Изразот „христијанска теологија„ е премногу широк поим, оти буквално секоја христијанска деноминација/конфесија, претендира на ексклузивитет на точното толкување на Светото Писмо, иако тоа токлување е точно само во рамките од православната Црква. Светите Оци се тие авторитети кои точно го толкуваат Писмото, поради сложеноста и повеќеслојноста од едноставниот библиски израз.
Што се однесува до случајот со второто Христово доаѓање и двете жени, тоа е начелно објаснување за она кое ќе се случи на Судот: не се во прашање само жените, како човекови битија, туку во прашање е она кое ќе се случи: оние жени (па и мажи) кои веруваат во Христа и се украсиле со добри дела, ќе бидат земени на десната страна Христова, меѓу „овците„, т.е. меѓу спасените, за Рајот, а оние кои животот го поминале во световност, ќе бидат оставени, т.е. поствени лево од Христа, меѓу „козите„., т.е. за пеколот.