Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Радица, Ерасер не рече дека Исус е зачнат од Светиот Дух, ние Светиот Дух не го гледаме како дел од Бога тој туку го гледаме како ангел.
А како ти објаснуваш што Адам немал татко, зарем е и тој Бог ?
Рече дека немал татко, се надевам дека ќе го најдам тој пост.
Адам според Библијата бил направен од прашина,од земја во кој бил вдахнат Дух од Бога. Тој бил првиот човек на Земјата. Откога ги создал сите други животни и растенија, видел дека човекот кој го создал ќе биде осамен, па кога заспал му го извадил едното ребро и така ја создал жената. Во нив вдахнал Дух, неговиот Дух, светиот Дух. Адам не бил роден од жена, бил направен од земја од страна на Бог. Исус е врската на Бога и луѓето на Земјата кој се раѓа од утробата на марија, која била девица. значи не можеш да изразмнуваш Адам и Исус во никој случај.Адам немал ни мајка ни татко кои биле на земјата, него го создал Бог целосно. Тие не се едно исто.
Добро, ќе го преформулирам прашањето:
Дали во куранот постои некој друг човек кој е роден благодарение на некој ангел освен Исус?Можеби Мухаммед?
дали и ти се сложуваш дека Адам бил направен од земја и во него бил вдахнат Духот на Бог или не?
 
Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22

Според Куранот Адем е створен од земја , по воља на Алах и Алах кога нешто прави он го прави толку едноставно само кажува биди и тоа биднува, Да сакал и Иса а.с ќе го створел на Исти начин и Иса а.с не е зачнат од Ангел според куранот него е створен на Исти начин Алах само кажал Биди и Иса а.с е створен тој уште ко Бебе посведочил дека е Божји пратеник, сакам да кажам дека не била потребна сперма. И Алах Иса а.с го дарил со посебни Моќи и сите Пејгамбери ( пратеници ) имале посебни моќи 124000 на Број во Куранот се спомнуваат 25 по име.Мухамед а.с имал Моќ Куранот да го презентира како што му бил објавен без ниту една грешка ниту во една Буква, Сите тие моќи биле со волја на Алах џ.ш Денес сме сведоци дека постојат луѓе со посебни моќи а не се никакви пратеници
 
Да сакал ќе го створел, но очигледно не сакал, зошто тој е син на Марија. Тоа се кажува и во куранот.
јас сум свесна дека и денес има луѓе кои поседуваат некои моќи и знам дека таа сила им ја дал Бог, зошто тоа не е во природата на луѓето. Но, дали постои некој пратеник, пророк или како вие го нарекувате пејгамбер кој воскреснувал мртви според Светите книги(освен Иса)?
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Да сакал ќе го створел, но очигледно не сакал, зошто тој е син на Марија. Тоа се кажува и во куранот.
јас сум свесна дека и денес има луѓе кои поседуваат некои моќи и знам дека таа сила им ја дал Бог, зошто тоа не е во природата на луѓето. Но, дали постои некој пратеник, пророк или како вие го нарекувате пејгамбер кој воскреснувал мртви според Светите книги(освен Иса)?
Освен еден кој не е во "светите книги", нема!
 
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Радица гледам чорбаџија не е тука вечерва, а после него ти ми изгледаш како со повеќе знаење. Затоа сакам да те прашам нешто.
Според вас Бог го љуби секој човек, па ако биде неверник дали сепак го љуби ?
И бидејќи Бог го љуби многу човекот не може да го гледа како се мачи во пеколот, дали ако гледаме така Бог ќе се смилува на сите и сите ќе идеме во Рајот ?
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Освен еден кој не е во "светите книги", нема!
ОК, Исус кој е во Библијата и Иса кој е во Куранот. Свети книги ги нарекувам нив, со почит кон едната која не е моја света книга.
Радица гледам чорбаџија не е тука вечерва, а после него ти ми изгледаш како со повеќе знаење. Затоа сакам да те прашам нешто.
Според вас Бог го љуби секој човек, па ако биде неверник дали сепак го љуби ?
И бидејќи Бог го љуби многу човекот не може да го гледа како се мачи во пеколот, дали ако гледаме така Бог ќе се смилува на сите и сите ќе идеме во Рајот ?
Не, Снегулке Бог не ги љуби неверниците.
Лука: 12:46 господарот на тој слуга ќе дојде во ден, кога не го очекува, и во час, што не го знае, и ќе го расече и ќе ја одреди неговата судбина со неверните.

2 Коринтјани: 4:4 за неверните, на кои богот на овој свет им го заслепил разумот, за да не ги осветли светлината на Евангелието за славата на Христа, Кој е Божји лик.

Откровение: 21:8 А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на вражалците, и на идолопоклониците и на сите лажци, нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.
1 Коринтјани: 6:6 Туку брат се суди со брат, и тоа пред неверници!
14:23 Ако пак целата црква се собере на едно место, и ако сите зборуваат на непознати јазици, и ако влезат неупатени или неверници, нема ли да речат дека сте полуделе?

Бог нема да се смилува на сите, туку само на оние кои се покајат за своите гревови.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
Ме интересира какви ставови има црквата и цела таа банда околу абортус?
Во ситуација каде, пример, 19 годишна е силувана и е зачнат фетус?
Побара помош, исповедување, црква, молење, курци-палци, каков совет ќе добие?
 
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
ОК, Исус кој е во Библијата и Иса кој е во Куранот. Свети книги ги нарекувам нив, со почит кон едната која не е моја света книга.

Не, Снегулке Бог не ги љуби неверниците.
Лука: 12:46 господарот на тој слуга ќе дојде во ден, кога не го очекува, и во час, што не го знае, и ќе го расече и ќе ја одреди неговата судбина со неверните.

2 Коринтјани: 4:4 за неверните, на кои богот на овој свет им го заслепил разумот, за да не ги осветли светлината на Евангелието за славата на Христа, Кој е Божји лик.

Откровение: 21:8 А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на вражалците, и на идолопоклониците и на сите лажци, нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.
1 Коринтјани: 6:6 Туку брат се суди со брат, и тоа пред неверници!
14:23 Ако пак целата црква се собере на едно место, и ако сите зборуваат на непознати јазици, и ако влезат неупатени или неверници, нема ли да речат дека сте полуделе?

Бог нема да се смилува на сите, туку само на оние кои се покајат за своите гревови.

Фала. А како тогаш Исус кога се жртвуваше ги зема нашите гревови ? Нели за тоа се жртвуваше? Па нели со тоа не спасил сите?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Радица гледам чорбаџија не е тука вечерва, а после него ти ми изгледаш како со повеќе знаење. Затоа сакам да те прашам нешто.
Според вас Бог го љуби секој човек, па ако биде неверник дали сепак го љуби ?
И бидејќи Бог го љуби многу човекот не може да го гледа како се мачи во пеколот, дали ако гледаме така Бог ќе се смилува на сите и сите ќе идеме во Рајот ?
Тука сум :) Да, Бог ги љуби сите луѓе, и верните и неверните.
Во христијанството Бог е љубов и милост, но Бог е и свет (одвоен од гревот) и праведен (не прогледува низ прсти и ја извршува правдата).
Бог му рекол на човекот: казната за гревот и смрт и Тој си останува доследен на Неговиот Збор. Човекот згреши и затоа заслужува смрт. Но Бог, заради Својата огромна љубов кон човекот, нашол начин како да обезбеди можност за спасување на човекот, без притоа да ја наруши Својата Сопствена правда и праведност. Тоа го направи преку Божјиот Син - Исус Христос. Божјиот Син се отелотвори во човекот Исус Христос и се жртвуваше за гревовите на човештвото. Тој е нашиот Курбан чија крв се пролеа за нашите гревови. Тој ја зеде нашата неправедност на себе и ја плати казната што ја бараше божјата правда, а нам ни ја подари Неговата праведност и со тоа не помири со Бог и не ослодоби од осудата на гревовите.

Бог сака сите да се спасат, но Тој не може да одлучи за луѓето, затоа што ги има создадено со слободна воља. Оние што ќе останат докрај бунтовни и нема да го земат ова бесплатно спасение, нема да имаат удел во Божјата милост, туку само во Божјата правда - а таа вели: смрт за гревот и непокајаните грешници.
На човек можеш насилно да му земеш, но не можеш насилно да му дадеш. Божјата спасителна рака е испружена кон нас, но на нас останува дали ќе се фатиме за таа рака или не.
 
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Благодарам чорбаџијо. Кога ќе ми одговориш не можам да ти најдам контадикции, многу добро објаснуваш.

Од која возраст почнуваат да ни се бележат гревовите ?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Чорбаџија ..
ако е така ... Бог ги љуби сите и верници и неверници ...
зошто тогаш упосрно си ги „мерите“ со муслиманските верници на форумов па и навредувате неверници ?
Зошто едноставно не си ги почитувате верите ?
а пред се не се почитувате помеѓу себе како Луѓе (кои нели и според вас и според нив ги створил Бог кој сите ги љуби?)
и според вас и според нив Бог е тој кој суди ... зошто (пак ќе речам) упорно си ги „мерите“ кој е поправ и се осудувате меѓу себе кога не е тоа ваша работа?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не, Снегулке Бог не ги љуби неверниците.
Бог ги љуби верниците.

"А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните."
(Исус Христос ев. Матеј 5:44-45, Библијата)

Бог не би заповедал од нас нешто што не можеме да го исполниме.
Тоа значи дека ние можеме да ги љубиме и непријателите.
Под "непријателите" сигурно влегуваат и неверниците.
Значи Бог ни заповеда да ги љубиме и неверниците.
Ако ние ги љубиме неверниците, тогаш и Бог ги љуби, затоа што ние не би можеле да имаме поголема и поширока љубов од Бог.
А од стихот се гледа дека бог прави Неговото сонце да изгрева и над злите и неправедните - тоа е доказ дека Неговата љубов е непристрасна и безусловна. Токму таква е АГАПЕ, божествената љубов.
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Фала. А како тогаш Исус кога се жртвуваше ги зема нашите гревови ? Нели за тоа се жртвуваше? Па нели со тоа не спасил сите?
"Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!” "
(Галатјаните 3:13)
Марко: 10:45 зашто и Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина!”

Ефесјани: 1:7 во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат,
Евреите: 9:12 влезе еднаш засекогаш во Светината над светините, и тоа не со крвта на јарци и јунци, туку преку Својата крв, и ни прибави вечен откуп.
9:15 Затоа Тој е Посредник на Новиот завет: за повиканите да го примат ветувањето за вечното наследство, откако смртта зеде место за откуп на престапите направени во првиот завет.

Последната реченица кажува дека дојде да не откупи за гревовите на човештвото, односно гревовите на Адам и Ева. Тие го направиле првиот грев. Затоа не добиле вечен живот. исус дојде на Земјата за да го донесе тој вечен живот кој требало да биде уште на почетокот.

1 Јованово:
5:13 Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син.
5:20 Исто така, знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разум, за да Го познаеме Вистинскиот. И ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и вечен живот.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Од која возраст почнуваат да ни се бележат гревовите ?
Не постои фиксна возраст. Кај сите деца е различно, зависно од брзината на созревањето и моментот кога совеста почнува да работи. Во оној момент кога на детето ќе му проработи совеста и ќе почне да разликува добро од зло, тогаш почнуваат да му се "бележат" гревовите.

Доколку некое дете, на пример, смета дека е добро и праведно да краде од богатите и да им дава на сиромасите, тоа со своето крадење ќе прави грев, но нема да има осуда за својот грев - затоа што го прави тоа од незнаење, ненамерно. Но доколку некој му објасни дека тоа не е добро и дека не треба ние да се ставаме во улога на судија и на таков неправеден начин да спроведуваме некаква си своеглава правда, и ако детето продолжи да го прави тоа иако знае дека тоа не е добро, од тој момент тоа е под осуда на тој грев.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Фала. А како тогаш Исус кога се жртвуваше ги зема нашите гревови ? Нели за тоа се жртвуваше? Па нели со тоа не спасил сите?
Христос се жртвуваше за сите, но ќе се спасат само тие кои ќе ја прифатат и присвојат таа жртва за себе. Како што кажав, Бог не го наметнува Своето спасение. Ние имаме слободна воља да го земеме и слободна воља да го добиеме. Слободната воља подразбира и лична одговорност.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom