чекори кон девалвација. За да не се случи тоа, државата прави аукција на благајнички записи. Овие записи не се ништо друго, туку хартија од вредност со која државата се обврзува парите што ќе ги добие да ги врати со камата. На тој начин државата создава поголема побарувачка на денари и така таа побарувачка го јакне денарот, како баланс на претходната тенденција за јакнење на еврото. Истото тоа го прави и државата. И таа издава хартии од вредност, само со поинакво име, државни записи. Државата исто бара пари на заем од банките, но со друга цел, нема доволно пари во државниот буџет. Во услови на ваква побарувачка, нормално е сите камати да се зголемуваат. Се зголемуваат каматите на државните записи, на благајничките записи, а очекуван е и растот на каматите за кредитите кон граѓаните и стопанството. Креаторите на економските текови сега мора да ни одговорат гласно: Дали е ова вистинскиот лек во услови на криза? Државите од регионот се свртеа кон ММФ. Побараа пари од монетарецот за да го финансираат буџетскиот дефицит. Според нашата Влада, во моментов не ни е потребно такво задолжување, Но, познато е дека долгот кон ММФ не е обичен долг, туку тоа е аранжман кон кој мора да се придржуваме. Знаејќи ја суетноста на нашите функционери, не е чудо дека тие не сакаат некој да им кажува што да прават. Вака си имаат и голем комодитет “ да градат музеи, театри, скулптури, додека новоотпуштените се бројат со десетици илјади. Таква потрошувачка тешко да се дефинира како продуктивна. Навистина ќе се ангажираат домашните компании во градежните работи, но државата прво мора да ја изгради инфраструктурата во оваа држава, како солидна основа за бизнис-клима, па потоа да гради места за културни случувања кои очигледно во услови на беспарица нема кој да ги посети. Помалку или повеќе сето тоа личи на Гордиевиот јазол. Се брани курсот на денарот со скапи заеми од банките и со топење на девизните резерви, не се прави ребаланс на буџетот, што значи не се кратат буџетските расходи поради што државата зема кредит од банките “ и на крај, се очекува стабилна и развојна економија.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Ти благодарам за лекцијата од Меѓународни монетарни односи,што е девизен курс и конвертабилност:)
Таму во тие лекции има еден поим депрецирање,прочитај го бидејќи си го измешал со девалвирање.Другиот поим што ти е измешан е „политика“ во овој случај кој го објаснуваш се вика стратегија.Трето причината оти нема да девалвира денарот?Мислиш се очекува да депрецира,а кога еврото ќе депрецира нашиот денар ќе апрецирира,што значи со таков преценет курс,ние нема ни воздух да извезуваме,па поради тоа одлуката за девалвација на денарот ќе се донесе за еден ден.Значи испитот не ви е положен :)

Чекај малце ја таков предмет до сеа сум немал, и незнам тебе колку ти е јасно дека едно е депрецијација или апрецијација на домашната валута во однос на некоја странска валута, а сосема друго е апрецијација или депрецијација на домашната валурта како поселедица на зголемување на куповната сила платежната моќ. на пример платежната моќ може на краток рок да се зголеми со инфлација не е битно дали е стимулирана од фискалните или монетарните власти тоа предизвукува АПРЕЦИЈАЦИЈА на домашната валута во однос стоките за широка потрошувачка. Е од друга страна пак ако инфлацијатаако не се стави под контрола по некое време ќе предизвика ДЕПРЕЦИЈАЦИЈА на домашната валута кое ќе мора да е проследено со намалување на официјалниот курс- ДЕВАЛВАЦИЈА за да се зачува макроекономската стабилност.а дали е тоа стратегија или политика незнам може да си учела по еден предмет да викаат стратегија по друг политика на стабилен девизен курс тоа не е толку битно

Економски јазол

Граѓаните се бомбардирани со економска фразеологија: со државни записи, со банкарски записи, со девалвација, инфлација, апрецијација... Она што е јасно е дека нешто во економијата на големо се случува. Ако во таа сфера на нашето живеење нешто врие, едно е јасно: нешто ќе се случува и во нашите џебови. Вистинското прашање е дали економската политика што се води сега ќе не изведе на правиот пат? Народна банка вели дека нема цена по која нема да го брани денарот. Во услови кога стравот од девалвација психички ги бутка граѓаните секој слободен денар да го заменат во евро, основна економска законитост, што всушност е влијанието на понудата и побарувачката, ја јакне вредноста на еврото бидејќи тоа е побарана валута, а ја слабее на денарот. Тоа се реални чекори кон девалвација. За да не се случи тоа, државата прави аукција на благајнички записи. Овие записи не се ништо друго, туку хартија од вредност со која државата се обврзува парите што ќе ги добие да ги врати со камата. На тој начин државата создава поголема побарувачка на денари и така таа побарувачка го јакне денарот, како баланс на претходната тенденција за јакнење на еврото. Истото тоа го прави и државата. И таа издава хартии од вредност, само со поинакво име, државни записи. Државата исто бара пари на заем од банките, но со друга цел, нема доволно пари во државниот буџет. Во услови на ваква побарувачка, нормално е сите камати да се зголемуваат. Се зголемуваат каматите на државните записи, на благајничките записи, а очекуван е и растот на каматите за кредитите кон граѓаните и стопанството. Креаторите на економските текови сега мора да ни одговорат гласно: Дали е ова вистинскиот лек во услови на криза? Државите од регионот се свртеа кон ММФ. Побараа пари од монетарецот за да го финансираат буџетскиот дефицит. Според нашата Влада, во моментов не ни е потребно такво задолжување, Но, познато е дека долгот кон ММФ не е обичен долг, туку тоа е аранжман кон кој мора да се придржуваме. Знаејќи ја суетноста на нашите функционери, не е чудо дека тие не сакаат некој да им кажува што да прават. Вака си имаат и голем комодитет “ да градат музеи, театри, скулптури, додека новоотпуштените се бројат со десетици илјади. Таква потрошувачка тешко да се дефинира како продуктивна. Навистина ќе се ангажираат домашните компании во градежните работи, но државата прво мора да ја изгради инфраструктурата во оваа држава, како солидна основа за бизнис-клима, па потоа да гради места за културни случувања кои очигледно во услови на беспарица нема кој да ги посети. Помалку или повеќе сето тоа личи на Гордиевиот јазол. Се брани курсот на денарот со скапи заеми од банките и со топење на девизните резерви, не се прави ребаланс на буџетот, што значи не се кратат буџетските расходи поради што државата зема кредит од банките “ и на крај, се очекува стабилна и развојна економија.
а за ова надолу потполно се согласувам за однесувањето на владата и се остало ама не се согласувам со девалвација . ДЕВАЛВАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА НИКАКО !!!

Чекај малце ја таков предмет до сеа сум немал, и незнам тебе колку ти е јасно дека едно е депрецијација или апрецијација на домашната валута во однос на некоја странска валута, а сосема друго е апрецијација или депрецијација на домашната валурта како поселедица на зголемување на куповната сила платежната моќ. на пример платежната моќ може на краток рок да се зголеми со инфлација не е битно дали е стимулирана од фискалните или монетарните власти тоа предизвукува АПРЕЦИЈАЦИЈА на домашната валута во однос стоките за широка потрошувачка. Е од друга страна пак ако инфлацијатаако не се стави под контрола по некое време ќе предизвика ДЕПРЕЦИЈАЦИЈА на домашната валута кое ќе мора да е проследено со намалување на официјалниот курс- ДЕВАЛВАЦИЈА за да се зачува макроекономската стабилност.а дали е тоа стратегија или политика незнам може да си учела по еден предмет да викаат стратегија по друг политика на стабилен девизен курс тоа не е толку битно
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
а за ова надолу потполно се согласувам за однесувањето на владата и се остало ама не се согласувам со девалвација . ДЕВАЛВАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА НИКАКО !!!
Ама и јас несакам да има,не верувам дека некој сака.Муабетот на темава е за Македонија и реалноста во Македонија чекор до девалвација,а не општо за девалвација и дефинирање:smir:
А вториов дел,мене јасни ми се термините и значењата.Едно е во книга друго е во реалност.Ајде она што си го учел,преточи го во македонската економска слика.Ајде ова што го кажа со куповната моќ претстави го Македонија за да можат оние кои не учеле економски да не разберат:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom